четврток, 18 декември 2014 Вести денес: 14

Македонските куглари во полуфинале на Светското Првенство!

Фантастичен успех постигна Македонската кугларска репрезентација која обезбеди пласман во полуфиналето на Светското првенство во Залаегершег, Унгарија. Во четвртфиналниот меч Македонија ја совлада ,Австрија со 6:2 .

Победите за Македонија ги обезбедија Фучкар, Влакевски, Соколовски, Бенедик, Штоклас и Трпковски, кои ќе се обидат да направaт уште една сензација во полуфиналето. Самиот пласман меѓу четирите најдобри на планетата, е досега најголемиот успех на нашиот национален кугларски тим.

Покрај нашата селекција, патници во полуфиналето се и домаќинот Унгарија и селекцијата на Романија, додека последниот полуфиналист ќе го даде последното четвртфинале меѓу Србија и Словенија,а победникот од овој дуел ќе биде следниот наш противник.

Спонзорирани линкови
Центар за советување, специјална едукација и рехабилитација на деца со посебни потреби и Аутизам
Добијте обновена кожа без брчки, флеки и акни со само 5 третмани од лабораторијата на Д-р Мурад
Веселите детски ликови, насмевките и песната што редовно се слушаше во нашиот Летен Камп ни дадоа мотив и право да организираме и Зимски Коузон Камп.
Учиме на вредности. Толкуваме вредности. Креираме вредности. Стекнете вештини, стекнете моќ.