Shqip English среда, 24 септември 2014 Вести денес: 16

Груевски: Вработувањето на 1.600 лица во “Македонски шуми” при крај

Премиерот Никола Груевски очекува за две недели да заврши процесот на проверка на кандидатите кои се пријавија на огласот за 1.600 вработувања во администрацијата од ранливи категории, а потоа транспарентно ќе биде објавена листата на примени кандидати.

- На овој проект непрекинато се работи. Моментно сме во последната фаза, а тоа е проверка на податоците која се врши на два начина. Едниот е институционално, што значи проверка дали податоците пријавени од страна на апликантите, односно на баратели на одредено работно место се точни и втората проверка е преку директна посета на тимови на социјалните установи во семејствата каде што живее тој што поднесува барање за да може на лице место да се проверат работите во однос на пријавите, бидејќи овој конкурс беше со посебни критериуми, изјави премиерот Груевски одговарајќи на новинарски прашања по присуството на потпишување договор меѓу Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и Универзитетот за финансии и економија во Ченгду за основање Институт „Конфуциј“.

Тој истакна дека оваа фаза очекува да заврши за две недели и потоа директно по средувањето на сите податоци и нивно внесување во софтверот да се објави листата на оние кои ќе бидат примени.

Конкурост беше објавен на 22 мај годинава кој се однесуваше на вработување 1.600 лица во Јавното претпријатие „Македонски шуми“. Огласот се однесуваше на долгорочно невработени лица со над 10 години, лица од многудетни семејства, самохрани родители и еднородителски семејства, невработени лица од семејства каде нема ниту еден вработен. На огласот беа пријавени над 20.000 лица. 

Спонзорирани линкови

Спонзорирани линкови
Центар за советување, специјална едукација и рехабилитација на деца со посебни потреби и Аутизам
Добијте обновена кожа без брчки, флеки и акни со само 5 третмани од лабораторијата на Д-р Мурад
Коузон Студентски сервис одлучи да ги изненади НАЈБРЗИТЕ и НАЈРЕШИТЕЛНИТЕ апликанти , кои ќе се појaват во некоја од нашите канцеалрии и ќе аплицираат за W&T 2014 .
Учиме на вредности. Толкуваме вредности. Креираме вредности. Стекнете вештини, стекнете моќ.