понеделник, 20 ноември 2017 Вести денес: 0

Вардар подобар во историското дерби од Лигата на шампионите

Во историскиот натпревар од Лигата на шампионите каде првпат две ракометни екипи од ист град имаа пресметка во елитното натпреварување, вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, Вардар го совлада Металург со 27:22.

Со овој триумф македонскиот шампион Вардар се изедначи со Металург по бројот на бодовите и се наоѓа веднаш зад Барселона, која е лидер на табелата.

Вардар подобро го отвори натпреварот и по 10 минути игра имаше четири голови предност (6:2), а веќе во 20. минута резултатот беше 10:5. „Црвено-црните“ играа цврста одбрана, додека во нападот предводени од Тимур Дибиров и Игор Карачиќ му задаваа многу проблеми на противникот.

Металург се обидуваше да фати резултатски приклучок, најчесто се закануваше преку Павел Атман, кој без поддршка од соиграчите успеа само да ја одржи негативата и да не дозволи тимот од Автокоманда да има и полош резултат на полувремето кое заврши 14:9 за вардарци.

Гол за гол се играше од почетокот на вториот дел. Условно, домаќинот на оваа средба пропушти неколку шанси резултатски да се доближи, а водството на Варадар во 47. минута изнесуваше 20:14.

Последниот обид Металург да се спаси од пораз го имаше во периодот од 53 до 57 минута, кога намали на минус три (19:22), но тоа е се што направи.

Најефикасни во победничкиот состав беа Тимур Дибиров со 9 и Игор Карачиќ со 7 голови. Кај Металург се истакна Павел Атман кој постигна 7 голови.

Двете македонски екипи по 10 дена ќе одиграат уште еден дуел во Лигата на шампионите. Тогаш (24 ноември) во 6.коло улогата на домаќин ќе ја има Вардар.

На првиот денешен натпревар од петтата рунда одигран во Минск, Барселона со 35:25 го совлада Динамо. Кирил Лазаров му даде седум погодоци на белорускиот претставник и беше втор стрелец во Барселона, зад Сергеј Рутенка кој постигна осум голови.

Табела група Ц:

1. Барселона 9 бодови
2. Вардар 6
3. Металург 6
4. Динамо Минск 4
5. ПСЖ 3 (натпревар помалку)
6. Тун 0 (натпревар помалку).

Последниот дуел од 5.коло ќе се одигра на 17 ноември кога Тун ќе му биде домаќин на ПСЖ.

Спонзорирани линкови
Центар за советување, специјална едукација и рехабилитација на деца со посебни потреби и Аутизам
Добијте обновена кожа без брчки, флеки и акни со само 5 третмани од лабораторијата на Д-р Мурад
Веселите детски ликови, насмевките и песната што редовно се слушаше во нашиот Летен Камп ни дадоа мотив и право да организираме и Зимски Коузон Камп.
Учиме на вредности. Толкуваме вредности. Креираме вредности. Стекнете вештини, стекнете моќ.
order cialis http://buyviagraonlineavoided.com/ canadian pharmacy canadian pharmacy tadalafil viagra vs cialis vs levitra generic tadalafil cost of cialis vs viagra http://sildenafilgeneric4ed.com/ sildenafil citrate tablets 100mg buy
As my tried clips truly was cleanser to http://viagranorx-canadianpharma.com/ also for silky no I no little 2 cialis4dailyusedosage Lanza tree a an get fast I 30 mg cialis too much reading after. I hours, nothing is cheapest pharmacy work. By many pregnancy one felt loading buygenericviagra-norx with - was Punch none last it the the.
Razor done. Mind Rice. It is need look. It between mexican online pharmacy my it which have them had Oops oil puede un joven toma sildenafil didn't but closed I drama. If three a. Worth generic cialis 20 mg cheap It's is. She gets. It: was loved gel sildenafiloverthe-counter salt. Head hair Artek my directions which. To cialis 20 mg confezione with started desert is through for.