сабота, 20 декември 2014 Вести денес: 27

Македонската Комора на проценувачи примена во Европската асоцијација

Комората на проценувачи на Република Македонија стана членка на оваа Европска група на Асоцијации на проценувачи. Примена е, како што соопшти, под уставното име на државата – Република Македонија.

Со членството, Комората на проценувачи е обврзана да ги имплементира меѓународните стандарди за процена во Република Македонија.

Проценителите во Македонија кои сакаат да го валоризираат квалитетот на своите услуги, ќе имаат можност преку Комората да добијат РЕВ сертификат, „Признат европски проценувач“. За добивање ваков сертификат, потребно е да се завршат едукативни обуки за проценка, креирани врз основа на минималните барања на ТЕГоВА.

ТЕГоВА е Европска група на асоцијации на проценувачи, европска непрофитна асоцијација составена од 57 асоцијации на проценувачи од 31 земји која застапува 70.000 проценувачи од Европа.

Спонзорирани линкови
Центар за советување, специјална едукација и рехабилитација на деца со посебни потреби и Аутизам
Добијте обновена кожа без брчки, флеки и акни со само 5 третмани од лабораторијата на Д-р Мурад
Веселите детски ликови, насмевките и песната што редовно се слушаше во нашиот Летен Камп ни дадоа мотив и право да организираме и Зимски Коузон Камп.
Учиме на вредности. Толкуваме вредности. Креираме вредности. Стекнете вештини, стекнете моќ.