Shqip English среда, 30 јули 2014 Вести денес: 111

Листа на сите добитници на награди во “Фискална во рака, награди без мака”

Добитник на станот од наградната игра Фискална во рака, награда без мака е Трајко Кузмановски од Куманово.

Добитник на деловен простор е Димитар Миладинов од Струга, а добитник на автомобилот Пежо 207 е Панде Мановски од битолско Буково.

fiskalna bez maka 3

Добитници на вредносни ваучери од по 4.000 денари за прехрамбени производи се Филип Димевски и Милан Савов.

Добитници на вредносни ваучери за велосипеди и велосипедска опрема се: Љубомир Стефановиќ (10.000 денари), Светлана Топузоски (15.000 ден.) и Верица Трајковска Спасовска (20.000 денари).

fiskalna bez maka 4

Добитници на вредносни ваучери за компјутери и компјутерска опрема се: Валентин Нестороски (15.000 денари) Елена Нестороска (20.000 денари) и Раде Попунчевски (30.000 денари), Даниела Николовска (40.000 денари) и Неџит Ибраим (60.000 денари).

fiskalna bez maka 5

Добитници на ваучери за купување на мобилни телефони, дигитални фотоапарати и опрема се: Даница Каламаткоска (5.000 денари), Весна Синадиновска (10.000 денари), Софија Филиповска (15.000 денари), Слаѓана Станковиќ (20.000 денари) и Билјана Додевска (30.000 денари).

Добитници на ваучери за бела техника и мали кујнски апарати се: Оливера Волчевска (3.000 денари), Миле Бошковски (5.000 денари), Осман Муаремовски (10.000 денари), Ивана Вангеловска (15.000 денари), Васе Спасенов (25.000 денари), Марина Зафировска (30.000 денари), Антонио Саздов (60.000 денари).

Добитници на вредносни ваучери за аудио/видео техника се: Андреј Темелковски (10.000 денари), Кибарие Јашарова (20.000 денари), Душко Костадинов (15.000 денари), Горан (30.000 денари), Златко Јовчевски (45.000 денари) и Драги Пецевски (60.000 денари).

Во наградата игра вечерва беа извлечени и 120 добитници на вредносни ваучери за прехрамбени производи во вредност од 1.000 денари.

fiskalna bez stavreski

Во вечерашното шоу на МТВ наградите ги извлекоа голем број актери и  пејачи меѓу кои Новица Василевски и Татјана Лазаревска, Весна Бејби Петрушевска, Кристина Арнаудова, Владо Јовановски, Мартин и Стефан од Некстајм, Марјана Станојковска и Викса, Миле Кузмановски, Јелена Жугиќ, Ибуш Ибраимовски,а на крајот гостин беше министерот за финансии Зоран Ставрески.

Секоја фискална сметка, нагласи вицепремиерот Зоран Ставрески, значи можност да се изградат повеќе училишта, болници, патишта, да се зголемат пензиите, да има повеќе пари за земјоделците и за се друго што се финансира од буџетот.

- Секој граѓанин треба да го знае тоа дека со барањето фискална сметка има можност да поддржи изградба на некој објект или за подобар живот за граѓаните во Република Македонија, нагласи Ставрески.

Тој смета оти на ваков начин и децата и повозрасните стануваат посвесни дека  фискалната дисциплина се нивно право, а на тој начин можеме да ја поддржиме изградбата на државата.

- Ќе донесеме малку среќа во 150 – тина семејства, а очекувам дека и сите други понатаму ќе имаат можност да бидат дел од следните извлекувања и да добијат некоја вредна награда, рече вицепремиерот Ставрески и додаде оти со ова постапено се создаде култура на барање фискална сметка и на страна на трговците и на страна на граѓаните да се подигне свеста дека тоа е вообиаен начин да се исполнат обврските и да се помогне развојот на локалната средина и на државатта.

Според Ставрески биле надминати очекувањата на Министерството за финансии, а тоа покажува, подвлече, дека граѓаните ги мотивиравме, а тие чувствуваат дека прават нешто општествено корисно.

Во наградната игра, која почна на 1.декември, учествуваа сите коверти кои утрово се подигнаа од пошта и од пункотовите поставени на Градскиот плоштад Македонија и зградата на МРТ.

Беа доделени 152 награди и тоа ваучери за прехранбени продукти, за велосипеди и велосипедска опрема, за компјутери и компјутерска опрема, ваучери за мобилни телефони, дигитални фотоапарати и опрема, за бела техника и мали кунски апарати, аудио и виидео опрема…

Бројката од над 800.000 коверти зборува за широката прифатеност на наградната игра што се должи пред се на богатиот и атрактивен награден фонд, но секако и на поддршката од медиумите и широката јавност. Целокупниот фонд на награди покрај бројните вредносни ваучери содржи автомобили, три станови и три дуќани.

Во текот на наградната игра која заради големиот интерес наместо девет ќе има вкупно 13 извлекувања, секој месец по едно, ќе може да се учествува со фискални сметки кои носат најран датум од 15.11. 2013 година.

Второто извлекување кое ќе се изврши на 27.01.2014 година во кое ќе учествуваат ковертите, пристигнати до приредувачот во периодот од 30.12.2013 година до 26.01.2014 година до 24:00 часот.

Во второто извлекување ќе се извлекуваат добитници на бројни вредносни ваучери и еден автомобил, како и во третото, четвртото, петото и шестото, а сите неизвлечени коверти од овие извлекувањата ќе учествуваат во седмото извлекување кое ќе се реализира на 30.јуни 2014-та кога покрај вредносни ваучери и автомобил ќе се извлекуваат и еден стан и еден дуќан.

Сите вечерашни добитници ќе бидат објавени во весниите Дневник на Вест на 2 јануари 2014, во Коха и Вечер на 3 јануари, а ваучерите ќе можат да се подигнат во просториите на Државна Лотарија на Македонија.

Спонзорирани линкови
Центар за советување, специјална едукација и рехабилитација на деца со посебни потреби и Аутизам
Добијте обновена кожа без брчки, флеки и акни со само 5 третмани од лабораторијата на Д-р Мурад
Коузон Студентски сервис одлучи да ги изненади НАЈБРЗИТЕ и НАЈРЕШИТЕЛНИТЕ апликанти , кои ќе се појaват во некоја од нашите канцеалрии и ќе аплицираат за W&T 2014 .
Учиме на вредности. Толкуваме вредности. Креираме вредности. Стекнете вештини, стекнете моќ.