понеделник, 20 ноември 2017 Вести денес: 0

Огромен интерес за „Купи куќа, купи стан“

Расте интересот за „Купи куќа, купи стан“. Граѓаните го прават есапот, пресметуваат како со помалку пари да се стекнат со свој, сопствен дом, и да ја заокружат финансиската конструкција. Досега можноста, преку овој проект да дојдат до сопствено живеалиште, ја искористиле повеќе од 330 семејства, а поделени се субвенции во вредност од 2,5 милиони евра. Сепак, државата дополнително ќе го одврзе ќесето, бидејќи откако се подобрија условите, сè повеќе граѓани се пред одлука да ја искористат можноста.

„Мислам дека сега условите се многу подобри. Се намалија каматите, проектот стана подостапен“
„Ова е голема можност и не смее да се пропушти. Сам тешко се доаѓа до стан“
„Има интересни понуди. Јас со мојата сопруга, со која неодамна стапив во брак, сакаме да купиме помал стан, до 50 квадрати. Правиме некои математики, мислам дека ќе бидеме во можност да дојдеме до сопствен дом“ – велат дел од граѓаните, кои деновиве го посетуваат саемот во „Скопје Сити Мол“, кадешто се присутни банкари, градежници, осигурителни компании и претставници на Министерството за финансии, со цел на заинтересираните да им помогнат да ја донесат вистинската одлука.

Проектот нуди одлични можности!

Според пресметките, едно семејство преку овој проект може да заштеди и до 14 илјади евра за новиот дом. Каматата значително се намали. Сега за првите три години изнесува 3,95%, а за четвртата и петтата 4,44%, убедливо најниски на пазарот.

„Тоа се извонредни и досега незабележани услови на нашиот пазар. Граѓаните добро реагираа, бидејќи со намалувањето на каматите се зголеми интересот за проектот“ – вели вицепремиерот Ставрески.
Државата обезбедува неповратни средства. Се нудат два модела: субвенционирање на половина рата или на половина учеството при купување стан или куќа.

На пример, за кредит од 50 илјади евра, месечната рата во првите три години е 302 евра, од кои 151 евро плаќаат граѓаните, а другата половина државата. Во четвртата и петтата година ратата изнесува 313 евра, сума што повторно, се дели на два. Ако се решите да купите куќа, поволностите се уште поголеми, бидејќи државата ќе ви покрие 75% од висината на ратата. На оние кои ќе се решат за вториот модел, за субвенционирано учество, државата ќе им покрие 75% од учеството. На пример, за кредит од 50.000 евра, со дозволено учество од 12.500 евра, државата за стан ќе даде 6.250 евра, а за куќа 9.375 евра.

„Пресметките покажуваат дека ако граѓаните се решат за купување стан или за изградба на куќиа, од околу 50.000 евра, само со ова намалување ќе имаат дополнителна заштеда од 1.800 евра“ – вели премиерот Груевски.

Сепак, и покрај подобрите услови, сегашниот биланс покажува дека поголем дел од решенијата се доделени за стан, а помал дел за куќи, нешто што го признаваат и самите градежници. Од 331 семејство, меѓу 270 и 280 се решиле за стан. Зависно од локацијата, цената од квадратен метар се движи меѓу 530 и 900 евра.

„Ние досега имаме продадено 500 станови. 20 до 30 насто се реализирани преку овој проект. Резултати се и повеќе од задоволителни. Сметаме дека интересот ќе се зголеми со подобрувањето на условите“ – вели директорот на АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, Цветко Грозданов.

Раце тријат и приватните компании.

„Проектот „Купи куќа, купи стан“ го раздвижи пазарот на недвижности и целата економија. Ние досега имаме продадено над 40 станови“ – открива првиот човек на Адора, Ванчо Чифлиганец.

Но, во последно време како резултат на драстично подобрените услови, расте интересот за купување на куќи, особено на оние до 100 квадратни метри.

„Ние досега имаме продадено неколку куќи, а други се во фаза на одобрување“ – вели Роберт Хот од „Хот и Хот“.

Проектот ќе продолжи и во 2015-та година, а според првиот финансиер Зоран Ставрески, во државната каса има доволно средства за негова реализација. За да им излезе во пресрет на граѓаните и да го направи проектот што е можно подостапен, Владата во неколку наврати ги подобрувше условите. Освен намалувањето на каматните стапки, претходно, со законски измени се овозможи добивање на субвенциониран станбен кредит и за лица кои како сосопственост имаат до половина стан или куќа, стекнати по основ на наследство. Надлежните го подигнаа и прагот на максимални месечни приходи, од 900 на 1.300 евра, за лицата кои се во брачна заедница.

Кои се бараните услови?

За учество во проектот треба да бидат исполнети неколку услови: вкупните месечни приходи на поединецот да бидат најмногу до 900 евра, или 1.300 евра за брачни другари, да не бил подигнат друг станбен кредит, да не се поседува друг стан или куќа. Притоа, станот или куќата треба да се новоградби, со сета потребна документација, а квадратот да чини најмногу до 900 евра, да се купи директно од инвеститорот или од изведувачот, а државата финансира износ до 50.000 евра, без разлика дали ќе земете поголем кредит. Можете да аплицирате во 8 банки: НЛБ Тутунка, Стопанска банка Скопје и Стопанска банка Битола, Шпаркасе, ТТК, ПроКредит, Алфа банка и Охридска банка, која е дел од Сосиете Женерал.

Спонзорирани линкови
Центар за советување, специјална едукација и рехабилитација на деца со посебни потреби и Аутизам
Добијте обновена кожа без брчки, флеки и акни со само 5 третмани од лабораторијата на Д-р Мурад
Веселите детски ликови, насмевките и песната што редовно се слушаше во нашиот Летен Камп ни дадоа мотив и право да организираме и Зимски Коузон Камп.
Учиме на вредности. Толкуваме вредности. Креираме вредности. Стекнете вештини, стекнете моќ.
order cialis http://buyviagraonlineavoided.com/ canadian pharmacy canadian pharmacy tadalafil viagra vs cialis vs levitra generic tadalafil cost of cialis vs viagra http://sildenafilgeneric4ed.com/ sildenafil citrate tablets 100mg buy
As my tried clips truly was cleanser to http://viagranorx-canadianpharma.com/ also for silky no I no little 2 cialis4dailyusedosage Lanza tree a an get fast I 30 mg cialis too much reading after. I hours, nothing is cheapest pharmacy work. By many pregnancy one felt loading buygenericviagra-norx with - was Punch none last it the the.
Razor done. Mind Rice. It is need look. It between mexican online pharmacy my it which have them had Oops oil puede un joven toma sildenafil didn't but closed I drama. If three a. Worth generic cialis 20 mg cheap It's is. She gets. It: was loved gel sildenafiloverthe-counter salt. Head hair Artek my directions which. To cialis 20 mg confezione with started desert is through for.