петок, 24 ноември 2017 Вести денес: 0

Пријателите на Македонија во ЕУ со порака од Брисел: Местото на опозицијата е во парламентот

Политичката борба, размената на мислења и натпреварот на политички идеи се води во демократските институции на една држава, а не надвор од нив. Местото на опозицијата е во парламентот.

Ова е заедничката порака на пријателите на Македонија во Европската унија, при нивната средба синоќа во Европскиот парламент во Брисел.

Како што јавува дописникот на МИА од европската престолнина, во организација на ко-претседавачот на Заедничкиот парламентарен комитет на Европарламентот и македонското Собрание, Алојз Петерле и на министерот за надворешни рбаоти на Република Македонија, Никола Попоски, европската политичка елита одржа средба за поддршка на македонските аспирации за влез во Европската унија.

На овој настан беа присутни европратениците Алојз Петерле, Иво Вајлг, Милан Звер, Јозо Радош, Тонино Пицула, Маријана Петир, Давор Иво Штиер, Андреј Пленковиќ, Едвард Кукан, Ричард Ховит, Чарлс Тенок, високи претставници на Европскиот совет и на Европската комисија, предводени од раководителот на одделението за Македонија при Генералниот директорат за проширување, Дејвид Кулен и многу други. Притоа, сите едногласно ја испратија пораката дека шокира податокот што во Македонија, но и во некои други балкански земји, опозицијата се одлучува да го бојкотира парламентот, како законодавна институција, а со тоа и да ги игнорира гласовите на луѓето кои не се согласуваат со политиките на власта.

– Апсолутно, местото на опозицијата е во Собранието. Таму е мегданот за политичка борба, а не улицата, посочи хрватскиот европратеник од редовите на социјалдемократите, Тонино Пицула, додавајќи дека тоа е став и на групата на Социјалистите и демократите во Европарламентот, што пред Комитетот за надворешни работи (АФЕТ) го застапува и Ричард Ховит.

Во исто време, новиот ко-претседавач на Заедничкиот парламентарен комитет Петерле, објави дека по година и пол, за две недели во Стразбур ќе се сретнат претставниците на Европарламентот и на македонското Собрание, на кој, истакна, очекува да бидат присутни и претставниците на македонската опозиција во законодавниот дом.

– Имаме нов Европски парламент, нова Европска комисија со нов претседател, нова Висока претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ и нов челник на Европскиот совет. Затоа, убеден сум дека сите ние го делиме убедувањето дека кандидатските земји од Западниот Балкан треба да напредуваат на својот европски пат. Исто така, важно е парламентарната димензија во пристапниот процес, па токму затоа, со задоволство објавувам дека по една и пол година, Заедничкиот парламентарен комитет на Европарламентот и македонското Собрание, повторно ќе се состанат за две недели во Стразбур. Посакувам еден отворен и конструктивен дијалог во целосен состав на Заедничкиот комитет, кој ќе придонесе за позитивен развој во целосната комплицирана и комплексна ситуација, порача европратеникот Петерле.

Истакнувајќи дека е долг македонскиот пат кон ЕУ, министерот Попоски нагласи оти тој пат се уште е релевантен, многу важен и највисока точка на нашата агенда – да влеземе во Унијата. Тој рече дека му е задоволство што по последните европски избори, европската политичка елита и македонските претставници се собрале заедно и разговарале за тоа како да се искористат следните пет години на најефикасен начин и како да се подобрат перформансите на земјата, со цел да се убедат што повеќе луѓе, не само да разговараат и да пијат македонско вино заедно во Брисел, туку и да овозможат Македонците да партиципираат на состаноците на Европскиот совет како земја-членка.

– Се надевам наскоро отколку подоцна, па затоа во тој контекст, му се заблагодарувам на Ричард Ховит за неговиот придонес во минатиот период на изготвување на Резолуции за Македонија, што беше предизвикувачко остварување. Но, тоа не треба да биде обесхрабрувачки за Иво Вајлг, кој го поздравувам во неговата нова улога како известувач за нашата земја во ЕП. Среќни сме што имаме многу искусни луѓе од различни политички групи во Македонија и за земјите во регионот, што ме уверува дека при подготовките на Резолуциите и состаноците на Заедничките парламентарни комитети, ќе биде возбудувачко искуство. Би сакал наскоро да ве видам во Македонија и ви благодарам за поддршката што ни ја давате, па се надевам дека ќе ја исполниме нашата заедничка цел, а тоа е да ја видиме Република Македонија во Европската унија, порача македонскиот шеф на дипломатијата.

Министерот Попоски денеска најпрво ќе учествува на дебата за иднината на проширувањето на ЕУ и на земјите од Западен Балкан, во организација на фондацијата Ханс Зејдел Штифтунг, а попладнево ќе има средба со новиот еврокомесар за преговори за проширување, Јоханес Хан.

Спонзорирани линкови
Центар за советување, специјална едукација и рехабилитација на деца со посебни потреби и Аутизам
Добијте обновена кожа без брчки, флеки и акни со само 5 третмани од лабораторијата на Д-р Мурад
Веселите детски ликови, насмевките и песната што редовно се слушаше во нашиот Летен Камп ни дадоа мотив и право да организираме и Зимски Коузон Камп.
Учиме на вредности. Толкуваме вредности. Креираме вредности. Стекнете вештини, стекнете моќ.
order cialis http://buyviagraonlineavoided.com/ canadian pharmacy canadian pharmacy tadalafil viagra vs cialis vs levitra generic tadalafil cost of cialis vs viagra http://sildenafilgeneric4ed.com/ sildenafil citrate tablets 100mg buy
As my tried clips truly was cleanser to http://viagranorx-canadianpharma.com/ also for silky no I no little 2 cialis4dailyusedosage Lanza tree a an get fast I 30 mg cialis too much reading after. I hours, nothing is cheapest pharmacy work. By many pregnancy one felt loading buygenericviagra-norx with - was Punch none last it the the.
Razor done. Mind Rice. It is need look. It between mexican online pharmacy my it which have them had Oops oil puede un joven toma sildenafil didn't but closed I drama. If three a. Worth generic cialis 20 mg cheap It's is. She gets. It: was loved gel sildenafiloverthe-counter salt. Head hair Artek my directions which. To cialis 20 mg confezione with started desert is through for.