сабота, 25 ноември 2017 Вести денес: 0

„Македонска приказна” на Театарот за деца и младинци во Прага

Македонскиот театар за деца и младинци, утре, со претставата ,,Македонска приказна”, ќе настапи во театарот Редута, во Прага, јави дописникот на МИА од чешкиот главен град.

Гостувањето на ансамблот на Театарот, кое е овозможено со поддршка на Македонската амбасада во Чешка, е дел од Македонските денови на културата што Министерството за култура на РМ, од почетокот на годинава ги организира во Прага, по повод одбележување 20-годишнина од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Македонија и Чешка.

– Театарот за деца и младинци – Скопје претходно гостувал во Прага, со претставата ,,Зрното грашок и принцезата”, во далечната 1998 година и многу сум среќен и возбуден што по 16 години повторно ќе бидеме гости во чешката престолнина, изјави за МИА директорот Драган Довлев.

Довлев додаде дека претставата ,, Македонска приказна” не само што е една од најпознатите и убедливо најнаградуваната претстава, туку таа по содржина е вистинска лична карта на македонската култура, фолклор и обичаи.

– Сигурен сум дека оваа претстава ќе биде вистинско уживање за чешките деца, бидејќи нема текст, кој би претставувал јазична бариера, вели Довлев за дејствието во кое актерите, преку илустрација со стари македонски ора и песни, како и предмети од секојдневниот селски живот создаваат разни форми на животни и луѓе, кои ја поттикнуваат детската имагинација и фантазија.

Учеството на искусната актерска екипа која ја сочинуваат Тања П. Кочовска, Ана Левајковиќ-Бошков, Катарина Илиевска-Силјановска, Владимир Лазовски и Предраг Павловски гарантира создавање и препознавање на форми и игри интересни не само за децата туку и за возрасните.

-,,Македонска приказна” е последно меѓународно претставување на Театарот за деца и младинци за 2014 година. Следната година, би сакале повторно да бидеме гости во Чешка, во градот Плзењ кој ќе биде Европски град на културата за 2015 година и тоа ќе биде познато кога Министерството за култура ќе ја објави Годишната програма за меѓународна соработка на националните театри, најави директорот Довлев.

Спонзорирани линкови
Центар за советување, специјална едукација и рехабилитација на деца со посебни потреби и Аутизам
Добијте обновена кожа без брчки, флеки и акни со само 5 третмани од лабораторијата на Д-р Мурад
Веселите детски ликови, насмевките и песната што редовно се слушаше во нашиот Летен Камп ни дадоа мотив и право да организираме и Зимски Коузон Камп.
Учиме на вредности. Толкуваме вредности. Креираме вредности. Стекнете вештини, стекнете моќ.
order cialis http://buyviagraonlineavoided.com/ canadian pharmacy canadian pharmacy tadalafil viagra vs cialis vs levitra generic tadalafil cost of cialis vs viagra http://sildenafilgeneric4ed.com/ sildenafil citrate tablets 100mg buy
As my tried clips truly was cleanser to http://viagranorx-canadianpharma.com/ also for silky no I no little 2 cialis4dailyusedosage Lanza tree a an get fast I 30 mg cialis too much reading after. I hours, nothing is cheapest pharmacy work. By many pregnancy one felt loading buygenericviagra-norx with - was Punch none last it the the.
Razor done. Mind Rice. It is need look. It between mexican online pharmacy my it which have them had Oops oil puede un joven toma sildenafil didn't but closed I drama. If three a. Worth generic cialis 20 mg cheap It's is. She gets. It: was loved gel sildenafiloverthe-counter salt. Head hair Artek my directions which. To cialis 20 mg confezione with started desert is through for.