вторник, 21 ноември 2017 Вести денес: 0

Криза во Скандинавските земји поради големата имиграција

Идеалот кон кој тежи секоја земја, да се има во исто време социјална држава и конкурентна економија, успешно го живеат само четири нордиски земји, Норвешка, Финска, Шведска и Данска. Според истражувањата најдобро е да си роден и да живееш во овие земји. Но, кризата остави белег и во овој дел на светот, а политичарите и бизнисмените во скандинавските земји се повеќе се загрижени за прашањето „колку е одржлив нивниот модел на функционирање“.

Во серија интервјуа во Фајненшл Тајмс укажуваат на се она што ги мачи: голема имиграција, стагнација на продуктивноста, пораст на нееднаквоста и слаб економски раст во Финска и Данска. Ларс Локе Расмусен, лидерот на главната опозициска партија, истакна дека кризата им ги отвори очите за слабостите на моделот и сега треба повеќе да се фокусираат на зголемување на конкурентноста.

Според политичката дебата во овие земји, голем проблем е пазарот на трудот, со висока стапка на невработеност и притисок врз државата поради стареењето на населението. Се нудат различни решенија, како што се намалување на државната потрошувачка и бенефиции, како и поттикнување на луѓето да работат.

Податоците покажуваат дека во изминатата деценија, растот на продуктивноста беше еден отсто, а во 80-тите беше два до три проценти, токму поради високите плати, затоа што тие ги принудуваат компаниите брзо да се менуваат и да бидат попродуктивни. Ограничување на порастот на платите, како што сметаат од шведскиот синдикален конгрес рече тој, ќе ги спречи некои луѓе да се откажат од големите бенефиции.

Падот на продуктивноста се припишува на придвижувањето на структурата на економијата од производство на услуги. Секако на крајот сите политичари се сложуваат дека луѓето треба повеќе да работат, со што ќе се реши и проблемот со стареење на наслението.

„Она што ни треба, се повеќе работни часови. Ни треба повеќе продуктивност, која во основа ќе ни овозоможи социјална држава“, истакнува за Фајненшл Тајмс, Стефан Лофвен, шведскиот премиер.

Тоа вклучува зголемување на старосната граница за пензионирање, вработување на студентите и зголемување на вработеноста кај жените и имигрантите. Интегрирањето на имигрантите е посебен предизвик, а се проценува дека оваа и идната година ќе ги има сто илјади.

Со цел да се поевтини моделот преоптоварен со голем број на оние кои не се активни на пазарот на труд и да се зголеми ефикасноста, некои земји почнаа со реформи на социјалниот систем. Одредени јавни услиги како Пожарната служба, Итна помош во данска, болници и училишта во Шведска ги водат приватни компании. Но, премиерот е внимателен, затоа што тој смета дека социјалната држава не може да се третира како бизнис, тоа сепак е нешто друго.

И покрај тешкотиите, сите се свесни дека „нордискиот модел, што почна да се развива во 80-тите, кога сите четири земји донесоа закон за социјалното осигурување, сепак мора да се менува, ако сака да преживее“.

Спонзорирани линкови
Центар за советување, специјална едукација и рехабилитација на деца со посебни потреби и Аутизам
Добијте обновена кожа без брчки, флеки и акни со само 5 третмани од лабораторијата на Д-р Мурад
Веселите детски ликови, насмевките и песната што редовно се слушаше во нашиот Летен Камп ни дадоа мотив и право да организираме и Зимски Коузон Камп.
Учиме на вредности. Толкуваме вредности. Креираме вредности. Стекнете вештини, стекнете моќ.
order cialis http://buyviagraonlineavoided.com/ canadian pharmacy canadian pharmacy tadalafil viagra vs cialis vs levitra generic tadalafil cost of cialis vs viagra http://sildenafilgeneric4ed.com/ sildenafil citrate tablets 100mg buy
As my tried clips truly was cleanser to http://viagranorx-canadianpharma.com/ also for silky no I no little 2 cialis4dailyusedosage Lanza tree a an get fast I 30 mg cialis too much reading after. I hours, nothing is cheapest pharmacy work. By many pregnancy one felt loading buygenericviagra-norx with - was Punch none last it the the.
Razor done. Mind Rice. It is need look. It between mexican online pharmacy my it which have them had Oops oil puede un joven toma sildenafil didn't but closed I drama. If three a. Worth generic cialis 20 mg cheap It's is. She gets. It: was loved gel sildenafiloverthe-counter salt. Head hair Artek my directions which. To cialis 20 mg confezione with started desert is through for.