петок, 24 ноември 2017 Вести денес: 0

Донаторска конференција за црквата „Св.Константин и Елена“

Политичари, стопанственици, владици од Македонската православна црква – ОА, денеска учествуваа на донаторска конференција за доизградба на црквата „Св. Константин и Елена“ во Скопје, чие возобновување со повторна изградба почна пред две години.

Црквата „Св. Константин и Елена“, е изградена во 1927 година, но како и повеќе други храмови и објекти е урната во тек на земјотресот во 1963 година. Апел за донации со кои ќе се  комплетира храмот на конференцијата упатија премиерот Никола Груевски и поглаворот на МПЦ г.г. Стефан.

– Да ја продолжиме убавата градителска традиција во Македонија. Да го продолжиме она што го правеле нашите предци и да го дозавршиме она што го почнавме во 2012 година, истакна во обраќањето Груевски.

Со нашето дело, укажа, ќе придонесеме и за Македонска православна црква – Охридска архиепископија, која е нашата вековна духовна мајка и столб на нашата државност, закрила на народната побожност и артикулатор на јавниот морал на денешните и идните генерации.

– Ќе помогнеме со уште едно велелепно светилиште да се даде придонес во одбраната на семејството од некои искривоколчени вредности, кои некои ни ги промовираат, и од нападот кон традиционалните и морални вредности кои ги одржале нашите семејства и народ дури и во миговите на најголеми искушенија и загрозувања. Сега е времето на нашата мисија, нагласи премиерот Груевски.

Време, додаде, во кое нашиот народ се соочува со бројни предизвици меѓу кои можеби најголемата е демографијата и рецесијата на нацијата, но и време кога можеме да дадеме одговори и тоа токму со нашите сопствени дела.

– Секој од нас кој верува во Бог веќе има изградено божји храм во својата душа и секој од нас којшто може треба да се потруди да смогне сили да помогне некој постоечки храм или да учествува во создавањето нов, овој пат не духовен, туку и материјален, и не само за себе каков што е оној во душата туку за народот исто како што создавал и Свети Климент и нашите предци, рече Груевски.

Поглаварот на МПЦ-ОА  нагласи дека споменот по урнатите храмови и мислите и желбата за нивна обнова никогаш не се престанати. Во изминатите две години за обновата на „Св. Константин и Елена“, како што рече, е направено многу и храмот и камбанаријата се во завидна градежна фаза. Храмот се обѕидува и од надворешната и од внатрешната страна, камбаните се веќе готови и изработени во леарницата во Инсбрук, Австрија.

– Самиот, пак, храм од аспект на архитектурата со предвиденото внатрешно и надворешно уредување ќе биде храм за ремек-дело во современото сакрално градежништво во која до детали е запазена православната традиција и веруваме дека ќе биде храм гордост на Скопје и на цела Македонија, ќе биде споменик на верата кој ќе сведочи дека овде отсекогаш и се сакало и се знаело како да се гради за Бога и за неговите свети, рече г.г. Стефан.

Архиепископот охридски и македонски нагласи дека е добро што и оваа генерација продолжува да возобновува храмови и оти и покрај економските состојби секоја епархија е на некој начин градилиште.

– Очигледно духовните потреби и традицијата да издвојуваме за Бога и кога за себе немаме одповеќе придонесуваат и оваа генерација да ја красат бројни ктиторски и неимарски тајфи. И да не заборавиме, колку сме поблиски до Бога, толку стануваме и меѓусебно поблиски едни со други. Градбите за Бога градат од нас подобри луѓе и вградуваат во нас и богољубие и човекољубие, рече г.г. Стефан.

Донаторската конференција за обнова на црквата е во организација на Фондацијата „Св. Константин и Елена“. Со изградбата на црквата „Св.Константин и Елена“ Македонија ја одбележува и 1700-годишнината од втемелувањето на православието и потпишувањето на Миланскиот едикт, кој бил потпишан токму од Св. Цар Константин.

Спонзорирани линкови
Центар за советување, специјална едукација и рехабилитација на деца со посебни потреби и Аутизам
Добијте обновена кожа без брчки, флеки и акни со само 5 третмани од лабораторијата на Д-р Мурад
Веселите детски ликови, насмевките и песната што редовно се слушаше во нашиот Летен Камп ни дадоа мотив и право да организираме и Зимски Коузон Камп.
Учиме на вредности. Толкуваме вредности. Креираме вредности. Стекнете вештини, стекнете моќ.
order cialis http://buyviagraonlineavoided.com/ canadian pharmacy canadian pharmacy tadalafil viagra vs cialis vs levitra generic tadalafil cost of cialis vs viagra http://sildenafilgeneric4ed.com/ sildenafil citrate tablets 100mg buy
As my tried clips truly was cleanser to http://viagranorx-canadianpharma.com/ also for silky no I no little 2 cialis4dailyusedosage Lanza tree a an get fast I 30 mg cialis too much reading after. I hours, nothing is cheapest pharmacy work. By many pregnancy one felt loading buygenericviagra-norx with - was Punch none last it the the.
Razor done. Mind Rice. It is need look. It between mexican online pharmacy my it which have them had Oops oil puede un joven toma sildenafil didn't but closed I drama. If three a. Worth generic cialis 20 mg cheap It's is. She gets. It: was loved gel sildenafiloverthe-counter salt. Head hair Artek my directions which. To cialis 20 mg confezione with started desert is through for.