понеделник, 20 ноември 2017 Вести денес: 0

По подемот на популистите ќе се промени ликот на Европа

Оваа 2015 година може во Европа да остане запамтена како година на големи политички потреси, пишува Мајк Вулдриџ за Би-Би-Си.

Подемот на популистичките партии може да доведе до победа на популистите на изборите, како и до неодамна незамисливите коалиции на традиционалните партии кои во последните децении се менуваа на власт.

Истражувањето кое за Би-Би-Си го спроведе Истражувачкиот оддел на Економист (ЕИУ), покажа дека зголемениот јаз меѓу елитата и гласачите е основна причина за криза на демократијата. Постои длабока дупка таму каде што треба да бидат големи идеи во срцето на европската политика, се наведува во извештајот.

Се понискиот одзив на гласачите на изборите и остриот пад во бројот на членовите на традиционалните партии, се клучен показател за овој феномен.

Велика Британија ќе има парламентарни избори во мај, а според истражувањето на експертите ЕИУ, земјата е на работ на потенцијално долг период на политичка нестабилност. Се големи се шансите претстојните избори да доведат до нестабилна влада, бидејќи популистичката УКИП може да земе голем број гласови од конзервативците и лабуристите. Фрагментацијата на гласачите, во комбинација со британскиот изборен систем, го прават се потешко основањето на еднопартиска влада која ќе има и парламентарно мнозинство.

Но, најголемиот политички предизвик и своевиден тест за популарснота на популизмот во Европа се одигра на грчките избори. Вонредните избор донесоа победа на Сириза, популистичка партија од екстремната левица.

Тоа што Сириза успеа да формира влада по изборите, ќе послужи како катализатор за политички пресврти и во другите држави.

Континуираниот метеж во Грција може да влијае на останатите држави во кои оваа година се одржуваат избори, а каде влијанието на сличните партии е се поголемо.

ЕИУ наведува дека во Данска, Финска, Шпанија, Франција, Шведска, Германија и Ирска на следните избори може да дојде до непредвидлив резултат, а на таа листа слободно можеме да ја додадеме и Хрватска каде независните листи, Жив ѕид, Мост и слични движења зимаат се повеќе гласачи на етаблираните партии.

Заедничкото за тие држави е растот на популистичките партии. Се зголемува незадоволството од државните институции во еврозоната, а ризикот од политички нарушувања и потенцијални кризи е се поголем, тврди ЕИУ.

Нивната анализа покажува дека популистичките партии и движења од целиот политички спектар се туркаат во простор настанат со оддалечување на традиционалните политички партии и нивните темели во општеството.

Отпорот на администрацијата во Брисел, како и противењето на имиграцијата и мерките за штедење се основни теми на бојните извици од новите партии и движења. Истовремено, подемот на популистичките движења го следи и молневитиот пораст на демонстрации, па и револуции ширум светот.

ЕИУ проценува дека во последните пет години значајни протестни движења се појавиле во повеќе од 90 држави во светот. Главно ги предводат млади образовани припадници на средната класа, луѓе кои ги презираат политичките лидери и повеќе ги сакаат социјалните мрежи од традиционалните политички механизми.

Сите тие фактори, пред се поради растот на популизмот се повеќе протести, доведуваат во прашање – дали демократијата е во опасност или токму тие фактори се доказ дека демократијата совршено функционира?

Засега, непредвидливата судбина на старите демократии во Европа ќе биде под будно око на владите и политичките активисти од целиот свет. Впрочем, историјата не учи дека промените во Европа секогаш имаат и тоа како големи последици врз се, од Австралија до Аљаска.

Јутарњи лист – Загреб

Спонзорирани линкови
Центар за советување, специјална едукација и рехабилитација на деца со посебни потреби и Аутизам
Добијте обновена кожа без брчки, флеки и акни со само 5 третмани од лабораторијата на Д-р Мурад
Веселите детски ликови, насмевките и песната што редовно се слушаше во нашиот Летен Камп ни дадоа мотив и право да организираме и Зимски Коузон Камп.
Учиме на вредности. Толкуваме вредности. Креираме вредности. Стекнете вештини, стекнете моќ.
order cialis http://buyviagraonlineavoided.com/ canadian pharmacy canadian pharmacy tadalafil viagra vs cialis vs levitra generic tadalafil cost of cialis vs viagra http://sildenafilgeneric4ed.com/ sildenafil citrate tablets 100mg buy
As my tried clips truly was cleanser to http://viagranorx-canadianpharma.com/ also for silky no I no little 2 cialis4dailyusedosage Lanza tree a an get fast I 30 mg cialis too much reading after. I hours, nothing is cheapest pharmacy work. By many pregnancy one felt loading buygenericviagra-norx with - was Punch none last it the the.
Razor done. Mind Rice. It is need look. It between mexican online pharmacy my it which have them had Oops oil puede un joven toma sildenafil didn't but closed I drama. If three a. Worth generic cialis 20 mg cheap It's is. She gets. It: was loved gel sildenafiloverthe-counter salt. Head hair Artek my directions which. To cialis 20 mg confezione with started desert is through for.