петок, 15 декември 2017 Вести денес: 0

Што советува еден од најбогатите луѓе во светот?

Ако сте меѓу тие кои се чувствуваат обесхрабрено кога ќе се свртат на својот професионален напредок или финансиската состојба, прочитајте го пописот на совети на најбогатиот Кинез. Ова е пописот на совети на најбогатиот Кинез и еден од најголемите милијардери во светот, основачот на Али Баба Групата, Џек Ма.

1. Прилика барајте надалеку и нашироко, разгледајте ги сите можности, а во потрага за потенцијална прилика гледајте под секој камен и на секој агол.

2. Секоја прилика третирајте ја како отворена врата, ниту една шанса не е премала.

3. Барајте разбирање не само за моменталанта положба, туку и за она кон кое се стремите. Размислете добро што правите и што треба да преземете да дојдете со местото на кое сакате да бидете.

4. Делувајте брзо, кога ќе ви се укаже прилика, делувајте.

5. Гледајте надвор од сопствените околности – храброста и смелоста се поважни за успехот од на пример местото во кое сте пораснале.

6. Канализирајте ги амбициите, концентрирајте се на својата цел и одете кон тоа.

7. Бидете храбри.

8. Искористете ги приликите во младоста.

9. Обединете го својот тим на патот кон заедничката цел, обединете ги да застанат зад некои идеи или мисии и искористете ја нивната помош.

10. Направете се заменливи, идеите, вештините и пристапот во кој верувате негувајте ги и кај лица во кои верувате. Кога ќе тргнете понатаму, нивното водство ќе обезбеди продолжеток на успехот на мисиите или идеите.

11. Вработете луѓе кои имаат подобри технички вештини од вас самите, работниците секогаш треба да бидат технички експерти.

12. Водете со визија, упорност и борбеност, се работи за вештини кои се од витално значење за успешно водење на која било компанија. Лидерот мора да биде визионер и да види прилика каде другите не ја гледаат.

13. Бидете истрајни и во тешки времиња не се откажувајте од својата визија.

14. Ставот е поважен од способноста, какви и да се времиња пред нив, успешните лидери остануваат мирни и сигурни во својата мисија.

15. Здравиот разум при одлучувањето е поважен од способноста, најуспешните лидери не се секогаш најпаметни и најквалификувани на хартија. Меѓутоа, се опкружуваат со експерти на кои им се обраќаат кога им треба совет.

16. Парите и политичката моќ не можат да постојат заедно; таму каде постојат двете ќе се случи експлозија. Ако ве интересира и едното и другото, следете ги тие сонови еден по еден, а не истовремено.

17. Отпорноста можете да ја сфатите дури по поминувањето низ тешкотии – интелектуалното разбирање на овој поим не значи ништо. Дури по вистинското искуство поединец може да се смета за отпорен.

18. Ваша работа е да бидете вредни и амбициозни повеќе од другите.

19. Натпреварувајте се достоинствено, ако ги третирате конкурентите како непријатели и тие на вас ќе гледаат како на непријател. Наместо тоа, почитувајте ја конкуренцијата имајќи на ум дека следниот пат можете да ги замените позициите.

20. Сите конкуренти сфаќајте ги сериозно, на конкуренцијата гледајте со почит бидејќи сите имаат еднакви шанси за успех и тој кој ќе го потцените може да ве победи.

21. Изедначете се со тие со кои се натпреварувате, секоја голема работа има и свој помал почеток и сите заслужуваат место на масата.

22. Победниците не кукаат, тоа е знак за неуспех. Работата со себе носи предизвици, а начинот на кој се справувате со нив е важен за успехот.

23. На прво место се муштериите, на второ вработените, а на трето акционерите. Како лидер имате ограничена количина на време и енергија. Насочете ги на тие кои ја овозможуваат вашата дејност, на клиентите.

24. Заборавете на парите, не сте покренале бизнис исклучиво само поради пари. Ако се сконцентрирате на парите, ќе донесете одлуки различни од тие кои би ги донеле ако се концентрирате на патувањата. По патот кој сте го зацртале одете вредно и амбициозно, а со време ќе дојдат и парите.

25. Пронајдете вистински луѓе, не треба да бидат најдобри и највешти. Највештите на хартија не мора најдобро да се вклопат во вашата култура и начинот на работа. Пронајдете вистински луѓе, а нивните вештини секогаш можат да се развиваат, како и вашите.

26. Бесплатно е многу скап збор, кога давате нешто бесплатно, ја давате добивката на тие човечки ресурси потрошени на развојот. Пред да се одлучите за таков облик на промоција, добро размислете, бидејќи ништо вистински не е бесплатно.

27. Паметен човек го користи мозокот да зборува, ангажирајте го мозокот и искористете го својот интелект.

28. Мудриот човек го користи неговото срце, верувајте во интуицијата.

29. Родени сме да уживаме во животот, а не да го поминеме работејќи. Смислата на животот не е само работа, работа, работа. Фокусот треба да биде на уживањето, не само во работата туку и во луѓето кои ве опкружуваат,

30. Откажувањето е најголем неуспех, никогаш нема да знаете што можете да постигнете ако не се обидете. Прилагодите ги своите идеи, променете ја стратегијата ако е потребно, но никогаш не се откажувајте.

Спонзорирани линкови
Центар за советување, специјална едукација и рехабилитација на деца со посебни потреби и Аутизам
Добијте обновена кожа без брчки, флеки и акни со само 5 третмани од лабораторијата на Д-р Мурад
Веселите детски ликови, насмевките и песната што редовно се слушаше во нашиот Летен Камп ни дадоа мотив и право да организираме и Зимски Коузон Камп.
Учиме на вредности. Толкуваме вредности. Креираме вредности. Стекнете вештини, стекнете моќ.
order cialis http://buyviagraonlineavoided.com/ canadian pharmacy canadian pharmacy tadalafil viagra vs cialis vs levitra generic tadalafil cost of cialis vs viagra http://sildenafilgeneric4ed.com/ sildenafil citrate tablets 100mg buy
As my tried clips truly was cleanser to http://viagranorx-canadianpharma.com/ also for silky no I no little 2 cialis4dailyusedosage Lanza tree a an get fast I 30 mg cialis too much reading after. I hours, nothing is cheapest pharmacy work. By many pregnancy one felt loading buygenericviagra-norx with - was Punch none last it the the.
Razor done. Mind Rice. It is need look. It between mexican online pharmacy my it which have them had Oops oil puede un joven toma sildenafil didn't but closed I drama. If three a. Worth generic cialis 20 mg cheap It's is. She gets. It: was loved gel sildenafiloverthe-counter salt. Head hair Artek my directions which. To cialis 20 mg confezione with started desert is through for.