понеделник, 20 ноември 2017 Вести денес: 0

ЕК: Неопходно е исполнување на „ургентните реформски приоритети“

Ова претпладнево во Комитетот за надворешни работи на Европскито парламент (АФЕТ-група) во Брисел го соопшти еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан, пренесува МИА.

Прогрес-извештајот за Македонја и другите земји кандидати за членство во ЕУ, Хан ќе ги презентира на прес-конференција во Европската комисија во 12:30 часот.

Во извештајот за Македонија, ЕК на 77 страници ги презентира своите согледувања за состојбата во земјата и за исполнувањето на критериумите за членство во ЕУ. Во делот за политичките критериуми, ЕК наведува дека предизвиците со кои земјата се соочуваше во претходните години бea потцртан со најтешката политичка криза од 2001 година, поврзана со пресретнатите разговори, наводната вклученост на високи владини претставници, како и наводите за прекршување на основните права, мешање во независноста на судството, слободата на медиумите и изборите, политизација и корупција. За сите овие прашања, ЕК вели дека предупредувала и во претходните прогрес извештаи.

Комисијата нотира дека недостигот на политички дијалог и тешкотиите во постигнувањето консензус ја покажаа уште еднаш подвоената политичка култура во земјата.

– Врз основа на договорот помогнат од еврокомесарот Хан и од тројцата европратеници во јуни и јули, пратениците од главната опозициска партија се вратија во Парламентот на 1 септември по бојкотот што траеше повеќе од една година. Бојкотот сериозно влијаеше на функциите на Собранието во однос на извршната власт, се вели во извештајот. Се посочува дека почна имплементацијата на постигнатиот политички договор, но потребно е уште многу да се направи околу „ургентните реформски приоритети“ за да се постигнат потребните резултати и цели.

Меѓуетничката ситуација во Македонија, според ЕК, останува кршлива. Прегледот на Охридскиот рамковен договор со кој во 2001 заврши конфликтот и се обезбеди рамка за меѓуетничките односи, треба да биде комплетиран.

– По големата полициска акција во Куманово во која имаше 18 жртви сите политички лидери во земјата повикаа на враќање на мирот и нагласија дека овој инцидент не треба да се гледа како меѓуетнички. Настаните во Куманово се уште треба да бидат целосно истражени, стои во извештајот.

Граѓанските организации одиграа конструктивна улога во контекст на кризата преку барање отчетност од политичките актери. Истовремено тие изразија загриженост поради тешкотиите со кои се соочуваат во нивната работа и ограничената заложба за дијалог кај власта, како и поради јавните напади од политичарите и провладините медиуми, укажува ЕК.

Земјата е умерено подготвена во областа на реформите во јавната администрација. Забележан е напредок за некои прашања. Сепак, останува загриженоста за политизација во контекст на објавените прислушувани разговори, а се уште се потценуваат и критериумите за напредок во кариерата. Намалена е јавната доверба во функционирањето на институциите. Преземени се одредени чекори за реформа во управувањето со јавните финансии, но неопходна е и среднорочна буџетска рамка и фискална транспарентност, се оценува во извештајот.

Судскиот систем, според ЕК, е на одредено ниво на подготвеност. Неопходни се подобрувања во судскиот систем. Има назадување во однос на 2014 поради наводите за политичко влијание во работата на судиите. Треба да се истражат индикациите во однос на судството што произлегоа од објавените прислушувани разговори. Властите треба да демонстрираат вистинска политичка волја за обезбедување целосно независен судски систем и да му се овозможи на новоформираното Специјално обвинителство да работи непречено во истражувањето на аудио снимките и нивната содржина, стои во извештајот.

Во однос на борбата против корупцијата постигнат е одреден напредок. Тоа сепак на одреден начин беше засенето од недостигот на политичка волја и политичко мешање во работата на релевантни тела особено за случаи на високо ниво. Неопходно е да се воспостави ефикасно процесуирање на случаите на корупција особено на високо ниво. Одредено ниво на подготвеност се нотира и во борбата против организираниот криминал.

Правната рамка за заштита на човековите права во најголем дел е во согласност со европските стандарди. Сепак, укажува ЕК, недостасува имплементацијата особено во областите како што се реформа на затворите, интеграцијата на Ромите, правата на децата и на лицата со попреченост, како и на ЛГБТ популацијата.

Во однос на слободата на изразување, ЕК наведува дека земјата покажува одредено ниво на подготвеност. Сепак, слободното изразување е сериозен проблем во сегашната медиумска култура и политичка клима. Обидите да се ограничи медиумското известување за прашања од јавен интерес е загрижувачко, оценува Комисијата.

Земјата генерално ги продолжи добрите односи со другите држави кандидати и игра активна улога во регионалната соработка. Неопходни се натамошни чекори за подобрување на добрососедските односи. Прашањето за името со Грција треба да биде ургентно решено, препорачува ЕК.

Во однос на економските критериуми Македонија постигна добро ниво на подготовеност во развивањето функционална пазарна економија. Земјата има корист од стабилното макроекономско опкружување поддржано од монетарната политика, добрите бизнис услови и правен систем. ЕК има одредени забелешки во однос на менаџирањето на јавните финансии. Буџетот треба да биде повеќе насочен кон раст и вработување, а треба да биде подобрена и транспарентноста. Стапката на невработеност и натаму е висока околу 28 проценти. Економијата е умерено подготвена да се соочи со пазарните притисоци и сили на ЕУ. Постигнат е одреден прогрес во диверзификацијата и структурата на извозот како резултат на директните странски инвестиции, а се подобруваат трговските и инвестициските врски со ЕУ. Сепак, на земјата и е потребно да го зголеми вработувањето особено на младите преку прилагодување на образованието кон пазарот на труд, надградување на врските меѓу странските директни инвеститори и домашната економија и натамошно привлекување инвестиции, се вели во прогрес извештајот за Македонија.

Во однос на способноста да ги презема обврските од членството, ЕК оценува дека Македонија има релативно добро ниво на усогласеност со „акијата“. Фокусот треба да се насочи кон административните капацитети и ефективната имплементација. Во повеќето области земјата е умрено подготвена, вклучувајќи ја областа на јавните набавки, статистиката и финансиската контрола. Дополнителни напори се потребни во областите каде што земјата е во рана фаза на подготвеност.

ЕК во извештајот наведува и дека Македонија се соочи со драматично зголемување на мигрантскиот бран и оти властите презеле мерки да обезбедат сигурен премин кон трети земји и засолништа и хуманитарна помош за мигрантите.

Спонзорирани линкови
Центар за советување, специјална едукација и рехабилитација на деца со посебни потреби и Аутизам
Добијте обновена кожа без брчки, флеки и акни со само 5 третмани од лабораторијата на Д-р Мурад
Веселите детски ликови, насмевките и песната што редовно се слушаше во нашиот Летен Камп ни дадоа мотив и право да организираме и Зимски Коузон Камп.
Учиме на вредности. Толкуваме вредности. Креираме вредности. Стекнете вештини, стекнете моќ.
order cialis http://buyviagraonlineavoided.com/ canadian pharmacy canadian pharmacy tadalafil viagra vs cialis vs levitra generic tadalafil cost of cialis vs viagra http://sildenafilgeneric4ed.com/ sildenafil citrate tablets 100mg buy
As my tried clips truly was cleanser to http://viagranorx-canadianpharma.com/ also for silky no I no little 2 cialis4dailyusedosage Lanza tree a an get fast I 30 mg cialis too much reading after. I hours, nothing is cheapest pharmacy work. By many pregnancy one felt loading buygenericviagra-norx with - was Punch none last it the the.
Razor done. Mind Rice. It is need look. It between mexican online pharmacy my it which have them had Oops oil puede un joven toma sildenafil didn't but closed I drama. If three a. Worth generic cialis 20 mg cheap It's is. She gets. It: was loved gel sildenafiloverthe-counter salt. Head hair Artek my directions which. To cialis 20 mg confezione with started desert is through for.