петок, 24 ноември 2017 Вести денес: 0

Хан: Треба да видиме прогрес во Македонија за препораката целосно да се отвори, по што и ние ќе треба да испорачаме

Еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан, на денешната прес-конференција во Европската комисија повтори дека неформалната Влада на Европската унија издаде седма последователна препорака за Македонија да ги отвори преговорите за членство во ЕУ во годинешниот прогрес-извештај, но повтори дека истата е условена со целосно исполнување на договорот од Пржино, со се усвојување на „итните реформски мерки” на ЕК.

Според Хан, за препораката од ЕК целосно да се отвори, Комисијата очекува да види прогрес во Македонија, а потоа и Брисел ќе мора да испорача нешто.

– За препораката, ситуацијата е јасна. Имавме тешка и сериозна криза, се уште не сме завршени, но имаме патоказ и во договорот од јуни/јули, многу работи, елементи се договорени кои треба да се исполнат и крајниот рок, последниот камен-темелник на сите овие активности се изборите на крајот на април следната година, кои треба да се одржат на фер, транспарентен начин и според европските стандарди, според манирот на меѓународните стандарди, посочи Хан.

Комесарот за преговори за проширување додаде дека сето ова треба да се подготви, како и други работи што треба да се сторат во Македонија.

– Се е договорено, имаме приоритети за итни реформи и ние треба да видиме одреден прогрес во следните неколку месеци. Не може се да се исполни до крајот на април, но може многу да се стори. Ако се оди добро, а ова е ако сакате она што го нарекуваме морков и стап, ние сме подготвени да ја прегледаме и ако погледнете повторно на препораката, работите се направени така што треба повторно да има целосна препорака за да се отворат преговорите. Но, ако е ова случај, треба и ние како Европејци потоа да испорачаме, потенцира Јоханес Хан.

Висок извор од Еврокомисијата, за МИА потврди дека препораката од ЕК за Македонија е на маса и истата не е формално повлечена, ниту како било е повлечена од маса. Како и да е, според него, а тоа го потврди и комесарот Хан, истата е условена со имплементација на политичкиот договор што лидерите го постигнаа последните месеци со пододршка на Европската унија и со реформските приоритети.

– Како Комисија ќе се навратиме на прашањето пролетта по изборите, кога овие услови ќе бидат исполнети, па ќе излеземе со друга анализа која може во различни форми да биде направена, а наменета за земјите-членки на Унијата. Ќе повторам, препораката не е повлечена, условена е и ќе се вратиме на ова прашање по изборите во Македонија, потврдува високиот извор од ЕК за МИА, кој инсистира на анонимност.

Комесарот Хан, пак, на прес-конференцијата го повтори истото што им го претстави претходно и на европратениците, а тоа е дека Македонија е релативно на добро ниво на легислативна усогласеност со европското законодавство. Тој го поздрави усвојувањето на точките на договорот од Пржино, потсетувајќи дека меѓуетничките односи во земјата се кршливи.

– Поради настаните, во прогресот и имплементацијата на договорот од јуни/јули, Еврокомисијата е подготвена да испорача препорака за отворање на преговорите со БЈР Македонија. Ова, како и да е условено со продолжувањето на имплементацијата на договорот од јуни/јули и прогресот во имплементацијата на итните реформски мерки. Ќе го разгледаме сето ова по изборите следната година на пролет, потенцираше Хан.

За квалификацијата „провладини медиуми” во Извештајот за Македонија и како Европската комисија ги најде истите во македонската држава, но не и проопозициските, Јоханес Хан со одговор дека „кога се говори за Владата и влијанието на Владата, тоа е нешто што не се соочуваме само кај земјите од Западен Балкан, најверојатно и во другите европски држави”. Сепак, според еврокомесарот, Владата има можност да финансира медиуми и се работи за транспарентност како се прави тоа, какви услови и консеквенци создава, какви услови и правила за игра, како медиумите се финансирани од јавноста.

– Да се финансира медиум од јавноста, не е погрешно, но е оградено и зависи од правната структура што е транспарентна и помага за слобода на изразување, за слобода на медиуми што гарантира диверзификација и што не е нешто што се прави во спротивност. Затоа моравме да се посветиме на ова и веруваме дека е потребно, одговори Хан.

За податокот дека денешните прогрес-извештаи на ЕК за земјите од процесот на проширување се и за следните четири години, Хан посочи дека намерата е сите земји од Западен Балкан да станат членки на ЕУ во иднина, но дека затоа тој говори за процес за кандидатските земји, што дефинира брзина на соработка и реформски активности.

– Одржливите промени оставаат трага што докажува дека се направиле промени, потребни во областите од основните права, но и за економски развој, не само економско опоравување, туку економски развој во сите земји, потенцира Хан.

На крајот, Јоханес Хан посочи дека секоја земја-кандидат има одреден период на преговори и дека тоа е време што е најдобро за промена на ситуацијата во земјата, обезбедувајќи земјата да има реален интерес да се приклучи на ЕУ.

Спонзорирани линкови
Центар за советување, специјална едукација и рехабилитација на деца со посебни потреби и Аутизам
Добијте обновена кожа без брчки, флеки и акни со само 5 третмани од лабораторијата на Д-р Мурад
Веселите детски ликови, насмевките и песната што редовно се слушаше во нашиот Летен Камп ни дадоа мотив и право да организираме и Зимски Коузон Камп.
Учиме на вредности. Толкуваме вредности. Креираме вредности. Стекнете вештини, стекнете моќ.
order cialis http://buyviagraonlineavoided.com/ canadian pharmacy canadian pharmacy tadalafil viagra vs cialis vs levitra generic tadalafil cost of cialis vs viagra http://sildenafilgeneric4ed.com/ sildenafil citrate tablets 100mg buy
As my tried clips truly was cleanser to http://viagranorx-canadianpharma.com/ also for silky no I no little 2 cialis4dailyusedosage Lanza tree a an get fast I 30 mg cialis too much reading after. I hours, nothing is cheapest pharmacy work. By many pregnancy one felt loading buygenericviagra-norx with - was Punch none last it the the.
Razor done. Mind Rice. It is need look. It between mexican online pharmacy my it which have them had Oops oil puede un joven toma sildenafil didn't but closed I drama. If three a. Worth generic cialis 20 mg cheap It's is. She gets. It: was loved gel sildenafiloverthe-counter salt. Head hair Artek my directions which. To cialis 20 mg confezione with started desert is through for.