вторник, 21 ноември 2017 Вести денес: 0

Попоски: Значајно е што остана препораката за преговори за членство на Македонија во ЕУ

Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, во Европскиот парламент од еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан ги слушна клучните точки од најновиот прогрес-извештај на Европската комисија за напредокот на македонската држава во европските интеграции, јави дописникот на МИА од Брисел.

Откако Хан соопшти дека Комисијата издава седма последователна препорака за отворање на преговорите за членство на Македонија во Европската унија, со услов до април да се спроведат точките од договорот од Пржино и реформската агенда, заклучно со парламентарните избори, Попоски во изјава за МИА порача дека тоа е најважно.

– Најзначаен момент во денешното презентирање на извештаите за Западен Балкан, во однос на Република Македонија е тоа што Комисиајта ја задржува својата препорака дека е неопходно да започнат преговори за членство на Македонија во ЕУ. Тоа е за нас силен мотив да продолжиме со сите оние ангажмани и во делот на политичкиот дијалог и во делот на реформите. Се разбира дека целосната примена на политичкиот дијалог ќе биде еден од условите што ЕК блиску ќе ги следи и од кои ќе зависат и следните оценки, посочи Попоски.

Според македонскиот шеф на дипломатијата, значајно за Македонија ќе биде во периодот до изборите во април да покаже дека има целосна посветеност во државата и целосна мобилизација на институциите за задржување на ваквата препорака. Според Попоски, по изборите, Комисијата веднаш ќе се врати на остварените резултати, а во меѓувреме, тој посочи дека неформалната Влада на ЕУ веројатно ќе работи и на еден привремен извештај, односно предвремен извештај за тоа до каде е земјата со резултатите и што може да се очекува следниот период.

– Нашиот фокус треба да е на домашните теми, но воедно мислам дека е и значаен успех е тоа што се отстрани ризикот за тие што подолго време се криеја зад блокадите на Република Македонија и неможноста да почнемее преговори од 2009 година да бидат во една појасна ситуација, односно од нас да зависи дали ќе можеме да отпочнеме таков процес во најкус можен временски период, додава Попоски.

На прашањето за чудновитоста на оваа препорака на ЕК за Македонија да ги почне пристапните преговори и дали истата е услов за препорака или условена препорака за отворање на преговорите, македонскиот министер за надворешни работи со одговор дека „треба да бидеме реални во тој поглед”.

– И без оваа политичка тензија што ја имавме дома, определени земји-членки беа во можност да се спротивстават на почеток на преговори уште од 2009 година. Мислам дека нема простор за илузии дека тие земји-членки ќе го променат својот став во услови во кои им е дадена или сервирана причина врз основа на која би можеле да одложат таква одлука. Нашиот фокус треба да е на две работи. Прво, тоа зависи од нас и пораките што од дома ќе ги испратиме, а тоа е во делот на политичкиот дијалог колкав притисок ќе се направи тука во Брисел. Второ, јасно е дека ЕК стои зад својата препорака, односно Република Македонија е во најмала рака исто толку подготвена да води преговори со ЕУ колку што беше во 2009 година, посочи Попоски.

Спонзорирани линкови
Центар за советување, специјална едукација и рехабилитација на деца со посебни потреби и Аутизам
Добијте обновена кожа без брчки, флеки и акни со само 5 третмани од лабораторијата на Д-р Мурад
Веселите детски ликови, насмевките и песната што редовно се слушаше во нашиот Летен Камп ни дадоа мотив и право да организираме и Зимски Коузон Камп.
Учиме на вредности. Толкуваме вредности. Креираме вредности. Стекнете вештини, стекнете моќ.
order cialis http://buyviagraonlineavoided.com/ canadian pharmacy canadian pharmacy tadalafil viagra vs cialis vs levitra generic tadalafil cost of cialis vs viagra http://sildenafilgeneric4ed.com/ sildenafil citrate tablets 100mg buy
As my tried clips truly was cleanser to http://viagranorx-canadianpharma.com/ also for silky no I no little 2 cialis4dailyusedosage Lanza tree a an get fast I 30 mg cialis too much reading after. I hours, nothing is cheapest pharmacy work. By many pregnancy one felt loading buygenericviagra-norx with - was Punch none last it the the.
Razor done. Mind Rice. It is need look. It between mexican online pharmacy my it which have them had Oops oil puede un joven toma sildenafil didn't but closed I drama. If three a. Worth generic cialis 20 mg cheap It's is. She gets. It: was loved gel sildenafiloverthe-counter salt. Head hair Artek my directions which. To cialis 20 mg confezione with started desert is through for.