понеделник, 20 ноември 2017 Вести денес: 0

Бесими: Условената препорака значи уште повеќе работа и фокус на реформите

Важно е што препораката за почнување на преговорите е содржана во годинашниот извештај на ЕК за Македонија. Нејзината условеост значи уште повеќе работа и фокус на реформите, оцени вицепремиерот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими на денешната средба со новинари по повод новата Стратегија за проширување на ЕК и Извештајот за напредокот на РМ.

Тој информира дека СЕП веќе го има направено првото читање на Извештајот, направена е негова првична анализа како и за тоа што се следните чекори. Таа вчера била презентира на Влада, денеска ја сподели со претставниците на медиумите, а неделава ќе ја претстави и пред невладините организации.

– Исклучително е важно што и оваа година се спомнува препораката, односно подготвеноста на ЕУ да предложи почеток на преговори со РМ за пристапување. Важно е и што во извештајот се сугерира земјата да работи на целосна имплементација на реформите како и на исполнување на политичкиот договор. Условената препорака за нас ќе значи уште повеќе работа и фокус во однос на постигнување на целите за РМ и наредниот период ќе биде во насока на отварање на преговори со ЕУ, рече Бесими.

Тој не даде коментар за Извештајот дали е добар за земјата, туку нагласи дека на него гледа како на работен документ на кој треба да пристапиме и да работиме за надминување на предизвиците. Оцени и дека политичката криза се рефлектирала на динамиката на реформите, поради што сме втори во регионот.

Во однос на името, вицепремиерот истакна дека ништо не е променето. Тоа останува услов, но посочи, отворањето на преговорите ќе обезбеди побрз напредок во областите посочени во Извештајот.

Бесими нагласи дека од оваа година ЕК почнува со примена на нова методологија во изготвувањето на извештаите за земјите кандидати за членство и аспирантите, се со цел да се овозможи ист вординг кој ќе обезбеди нивна споредливост на ниво на регионот. Поради тоа, посочи, не е можно да се спореди овогодинешниот извештај за напредокот за земјата со минатогодишниот.

Во однос на регионот, пак, согласно првичната анализа која е направена во СЕП во три сегменти – политички и економски критериуми и во делот на усогласеност на правото со аки комунитер, кумулативно гледано Македонија, рече Бесими, се позиционира на средината меѓу земји – кандидати.

Вицепремиерот Бесими нагласи и дека оваа година Брисел при подготовката на Извештајот поголема тежина им дава на имплементацијата на реформите и на институционалната подготвеност. Во Извештајот, додаде има и позитивна оценка за СЕП и нивната комуникација со невладиниот сектор, за што се посочени како добар пример.

Деталната анализа веќе се подготвува и идната недела, според него, ќе биде презентирана на Влада, а ќе следи и усогласување на Акцискиот план за наредните реформски приоритети содржани во Извештајот и на Националната програма за усогласување со правото на ЕУ, односно веднаш ќе се пристапи кон реформите кои се очекуваат од Македонија.

Инаку, Македонија не е преседан кога се однесува условената препорака. Србија минатата година доби условена препорака за отпочнување преговори со Брисел.

Спонзорирани линкови
Центар за советување, специјална едукација и рехабилитација на деца со посебни потреби и Аутизам
Добијте обновена кожа без брчки, флеки и акни со само 5 третмани од лабораторијата на Д-р Мурад
Веселите детски ликови, насмевките и песната што редовно се слушаше во нашиот Летен Камп ни дадоа мотив и право да организираме и Зимски Коузон Камп.
Учиме на вредности. Толкуваме вредности. Креираме вредности. Стекнете вештини, стекнете моќ.
order cialis http://buyviagraonlineavoided.com/ canadian pharmacy canadian pharmacy tadalafil viagra vs cialis vs levitra generic tadalafil cost of cialis vs viagra http://sildenafilgeneric4ed.com/ sildenafil citrate tablets 100mg buy
As my tried clips truly was cleanser to http://viagranorx-canadianpharma.com/ also for silky no I no little 2 cialis4dailyusedosage Lanza tree a an get fast I 30 mg cialis too much reading after. I hours, nothing is cheapest pharmacy work. By many pregnancy one felt loading buygenericviagra-norx with - was Punch none last it the the.
Razor done. Mind Rice. It is need look. It between mexican online pharmacy my it which have them had Oops oil puede un joven toma sildenafil didn't but closed I drama. If three a. Worth generic cialis 20 mg cheap It's is. She gets. It: was loved gel sildenafiloverthe-counter salt. Head hair Artek my directions which. To cialis 20 mg confezione with started desert is through for.