петок, 24 ноември 2017 Вести денес: 10

Хан: Договорот е најдобар начин да се стави крај на кризата/Видео

Еврокомесарот за соседска политика и преговори за проширување Јоханес Хан упати видео – порака во која, како што вели, ги споделува главните прашања поврзани со Извештајот на ЕК за напредокот на Република Македонија и предизвиците кои стојат пред земјата.

Видео пораки комесарот Хан упати и до јавноста во Србија, Црна Гора, Албанија и Турција.

МИА во продолжение ја пренесува видео-пораката на еврокомесарот Хан.

– „Европската комисија ги усвои својата нова стратегија за проширување и извештајот за вашата земја. Дозволете ми директно да ги споделам со вас главните прашања. Оваа година беше полна со предизвици. Вашата земја се соочува со најсериозната политичка криза во последните години. Кризата дополнително се продлабочи со објавувањето на прислушуваните комуникации. Овие откритија ги потврдија сериозните сомнежи за политичко вмешување и корупција на високо ниво на кои Комисијата на ЕУ укажа во нашите претходни извештаи. Повторно укажуваме на нив и оваа година.

Минатото лето, вашите политички лидери успеаја да најдат компромис за надминување на застојот, со поддршка од ЕУ. Оттогаш, опозицијата се врати во Парламентот и специјален обвинител беше назначен да ги истражи сериозните прашања кои произлегуваат од прислушуваните комуникации. Убеден сум дека овој договор е најдобриот начин да се стави крај на политичката криза еднаш засекогаш.

Денес, главен предизвик за вашите лидери е да ги исполнат нивните заложби, спроведувајќи го нивниот договор со добра волја и посветувајќи се во целост на итните реформски приоритети, за да го подобрат владеењето на правото во вашата земја. Вашите лидери мора да ги стават интересот на земјата и иднината на нејзините граѓани во средиштето на нивната работа.

Повикот за смиреност што го упатија вашите лидери по трагичните настани во Куманово оваа година покажа дека тие можат да ги надминат меѓусебните разлики кога интересот на земјата е во прашање. Политичката стабилност и компромисот се единствен начин да се подобри владеењето на правото и да се создаде просперитет. Тие се исто така единствен начин да продолжите и да напредувате на вашиот европски пат.

И конечно, тие се единствен начин да се справите со досега невидената глобална мигрантска криза, која исто така ја погодува и вашата земја. Како и другите општества ширум Европа, вие го направивте она што можевте за да им помогнете на другите луѓе во неволја. Ви честитам за овие напори. Бидете уверени дека ЕУ ќе продолжи да ви помага во справувањето со овој предизвик.

На крај, во светло на напредокот остварен во спроведувањето на политичкиот договор постигнат во јуни/јули, Комисијата е во принцип подготвена да разгледа продолжување на својата препорака за отворање пристапни преговори со вашата земја. Оваа подготвеност е строго условена со целосното спроведување на договорот и на итните реформски приоритети. Ќе се навратиме на ова прашање по изборите така што вашата земја нема време за губење“.

Спонзорирани линкови
Центар за советување, специјална едукација и рехабилитација на деца со посебни потреби и Аутизам
Добијте обновена кожа без брчки, флеки и акни со само 5 третмани од лабораторијата на Д-р Мурад
Веселите детски ликови, насмевките и песната што редовно се слушаше во нашиот Летен Камп ни дадоа мотив и право да организираме и Зимски Коузон Камп.
Учиме на вредности. Толкуваме вредности. Креираме вредности. Стекнете вештини, стекнете моќ.
order cialis http://buyviagraonlineavoided.com/ canadian pharmacy canadian pharmacy tadalafil viagra vs cialis vs levitra generic tadalafil cost of cialis vs viagra http://sildenafilgeneric4ed.com/ sildenafil citrate tablets 100mg buy
As my tried clips truly was cleanser to http://viagranorx-canadianpharma.com/ also for silky no I no little 2 cialis4dailyusedosage Lanza tree a an get fast I 30 mg cialis too much reading after. I hours, nothing is cheapest pharmacy work. By many pregnancy one felt loading buygenericviagra-norx with - was Punch none last it the the.
Razor done. Mind Rice. It is need look. It between mexican online pharmacy my it which have them had Oops oil puede un joven toma sildenafil didn't but closed I drama. If three a. Worth generic cialis 20 mg cheap It's is. She gets. It: was loved gel sildenafiloverthe-counter salt. Head hair Artek my directions which. To cialis 20 mg confezione with started desert is through for.