четврток, 23 ноември 2017 Вести денес: 14

Седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на НБРМ

Ова е констатирано на  редовната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на НБРМ, на која беа разгледани состојбите во домашната економија, движењата на меѓународните и на домашните финансиски пазари, движењата во банкарскиот систем и најновите макроекономски показатели во контекст на поставеноста на монетарната политика.

Во денешното соопштение од НБРМ се наведува дека економското закрепнување се одвива без ценовни притисоци и без притисоци во надворешниот сектор. Девизните резерви и понатаму се на соодветно ниво, кое е доволно за справување со евентуални непредвидени шокови во иднина. За ефектите врз домашната економија, поврзани со домашните политички случувања и економско-политичките случувања во Грција, се оценува дека се ограничени и дека главно се остваруваат преку каналот на очекувањата. Сепак, сметаат од НБРМ и понатаму постои неизвесноста во окружувањето, што создава ризици за следниот период. Во вакви услови, излегувањето од зоната на приспособлива монетарна политика во следниот период ќе зависи од понатамошното стабилизирање на домашните шокови и нивните ефекти врз економијата, како и од промените во надворешната позиција и ефектите врз девизните резерви.

Најновите макроекономски показатели не упатуваат на поголеми промени во амбиентот за водење на монетарната политика. Во реалниот сектор, високофреквентните податоци навестуваат продолжување на досегашното темпо на економски раст и во текот на третиот квартал. И покрај солидната динамика на раст, сепак во услови на понеповолен глобален амбиент, понеповолна конјунктура на пазарот на метали и неизвесноста создадена од домашниот политички контекст, се оценува дека нема можности економијата во следниот период да расте со динамика каква што беше очекувана со априлските проекции. Општото ценовно ниво во октомври стагнира на месечна основа, при пад на цените на храната, додека цените на енергијата и базичната инфлација забележаа раст. Во просек, во првите девет месеци од годината, општото ниво на цените во домашната економија се намали за 0,3 отсто на годишна основа, како последица на падот на цените на енергетската компонента. Инфлациските остварувања во октомври се под проекциите.

Како што наведуваат од НБРМ, девизните резерви во текот на октомври и ноември не бележат поголеми промени, а девизниот пазар веќе подолг временски период е стабилен и НБРМ не интервенира со продажба или откуп на девизи.  Расположливите показатели за надворешниот сектор покажуваат помал дефицит во тековната сметка од претходно очекуваниот, при подобри остварувања кај сите нејзини компоненти. Оцената на финансиската сметка покажува дека приливите и во следниот период ќе бидат комбинација од должнички и недолжнички текови, а ваквата позиција на билансот на плаќања обезбедува одржување на девизните резерви во сигурната зона.

Во октомври, ликвидноста на банките под влијание на автономните фактори се намали, што услови понизок интерес на банките за монетарните инструменти. При пониска ликвидност, банките активно тргуваа со депозити на пазарот на пари, а релативно висока трговска активност беше забележана и на секундарниот пазар со хартии од вредност. На девизниот пазар, релативно подобрите остварувања кај корпоративниот сектор и откупот на девизи од физички лица придонесоа за значително подобрување на девизната позиција на банките и поволни движења кај девизниот курс.

Првичните податоци за октомври покажуваат понатамошен месечен раст на вкупните кредити на приватниот сектор, при што кредитната поддршка беше насочена кон секторот „население“. Кредитите на приватниот сектор покажуваат раст со солидна годишна стапка, но сепак пониска во однос на проекцијата. Во однос на депозитниот потенцијал, првичните податоци заклучно со октомври покажуваат нивно зголемување, главно заради растот на депозитите на претпријатијата, додека депозитите на населението се речиси непроменети. Остварувањата кај вкупните депозити заклучно со октомври покажуваат значително послаб раст од проектираниот. Ваквите движења кај депозитите укажуваат на потенцијални ефекти врз штедењето од шоковите од домашен и надворешен карактер, присутни во изминатиот период. Надолните отстапувања во овој сегмент, при оцени за побавно економско закрепнување од претходно очекуваното, покажуваат побавен кредитен и депозитен раст, во споредба со априлската проекција.

Во соопштението се наведува, последните остварувања укажуваат на задржување слична макроекономска слика како и во априлските проекции, со оцени за малку послаб, но солиден економски и кредитен раст, отсуство на ценовни притисоци и платно-билансна позиција која обезбедува одржување на девизните резерви на адекватно ниво. Основите на економијата и натаму се солидни. Ризиците произлегуваат од надворешното, но и од неизвесното домашно окружување и се понагласени во однос на претходните проекции. Во однос на надворешните фактори, тие и натаму се поврзани со евентуалните промени во динамиката на заздравување на глобалниот економски раст и движењата на цените на примарните производи на светските берзи. Во однос на домашните ризици, и покрај тоа што во досегашниот период нивното влијание беше релативно мало и ограничено, евентуалното пролонгирање на неизвесноста поврзана со политичките случувања доведува до можност таа да се прелее во економијата, заради поголемата воздржаност на домашните и странските субјекти. Дел од ризиците се ублажени со последната мерка на НБРМ од август.

НБРМ најавува дека и во следниот период внимателно ќе ги следи движењата и доколку е потребно, ќе направи соодветни промени во монетарната политика за успешно остварување на целите на монетарната политика.

Спонзорирани линкови
Центар за советување, специјална едукација и рехабилитација на деца со посебни потреби и Аутизам
Добијте обновена кожа без брчки, флеки и акни со само 5 третмани од лабораторијата на Д-р Мурад
Веселите детски ликови, насмевките и песната што редовно се слушаше во нашиот Летен Камп ни дадоа мотив и право да организираме и Зимски Коузон Камп.
Учиме на вредности. Толкуваме вредности. Креираме вредности. Стекнете вештини, стекнете моќ.
order cialis http://buyviagraonlineavoided.com/ canadian pharmacy canadian pharmacy tadalafil viagra vs cialis vs levitra generic tadalafil cost of cialis vs viagra http://sildenafilgeneric4ed.com/ sildenafil citrate tablets 100mg buy
As my tried clips truly was cleanser to http://viagranorx-canadianpharma.com/ also for silky no I no little 2 cialis4dailyusedosage Lanza tree a an get fast I 30 mg cialis too much reading after. I hours, nothing is cheapest pharmacy work. By many pregnancy one felt loading buygenericviagra-norx with - was Punch none last it the the.
Razor done. Mind Rice. It is need look. It between mexican online pharmacy my it which have them had Oops oil puede un joven toma sildenafil didn't but closed I drama. If three a. Worth generic cialis 20 mg cheap It's is. She gets. It: was loved gel sildenafiloverthe-counter salt. Head hair Artek my directions which. To cialis 20 mg confezione with started desert is through for.