понеделник, 20 ноември 2017 Вести денес: 0

Огромен интерес на граѓаните во Канцеларијата наменета за проектот „Купи куќа за млади“

Десетици граѓани денеска дојдоа да се информираат за новиот проект на Владата “Купи куќа за млади“ во канцеларијата која е отворена во рамки на Министерството за финансии.

Вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески вели дека има голем интерес кај младите под 35-годишна возраст за проектот поради што е и отворена канцеларијата.

kupi kuka

– Како што ветивме од денеска во Министерството за финансии е отворена посебна канцеларија за граѓаните во која вработените во Министерството за финансии на заинтересираните лица ќе им ги објаснуваат условите на проектот „Купи куќа за млади“, со оглед на тоа дека секој случај е различен. Некаде недостасуваат пари за учеството некаде недостасуваат пари за отплаќање на ратата, некаде има комплицирана ситуација во семејството од аспект на наследство или прашања дали може да се надградува или доградува куќа. За сите такви прашања и сите други прашања што граѓаните ги имаат околу постапката за полесно да користат средства од проектот „Купи куќа за млади“, Министерството за финансии на едно место ќе им ги дава тие информации. Секој ден граѓаните можат да дојдат во зградата на Министерството за финансии и да ја добијат таа информација, вели Ставрески.

Во следниот период, како што најави вицепремиерот, Министерството за финансии заедно со други државни инситуции ќе организираат каравани низ Република Македонија.

– Значи, ќе ги посетуваме градовите во Република Македонија и таму за младите лица до 35 години ќе ги даваме сите информации кои се потребни за да можат сите луѓе во Република Македонија да се информираат навреме и доколку се одлучат да ја искористат оваа одлична можност за нив, најави Ставрески.

Тој при тоа рече дека ќе разговараат со градоначалниците односно со општините за да се обезбедат повеќе локации за изградба на куќи.

– Ќе им помагаме на граѓаните во сите сегменти од проектот, од општините, банките, субвенциите што треба да ги добијат граѓаните, како и во решавање одредени имотно правни прашања доколку е потребно се со цел поголем број млади луѓе да ја искористат оваа можност, вели тој.

Младите лица кои денеска дојдоа да се информираат за проектот „Купи куќа за млади“, но и постарите кои тука дојдоа да се информираат во име на нивните деца, велат дека ова е одлична можност да се стекнат со сопствен дом.

– Имам 26 години, пред три години купив плац, но немав доволно средства за изградба на куќа. Проектот е одлична можност за конечно да го остварам својот сон и во иднина да се оженам и да имам деца во сопствен дом, вели Милорад од Тетово.

Дваесет и седумгодишниот Јане вели дека размислува да купи државен плац од општина Илинден и таму да си изгради куќа. – Според некои пресметки за ваков плац ќе ми требаат од две до три илјади евра, па откако ќе ја добијам дозволата за градба ќе аплицирам за проектот. Ова е многу добар проект и треба секој млад човек да го искористи. Единаесет години субвенции се навистина многу голема помош и јас сум и многу благодарен на Владата, вели тој.

Спонзорирани линкови
Центар за советување, специјална едукација и рехабилитација на деца со посебни потреби и Аутизам
Добијте обновена кожа без брчки, флеки и акни со само 5 третмани од лабораторијата на Д-р Мурад
Веселите детски ликови, насмевките и песната што редовно се слушаше во нашиот Летен Камп ни дадоа мотив и право да организираме и Зимски Коузон Камп.
Учиме на вредности. Толкуваме вредности. Креираме вредности. Стекнете вештини, стекнете моќ.
order cialis http://buyviagraonlineavoided.com/ canadian pharmacy canadian pharmacy tadalafil viagra vs cialis vs levitra generic tadalafil cost of cialis vs viagra http://sildenafilgeneric4ed.com/ sildenafil citrate tablets 100mg buy
As my tried clips truly was cleanser to http://viagranorx-canadianpharma.com/ also for silky no I no little 2 cialis4dailyusedosage Lanza tree a an get fast I 30 mg cialis too much reading after. I hours, nothing is cheapest pharmacy work. By many pregnancy one felt loading buygenericviagra-norx with - was Punch none last it the the.
Razor done. Mind Rice. It is need look. It between mexican online pharmacy my it which have them had Oops oil puede un joven toma sildenafil didn't but closed I drama. If three a. Worth generic cialis 20 mg cheap It's is. She gets. It: was loved gel sildenafiloverthe-counter salt. Head hair Artek my directions which. To cialis 20 mg confezione with started desert is through for.