сабота, 18 ноември 2017 Вести денес: 0

ЕУ има таен план за депортирање на 80.000 Авганистанци од Европа

Во доверлив документ на Европската унија, кој е предмет на разгледување, се предлага претстојната донаторска средба на врвот да биде искористена како „лост“ за преместување на мигрантите во Авганистан. Брисел смета на дипломатијата за да се надмине кризата.

Над 80.000 Авганистанци ќе треба да бидат депортирани од Европа „во блиска иднина“, според одредбите на овој таен план на ЕУ. Истовремено, се појавија нвови предупредувања за евентуални нови бранови од луѓе од Авганистан, затоа што делови од земјата повторно се враќаат под контрола на талибанците.

Европската комисија ќе ја скрати дадената помош од ЕУ, која изнесува 40 проценти од БДП на Авганистан, ако Владата во Кабул не даде согласност за масовно прифаќање на десетици илјади мигранти кои бараат азил, се посочува во документот кој излезе во јавноста. Во него се признава дека ако биде остварена таа закана, тоа може да доведе до крах на кревката држава.

Авганистанската елита ќе биде наградена со места на европските универзитети, како дел од новата стратегија на ЕУ за искористување на помошта и трговијата како „стимули“ за склучување на договорите за депортација на економските могранти од „безбедни“ региони во Авганистан.

Планот е изложен во заеднички „неофицијален“ документ за разгледување под наслов „ЕУ-доверливо“, кој е изготвен од ЕК и нејзинот надворешно политички оддел, Европската служба за надворешна политика, и бил испратен до постојаните претставници на државите членки на 3 март.

Во рекордното насилство при бунтовничките активности на талибанците – во текот на 2015 година – имало 11,000 жртви меѓу цивилното население, како и неуспехот на економијата, како последица имаат „висок ризик од уште мигрантски текови кон Европа“, се предупредува во документот.

Во Авганистан има 11 милини луѓе кои се внатрешно раселени, а 5,4 милиони Авганистанци побарале засолниште во Пакистан и Иран, затоа што ситуацијата и за двете групи е „небезбедна и безнадежна на долг рок“.

Во октомври, Европската унија ќе биде домаќин на средба на врвот на меѓународните донатори, посветена на Авганистан на која се планир ада биде собрана доволна помош за периодот 2017-2020 година, со цел задржување на мигранстките текови на сегашно ниво.

Административци на Жан-Клод Јункер предлагаат форумот да биде искористен како „лост“ за склучување договор за депортација, и потенцираат дека ЕУ му ветила на Авганистан, повеќе од која било друга држава со наведениот период до 2020 година, сума од 1,4 милијарди евра.

– ЕУ би требало да потенцира дека целта на Бриселската конференција е да постигне финасиски ангажмани на или околу сегашното ниво; од исклучителна важност е до почетокот на летото во преговорите со авганистанската влада за миграцијата, да биде постигнат значителен напредок кој ќе даде гаранции на државите членки и другите донатори, дека Авганистан е надежен партнер способен „да ги исполнува своите ангажмани“, стои во документот.

Во дел од него, насловен „Авганистанските интереси“, се посочува дека Владата на авганистанскиот претседател Ашраф Гани е „силно зависна од надворешната помош“.

– Без сегашните високи нивоа на меѓународната помош е малку веројатно Владата да се справи, затоа што е исправена пред многу предизвици во однос на безбедноста, економијата и политиката, стои во текстот.

Околу 176,000 Авганистанци побарале азил во ЕУ минатаа година, а шест од десет молби поднесени од нив, се оценети како основани за добивање азил – однос кој пораснал заради влошувањето на ситуацијата со безбедноста. Авганистанците се една четвртина од бегалците кои стигнуваат на грчките брегови.

Во документот до кој дошол веб сајтот за граѓански права „Стејтвоч“, стои уште и дека досегашната соработка со Авганистан било „тешко и несразмерно“. И покрај сите јавни изјави на Гани, „не е во ред останатите членови на Владата да го потпомогнат враќањето на економските мигранти додека истовремено се обидуваат да ги предоговараат условите за ограничување на приемот на лицата кои треба да се вратат“.

Во замена за прифаќањето на „принудните враќања“ на економски мигранти од дефинираните „сигурни региони“ во земјата, европските универзитети може да понудат места за авганистански студенти и истражувачи во рамките на програмата Еразмус плус, пишува во дел од документот масловен „Можните елементи на пакетот мерки од ЕУ за стимулација“.

Всушност, во текстот се предупредува дека „ризикот тие студенти да поднесат молба за азил кога се веќе во ЕУ и да сторат се за да не се вратат, е доста висок, како што го покажаа тоа неколкуте неодамнешни случаи“.

Склучениот Договор за соработка за партнерство и развој со Авганистан, со кое Унијата е ангажирана за развој на селските реони, здравството, образованието и програмите за борба против наркотиците, исто може да биде искористен како монета за размена со цел добивање на договорот за депортација, пишува уште во документот.

ЕУ ќе обезбеди и обуки и здравственма грижа за оние кои ќе бидат депортирани.

Во документот се признава дека е тешко да се утврди при обработка на молбите за азил дали некој авганистански реон може да биде дефиниран како безбеден „заради небезбедноста во многу од провинциите“.

Планот предлага и искористување на т.н. веродостојноста на депортацискиот документ, кој е спорен од правна гледна точка и кој го издава ЕУ на мигранти кои ги изгубиле или уништиле своите лични документи.

ЕУ јавно ја турка политиката за дипломатско наддавање, обидувајќи се да ја надмине најголемата миграциска криза од 1945 до денес.

Предложениот договор изгледа слично на гамбитот, кој беше отфрлен од африканските државни лидери на средбата на Малта минатата година, кога ЕУ понуди помош во висина од 1,8 милијарди евра, места на универзитети и покомотен режим за носители на дипломатски пасоши во замена за согласноста за принудна депортација на стотици илјади мигранти од Африка. Во краен случај, лидерите се согласија на доброволна шема за враќање.

Минатиот петок беше постигнат спорен договор со Турција, која беше наградена со шест милијарди долари и визна либерализација во замена за скоро автоматско враќање на канидидатите за азил, кои пристигнале на грчките острови.

На почетокот на месецов, на британскиот министер за внатрешни работи, Тереза Меј, и беше одбиена жалбата за делото за возобновување на депортацијата кон Авганистан според билатералниот договор за реадмисија. Судите заклучија дека дури и неколку од провинциите да се опасни, Кабул е доволно безбеден за враќање на луѓето.

Германија, една од главните дестинации за авганистанските мигранти бара сериозно свој билатерален договор за депортација.

Дејли Телеграф – Лондон

Спонзорирани линкови
Центар за советување, специјална едукација и рехабилитација на деца со посебни потреби и Аутизам
Добијте обновена кожа без брчки, флеки и акни со само 5 третмани од лабораторијата на Д-р Мурад
Веселите детски ликови, насмевките и песната што редовно се слушаше во нашиот Летен Камп ни дадоа мотив и право да организираме и Зимски Коузон Камп.
Учиме на вредности. Толкуваме вредности. Креираме вредности. Стекнете вештини, стекнете моќ.
order cialis http://buyviagraonlineavoided.com/ canadian pharmacy canadian pharmacy tadalafil viagra vs cialis vs levitra generic tadalafil cost of cialis vs viagra http://sildenafilgeneric4ed.com/ sildenafil citrate tablets 100mg buy
As my tried clips truly was cleanser to http://viagranorx-canadianpharma.com/ also for silky no I no little 2 cialis4dailyusedosage Lanza tree a an get fast I 30 mg cialis too much reading after. I hours, nothing is cheapest pharmacy work. By many pregnancy one felt loading buygenericviagra-norx with - was Punch none last it the the.
Razor done. Mind Rice. It is need look. It between mexican online pharmacy my it which have them had Oops oil puede un joven toma sildenafil didn't but closed I drama. If three a. Worth generic cialis 20 mg cheap It's is. She gets. It: was loved gel sildenafiloverthe-counter salt. Head hair Artek my directions which. To cialis 20 mg confezione with started desert is through for.