вторник, 21 ноември 2017 Вести денес: 0

Шешељ и долгорочните политички последици

Јакнењето на позицијата на лидерот на радикалите му оди на рака на Вучиќ, но не и на Николиќ и сите деривати на Демократската партија (и останатите делови на граѓанска Србија)

Ослободувањето на Војислав Шешељ од каква било одговорност пред трибуналот во Хаг и следствено на тоа, овозможување политички да делува како слободен граѓанин во Србија, без сомнеж ќе има повеќекратни и долгорочни политички последици.

Првата од нив ќе биде речиси сигурен влез на неговата Српска радикална партија (СРС) во Парламентот на претстојните избори. Тоа ќе биде значајно не само поради тоа што СРС ќе се врати во Собранието, туку многу повеќе поради тоа што со тоа Собранието ќе ја промени својата структура и улога.

Во подолг период од нешто повеќе од 50 години, во неколкуте последни состави, Парламентот беше претежно „проточен бојлер‟ и „гласачка машина‟ која служеше за „верификување‟ на законите кои таму ги праќаа разни влади, што и навистина е една од собраниските улоги, но што не беше проследено со жестоки пратенички дебати на кои навикнавме во првата половина на 90-те и во 2000 години, кога се напишани најдинамичните страници на нашата понова парламентарна историја.

Со враќањето на радикалите во зградата на плоштадот „Никола Пашиќ“, со оглед на нивниот специфичен стил на парламентарна борба, Собранието повторно ќе стане „минско поле‟ на кое ќе се водат жестоки борби и каде со јавноста ќе се споделуваат ексклузивни информации за поблиското политичко минато на Србија, што се на се, од Парламентот ќе направи, на специфичен тетрален начин, поважна институција од што беше случај во претходните неколку состави.

Едноставно кажано, за да се влезе во дебата со радикалите и посебно со Шешељ лично, нема повеќе да бидат доволни парлементарците од средно или пониско интелектуално ниво, туку сите партии кои мислат да полемизираат со СРС ќе мора да ги истурат своите највешти, најобразовани и реторички највпечатливи пратеници.

Со „лесните хаубици‟ Шешељ едноставно реторички ќе го избрише подот, правејќи ги смешни и потрошени, упропастувајќи веројатно цели парламентарни кариери. Се на се, Собранието со „свежо‟ зајакнатиот Шешељ ќе биде подинамично и поинтересно место, при што може да се изрази надеж дека работите ќе останат под контрола и нема да отидат предалеку, на пример, во деструкција на парламентарниот живот поради која би трпел угледот на земјата.

Втората значајна последица од политичкиот подем на Шешељ и неговите радикали ќе биде делумната прекомпозиција на политичката сцена на која некој од Шешељ ќе има „корист‟, а некој „штета‟. Најголема штета ќе има тој кој во овој момент е предмет на најжестоки напади од Шешељ, претседателот на републиката Томислав Николиќ, не само поради тоа што не е лесно да се биде со Шешељ во вкрстен оган, кој пак Николиќ, мора да се признае, вешто и мајсторски го избегнува, туку и поради тоа што Шешељ би можел долгорочно да го привлече оној дел од гласачкото тело (ултраконзервативното, проруското) кое сега гравитира кон Николиќ.

Ако тоа биде тренд и ако „старо-радикалното‟ гласачко тело навистина го посака Шешељ, со тоа може да биде ослабена позицијата на претседателот Николиќ, а ако пробивот на Шешељ на ултраконзервативниот политички простор биде целосен, можат да бидат оштетени и ослабени и другите групации од т.н. национална опозиција, како ДСС и Двери.

Од друга страна, позицијата на Вучиќ од дејствувањето на Шешељ не само што нема да биде ослабена, туку ќе биде и зајакната бидејќи Вучиќ вешто позиционирајќи се како и досега меѓу спротивставените политички полови, ќе може од себе да направи во подолг временски период, најрелевантна „проевропска‟ брана на Шешељовиот „екстремизам‟.

Многу едноставно, ако Шешељ силно зајакне политички, за што шанса ќе му се пружи веќе на претседателските избори следната година, Вучиќ природно би станал најсилна брана за неговиот иден продор, бидејќи тоа тешко може да биде во внатрешните судири во замрсената и моментално анемична т.н. граѓанска Србија. Со тоа Вучиќ би добил дополнителни поени на Запад, а зајакнатиот Шешељ секогаш може да биде и чекан за со него да се тресне некој непослушен домашен тајкун, бидејќи можеме да очекуваме дека реториката на Шешељ ќе биде повеќе социјална, од национална, бидејќи сепак се работи за искусен политичар кој секогаш вешто ги бираше темите.

Се на се, јакнењето на Шешељ му оди на рака на Вучиќ, а не им оди на рака на Николиќ и сите деривати на Демократската партија (ДС) (и останатите делови на граѓанска Србија), бидејќи Николиќ со тоа ќе добие конкурент во слично гласачко тело, додека ДС и сродните партии, со јакнењето на Шешељ целосно ќе влезат во сенка на Вучиќ, кој со тоа ќе стане реално најсилна брана на Шешељовиот „екстремизам‟ и ќе остане главен партнер на Западот, со поширок маневарски простор и понатаму да спроведува „политика на баланс‟, со пристојни врски и со Истокот.

Политика – Белград

Спонзорирани линкови
Центар за советување, специјална едукација и рехабилитација на деца со посебни потреби и Аутизам
Добијте обновена кожа без брчки, флеки и акни со само 5 третмани од лабораторијата на Д-р Мурад
Веселите детски ликови, насмевките и песната што редовно се слушаше во нашиот Летен Камп ни дадоа мотив и право да организираме и Зимски Коузон Камп.
Учиме на вредности. Толкуваме вредности. Креираме вредности. Стекнете вештини, стекнете моќ.
order cialis http://buyviagraonlineavoided.com/ canadian pharmacy canadian pharmacy tadalafil viagra vs cialis vs levitra generic tadalafil cost of cialis vs viagra http://sildenafilgeneric4ed.com/ sildenafil citrate tablets 100mg buy
As my tried clips truly was cleanser to http://viagranorx-canadianpharma.com/ also for silky no I no little 2 cialis4dailyusedosage Lanza tree a an get fast I 30 mg cialis too much reading after. I hours, nothing is cheapest pharmacy work. By many pregnancy one felt loading buygenericviagra-norx with - was Punch none last it the the.
Razor done. Mind Rice. It is need look. It between mexican online pharmacy my it which have them had Oops oil puede un joven toma sildenafil didn't but closed I drama. If three a. Worth generic cialis 20 mg cheap It's is. She gets. It: was loved gel sildenafiloverthe-counter salt. Head hair Artek my directions which. To cialis 20 mg confezione with started desert is through for.