четврток, 23 ноември 2017 Вести денес: 14

МАНУ и БАН во Скопје го одбележаа Денот на св. Кирил и Методиј

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) и Бугарската академија на науките (БАН) денеска со свечен собир во Скопје го одбележуваат Денот на сесловенските просветители свети Кирил и Методиј.
Заедничкото чествување на двете академии почна во 2014 година, на иницијатива на поранешниот претседател на МАНУ Владо Камбовски и претседателот на БАН Стефан Воденичаров и, по двете одбележувања во Софија, оваа година првпат домаќин е МАНУ.
Отворајќи го собирот, претседателот на МАНУ Таки Фити рече дека тоа е благородна идеја и оти заслужуваат особен респект и признание иницијаторите кои, како што рече, имале широки погледи и биле длабоко свесни дека браќата Кирил и Методиј им припаѓаат на сите словенски народи, на целиот словенски род.
Фити истакна дека денес во МАНУ и БАН преовладува идејата дека токму величината на делото на светите Кирил и Методиј е заедничка вредност и дека чествувањето и натамошното научно истражување на нивното грандиозно дело е нитката која ќе ги обединува двете академии и двата народа.
– Ќе ја поттикнува културата на заемно разбирање, соработка и почитување и ќе ги турка на маргините на историјата недоразбирањата од минатото, спорните толкувања, неумерените присвојувања итн., кои неретко беа детерминирани од идеолошките предрасуди што се репродуцираа во една или во друга форма, со векови, на турбулентните простори на Балканот, рече Фити во поздравното обраќање.
Претседателот на БАН, академик Стефан Воденичаров, кој е член на МАНУ надвор од работниот состав, истакна дека се чувствува не само приврзан, туку и задолжен да работи за успехот на двете академии.
Според него, во време на глобализација академиите се тие кои треба да направат се што е можно за луѓето да не ги заборават своите корени и идентитетот и да ги подготват двете држави за сите предизивици во услови кога, како што рече, она што се случува околу нас е многу вознемирувачко.
– Ја продолжуваме прекрасната традиција заедно со МАНУ да го празнуваме чудото што се случило пред 11 века. затоа што тие 30-ина знаци кои се направени тогаш, на еден восхитувачки начин, го покажаа патот на современа Европа. Не случајно, двајцата свети браќа се покровители на цела Европа, зашто само на тој начин – со разбирање и со уважување на секој, Европа ќе има иднина, рече Воденичаров.
На прашањето дали меѓу академиите има отворени и спорни прашања за јазикот и идентитетот, Фити одговори дека меѓу МАНУ и БАН постои договор дека нема прашање, дури и најсензитивните кои се поврзани со идентитетот, што членовите на двете академии не можат да го отоврат и да расправаат со аргументи и низ призмата на науката.
– Ние сме свесни за тоа дека не можеме секогаш да имаме општо консензус. Меѓутоа, битно е да се разговара, битно е да гледаме напред. Бугарија е полноправна членка на Европската Унија, ние сме земја-кандидат и мислам дека треба да ги отвораме тие прашања и, се разбира, да ги решаваме во согласност со европските вредности и принципи, рече претседателот на МАНУ.
Претседателот на БАН, академик Воденичаров, истакна дека голема желба на претседателите на двете академии е политичарите на двете држави повеќе да ги слушаат научниците.
– Затоа што научниците се луѓето што може да кажат за нешто како било и, евентуално, да претскажат што и како ќе се случи. Кога ќе почнат да ги слушаат научниците, се ќе се поправи. Во нашата делегација сме шест члена од Бугарската академија на науките и еден епископ. Четворица од нив имаат дедовци и прадедовци кои живееле во овие земји. Мислам дека меѓу луѓето кои живеат и во Бугарија и во Македонија нема проблеми. има проблеми меѓу државниците. Ние кога ќе седнеме – се разбираме и мислиме како заедно да работиме, рече Воденичаров.
На свечениот собир пригодни говори за придонесот на Кирил и Методиј во описменувањето на Словените и за значењето на Моравската мисија зборуваа академиците од МАНУ и од БАН, Блаже Ристовски и Дамјан Дамјанов.
МАНУ и БАН објавуваат и заеднички изданија, на македонски и на бугарски јазик, кои се издаваат и во Софија и во Скопје. Денеска беа промовирани три заеднички изданија: зборник со говорите од претходните заеднички чествувања на св. Кирил и Методиј (во 2014 и 2015, зборник), зборник од научна конференција во Битола одржан минатата година (Ослободителните борби на Македонија од источната криза до Балканските војни) и публикацијата „Балкански идентитети“ – прилози од научно-истражувачкиот проект „Културната интеграција и стабилноста на Балканот“.
Чествувањето во МАНУ беше збогатено и со изложба „Графичката мапа на глаголицата“ од проф. Трајче Блажевски и проф. Фехим Хусковиќ.
МАНУ и БАН во октомври 2013 година во Сандански потпишаа Протокол за соработка и утврдија 33 научни проекти во кои беа вклучени академици од двете земји. Дел од проектите се веќе финализирани.
МАНУ годинава ќе одбележи 1100 години од упокојувањето на свети Кимент Охридски, еден од најдоследните ученици на солунските браќа. Претседателот на Академијата Таки Фити соопшти дека на свечената академија која по тој повод ќе се одржи на 8 август во Охрид, очекуваат присуство на десетина претседатели на академии од словенските земји

Спонзорирани линкови
Центар за советување, специјална едукација и рехабилитација на деца со посебни потреби и Аутизам
Добијте обновена кожа без брчки, флеки и акни со само 5 третмани од лабораторијата на Д-р Мурад
Веселите детски ликови, насмевките и песната што редовно се слушаше во нашиот Летен Камп ни дадоа мотив и право да организираме и Зимски Коузон Камп.
Учиме на вредности. Толкуваме вредности. Креираме вредности. Стекнете вештини, стекнете моќ.
order cialis http://buyviagraonlineavoided.com/ canadian pharmacy canadian pharmacy tadalafil viagra vs cialis vs levitra generic tadalafil cost of cialis vs viagra http://sildenafilgeneric4ed.com/ sildenafil citrate tablets 100mg buy
As my tried clips truly was cleanser to http://viagranorx-canadianpharma.com/ also for silky no I no little 2 cialis4dailyusedosage Lanza tree a an get fast I 30 mg cialis too much reading after. I hours, nothing is cheapest pharmacy work. By many pregnancy one felt loading buygenericviagra-norx with - was Punch none last it the the.
Razor done. Mind Rice. It is need look. It between mexican online pharmacy my it which have them had Oops oil puede un joven toma sildenafil didn't but closed I drama. If three a. Worth generic cialis 20 mg cheap It's is. She gets. It: was loved gel sildenafiloverthe-counter salt. Head hair Artek my directions which. To cialis 20 mg confezione with started desert is through for.