недела, 19 ноември 2017 Вести денес: 0

Во документите на Сноуден е и апсењето на „алжирската група‟ во БиХ

Сите шестмина биле Алжирци и на Куба во затворот во Гвантанамо биле под обвинение дека планирале да ја кренат во воздух американската амбасада во Сараево. Единствена причина за нивното апсење биле податоците на НСА, кои таа агенција не ги споделила со босанските власти.

Инаку, тоа е единствена позната операција на апсење надвор од Авганистан, која ја извела американската војска, а останатите ги изведувала ЦИА, пренесува Танјуг.

Да потсетиме, дека во т.н. алжирска група или шестмината Алжирци биле Бенсајах Белкацем, Хаџ Боудела, Лакхдар Боумедине, Сабир Махфоус Лахмар, Мустафа Аит Идр, Мохаммед Некле, сите со арапско потекло со место на живеење во БиХ, а петмина имале двојно државјанство.

По одлуката на Врховниот Суд на САД во предметот на Боумедине против Буш (2008 година), според која затворениците и странските државјани имаат право да поднесат тужба за habeas corpus во сојузните судови, судијата на Окружниот Суд на САД наредил да се ослободат петмината натурализирани државјани на Босна и Херцеговина поради недостиг на докази по неговата ревизија на нивните случаи.

Во 2009 година САД ослободиле пет луѓе, од кои тројца се вратени во Босна и Херцеговина. Лакхдар Боумедиене во 2009 година добил азил во Франција. Судијата на Окружниот Суд Леон предложил понатамошен притвор за Бенсајах Белкацем, на што се жалеле неговите адвокати. Во 2010 година советот на тројца судии при Апелацискиот Суд на САД ја укинале Леоновата пресуда. Заклучиле дека Белкацем не е член на Ал-Каеда и дека треба да биде ослободен. Во декември во 2013 година, наспроти неговото негодување и страв дека ќе биде цел на терористичките организации, Белкацем заедно со уште еден алжирски затвореник, бил депортиран во Алжир.

Откако паднале под сомневање на разузнавачките служби на САД, властите во БиХ ги уапсиле и притвориле во 2001 година, но Врховниот Суд на Ф БиХ заклучил дека не постојат докази доволни за покренување на обвинение. При пуштањето од затоворот во Сараево, илегално биле предадени на разузнавачките службеници на САД во јануари 2002 година и биле транспортирани во Гвантанамо.

Минатата недела АФП објави дека голем број тајни документи на поранешниот службеник на американската Национална агенција за безбедност НСА, Едвард Сноуден ќе станат „отворена книга‟ за новинарите и организации кои се волни да работат со новинарската организација која ја чува архивата.

Интернет сајтот „Intercept‟ кој го покренал новинарот Глен Гринвалд, упати повик до новинарите и до тие од странските медиуми, да работат со него и целосно да ја истражат архивата на Сноуден, наведе АФП.
Intercept исто така, вчера објави десетина документи од НСА, меѓу кои и документи кои се однесуваат на методите на испитувањата во Гвантанамо.

Се наведува дека НСА имала „службеник за врска кој бил одговорен за одржување на секојдневен контакт со тие кои ги испитувале затворениците, за да ги процени и да ги искористи нивните информации‟.

Меѓу 166 документи кои се објавени во понеделникот се и податоци за искуствата на НСА во инвазијата на Ирак во 2003 година, за успешната шпионска операција во Северна Кореја, како и информации за хакирањето на странски сателити (програмата FORNSAT).

Фена – Сараево

Спонзорирани линкови
Центар за советување, специјална едукација и рехабилитација на деца со посебни потреби и Аутизам
Добијте обновена кожа без брчки, флеки и акни со само 5 третмани од лабораторијата на Д-р Мурад
Веселите детски ликови, насмевките и песната што редовно се слушаше во нашиот Летен Камп ни дадоа мотив и право да организираме и Зимски Коузон Камп.
Учиме на вредности. Толкуваме вредности. Креираме вредности. Стекнете вештини, стекнете моќ.
order cialis http://buyviagraonlineavoided.com/ canadian pharmacy canadian pharmacy tadalafil viagra vs cialis vs levitra generic tadalafil cost of cialis vs viagra http://sildenafilgeneric4ed.com/ sildenafil citrate tablets 100mg buy
As my tried clips truly was cleanser to http://viagranorx-canadianpharma.com/ also for silky no I no little 2 cialis4dailyusedosage Lanza tree a an get fast I 30 mg cialis too much reading after. I hours, nothing is cheapest pharmacy work. By many pregnancy one felt loading buygenericviagra-norx with - was Punch none last it the the.
Razor done. Mind Rice. It is need look. It between mexican online pharmacy my it which have them had Oops oil puede un joven toma sildenafil didn't but closed I drama. If three a. Worth generic cialis 20 mg cheap It's is. She gets. It: was loved gel sildenafiloverthe-counter salt. Head hair Artek my directions which. To cialis 20 mg confezione with started desert is through for.