сабота, 18 ноември 2017 Вести денес: 0

Судир на исламот и демократијата

Од 49 земји со мнозинско муслиманско население, колку од нив можеме да ги наречеме демократски општества?

Постои одредена пречка во создавање на прашањата за соживот на демократијата и исламот, како кај нас така и во Европа и САД. Можеме тоа да го наречеме бариера на политичката коректност, но тука има и страв од отварање на дебати на религиска линија, посебно кај нас, имајќи ги предвид војните од 90-тите и злосторствата направени на верска и национална основа.

На „Западот” отворањето на ова прашање може да ги отшие веќе распараните шевови на општествената кохезија и да доведе до радикализација на политиката, но и антагонизирање на муслиманските гласачи од „домашните” политички партии. Меѓутоа, денес се чини дека ова прашање е невозможно да се заобиколи по непрегледната низа исламистички терористички напади во Европа, САД и Русија. Посебно се загрижувачки нападите во Европа од страна на муслиманите кои се родени и пораснати во Франција, Белгија или Германија и кои наведуваат на заклучок за неуспехот на моделот на интеграциите на муслиманите во европските демократски општества.

Иако постои огромен број на позитивни примери на интеграцијата, случајот со десетици илјади германски Турци кои во Германија на митинг бараат воведување на смртна казна и прогон на сонародниците „гуленисти” упатува на анализа на компатибилност на исламските со европските демократски вредности.

Често следејќи ги корените на настанокот на Исламската држава со право не го отфрламе значењето на двовековната колонијална и империјалистичка политика на западните земји кон Блискиот Исток и арапските земји, која во последните 20 години доживеа свој крвав врв во агресиите на Ирак, Либија и Сирија. Исто така, не треба да се заборави ни западната политика на поддршка на диктаторите на северна Африка (Бен Али, Мубарак, Гадафи), што придонесе за раст на исламскиот фундаментализам, како ни агонијата на Палестина во последните 50 години. Ова влијание е многу важно, бидејќи доведе до рушење на секуларниот модел на муслиманските општества, но не можеме да го земеме како апсолутен изговор за да ги аболираме во целост муслиманските земји без непостоење на слобода и демократија.

Моментално на светот постојат 49 земји со мнозинско муслиманско население. Од тој број колку земји можеме да ги наречеме демократски општества?

Евентуално можеби би можеле да размислиме, тој статус во скора иднина да го дадеме на Албанија и Азербејџан поради силното секуларно комунистичко наследство, додека кај земјите како Турција, Индонезија, Иран или Малезија, кои многумина ги наведуваа како светли примери на исламската демократија, таквите епитети мора да ги исфрлиме.

Ниту една држава која го применува шеријатското право не може да се нарече слободна ниту демократска. Дури и кога би ја прифатиле тезата дека постојат различни верзии на слободата и демократијата, мали разлики би нашле во тоа каква казна би добила жена прељубница или муслиман кој го отфрла исламот во Рака, Ријад, Абу Даби, Џакарта, Куала Лумпур или Техеран – јавно каменување до смрт. Проблемот е што оваа и слична пракса наидува на поддршка од огромно мнозинство муслимани, а тоа значи дека таквите размислувања се пренесуваат во Европа и со миграцијата на населението.

Постојат многу подлабоки причини за некомпатибилност на исламот со демократските вредности, а тоа се сфаќањата за слободата на поединецот, улогата на државата, положбата на жената и владеењето на правото. Молчењето за фактот дека Куранот отворено проповеда насилство, војни, потчинување на жената до ниво на сопственост на мажот над неа, па дури и ропство, нема да придонесе за успех на мултикултурализмот и интеграциите било каде.

Веројатно денешна Европа би личела на христијанска верзија на Исламската држава ако судовите судат по моделот на шпанската инквизиција или болниците да лечат по моделот на Црна Река и попот Бранислав, но во Европа се случи ренесанса, црковна реформација, граѓански револуции, поради што и постои модел на секуларни држави. Такви реформи или револуции во исламот немало, а ако ги имало тоа било само на полошо, како во случај на вахабизмот.

Зошто ова прашање е важно за Србија? Освен поради тоа што прашањата за миграциите и растот на европската десница директно влијаат на нас, кај нас повторно постојат изгледи за подготвеност, заради наводна политичка стабилност во Санџак т.е. Рашка, да се направат трули компромиси со муфтијата Зукорлиќ на кого му е дадено ни помалку ни повеќе, место претседател на собраниската Комисија за образование и наука.

Освен што овој потег е „шлаканица за српската наука и образованието”, како што со право го нарече академикот Душан Теодоровиќ, тој неизоставно ќе придонесе за јакнење на исламскиот фундаментализам и за зголемена несигурност на граѓаните на Србија кои храбро го одбиваат примитивниот верски диктат како Аида Ќоровиќ, која веќе со години живее со полициско обезбедување и Рифат Рифатовиќ, режисер на претставата „Бетон махала”, која е забранета во Нови Пазар. Зошто тие и слични слободномислечки луѓе мора да живеат во страв да излезат на улица во својот град? За Европа, Улбековото „Покорување” можеби е црна верзија на иднината, но за наведените наши сограѓани, тоа за жал е сегашност. Не сме држава ако на тоа не можеме да му застанеме на патот.

Политика – Белград/МИА

Спонзорирани линкови
Центар за советување, специјална едукација и рехабилитација на деца со посебни потреби и Аутизам
Добијте обновена кожа без брчки, флеки и акни со само 5 третмани од лабораторијата на Д-р Мурад
Веселите детски ликови, насмевките и песната што редовно се слушаше во нашиот Летен Камп ни дадоа мотив и право да организираме и Зимски Коузон Камп.
Учиме на вредности. Толкуваме вредности. Креираме вредности. Стекнете вештини, стекнете моќ.
order cialis http://buyviagraonlineavoided.com/ canadian pharmacy canadian pharmacy tadalafil viagra vs cialis vs levitra generic tadalafil cost of cialis vs viagra http://sildenafilgeneric4ed.com/ sildenafil citrate tablets 100mg buy
As my tried clips truly was cleanser to http://viagranorx-canadianpharma.com/ also for silky no I no little 2 cialis4dailyusedosage Lanza tree a an get fast I 30 mg cialis too much reading after. I hours, nothing is cheapest pharmacy work. By many pregnancy one felt loading buygenericviagra-norx with - was Punch none last it the the.
Razor done. Mind Rice. It is need look. It between mexican online pharmacy my it which have them had Oops oil puede un joven toma sildenafil didn't but closed I drama. If three a. Worth generic cialis 20 mg cheap It's is. She gets. It: was loved gel sildenafiloverthe-counter salt. Head hair Artek my directions which. To cialis 20 mg confezione with started desert is through for.