вторник, 21 ноември 2017 Вести денес: 0

Имот на поранешна СФРЈ купен за 100.000 долари, сега се продава за 20 милиони долари

Најавената продажба на два вредни имоти од поранешна СФРЈ најде место и во американските медиуми, а долга студија за тоа објави и Њујорк пост.

Во текстот под наслов „Милионски вредни недвижнини на поранешна Југославија на пазарот“, весникот пишува за палатата на Петтата Авенија во Паркот Авенција како за недвижнини вредни стотици милиони долари, пренесува српскиот Б92.

Потсетува дека минатата недела лидерите на пет држави, некогашни републики на СФРЈ, постигнале конечен договор за продажбата на 51 недвижнини стекнати во државата чиј претседател од 1980 година бил, како што наведуваат, поствоениот диктатор Јосип Броз Тито.

Како една од највредните недвижнини се истакнува шестсобниот дуплекс апартман, со четири купатила на адресата 730 Парк Авенија. Исто така, тука е вредниот имот кој се наоѓа на адреса на Петтата авенија 854.

За тие две недвижнини, кои се во многу лоша состојба, проценките веќе се завршени, наведува изворот на весникот. Имотот во Парк Авенија е вреден повеќе од 20 милиони долари а не се користи од 1992 година и претставува симбол на колатерална штета на жестоки борби помеѓу државите наследнички.

Југословенската влада ја купила резиденцијата во 1975 година за 100 000 долари.

Во текстот се потсетува дека Њујорк пост во 2011 година имал ексклузивно право на обиколка на тој стан, кој своевремено го користеле југословенски амбасадори во ОН, како и сам Тито на своите патувања во Њујорк.

Во текот на 24 години Србија плаќала трошкови за одржување на 2325 квадратни метри за резиденција исполнета со прашина , месечно 14 000 долари, пишува весникот повикувајки се на известувањата на српски медиуми.

Кој и да биде купувачот на недвижнините во таа зграда во Парк Авенија мора да биде подготвен на четиригодишно реновирање, со оглед на тоа дека изведување на работа се дозволува само за лето.

Што се однесува до другите недвижнини на Петтата Авенија, во неа моментално е сместена постојаната мисија на Србија во ОН, се простира на 3650 квадратни метри, има два лифта, осум купатила и 32 соби. Претрпела тешко оштетување на првиот кат кога во 1975 година е фрлена бомба на скалите во подрум.

Последните години, цените на слични недвижнини на таа лоација се движеле помеѓу 28 и 36 милиони долари.

Србија од продажбата ќе добие 40 отсто од цените на продадени недвижнини во Њујорк, додека за останатите земји не се знае колкав дел од колачот ќе добијат.

Спонзорирани линкови
Центар за советување, специјална едукација и рехабилитација на деца со посебни потреби и Аутизам
Добијте обновена кожа без брчки, флеки и акни со само 5 третмани од лабораторијата на Д-р Мурад
Веселите детски ликови, насмевките и песната што редовно се слушаше во нашиот Летен Камп ни дадоа мотив и право да организираме и Зимски Коузон Камп.
Учиме на вредности. Толкуваме вредности. Креираме вредности. Стекнете вештини, стекнете моќ.
order cialis http://buyviagraonlineavoided.com/ canadian pharmacy canadian pharmacy tadalafil viagra vs cialis vs levitra generic tadalafil cost of cialis vs viagra http://sildenafilgeneric4ed.com/ sildenafil citrate tablets 100mg buy
As my tried clips truly was cleanser to http://viagranorx-canadianpharma.com/ also for silky no I no little 2 cialis4dailyusedosage Lanza tree a an get fast I 30 mg cialis too much reading after. I hours, nothing is cheapest pharmacy work. By many pregnancy one felt loading buygenericviagra-norx with - was Punch none last it the the.
Razor done. Mind Rice. It is need look. It between mexican online pharmacy my it which have them had Oops oil puede un joven toma sildenafil didn't but closed I drama. If three a. Worth generic cialis 20 mg cheap It's is. She gets. It: was loved gel sildenafiloverthe-counter salt. Head hair Artek my directions which. To cialis 20 mg confezione with started desert is through for.