понеделник, 20 ноември 2017 Вести денес: 0

Чесен договор со САД

Во Турција почна дебата за претседателскиот систем на еден многу чуден начин. Предлогот на Партијата на правдата и развојот (АКП) има многу малку допирни точки со демократскиот претседателски систем како оние во САД или Франција.

Тоа е речиси „а ла карт“ демократија за поченици со која му се дава немерлива моќ на „претседателот“ да го распушти Парламентот, да именува судии на највисоките места во судовите и слични институции, но никаква контрола врз самиот претседател (тој или таа).

Се додека црвените линиии на Партијата на националистичкото движење (МХП) се ограничени во првите четири члена, врвот на партијата АКП ќе може да ја продаде својата идеја како „унитарен претседателски систем“, кој ќе биде сличен на оние во фрагилните централноамерикански демократии. Но, овој текст всушност и не е за тековната дискусија која се води во Турција.

Центарот за американски прогрес (ЦАП) неодамна објави детален извештај за тоа што треба следниот претседател на САД да прави на Блискиот Исток. Извештајот ја става Турција во категоријата „хибриден режим“, која е само еден чекор до авторитарен.

Турција, според овој критериум, е еднаква на Ирак и Мароко. Тунис, на пример, стои подобро од Турција како „демократија со недостатоци“. Во смисол на слободата на изразувањето, Турција е еднаква со Мароко, Алжир и Либија, со својот закон за богохулење.

Извешатјот на ЦАП ги истакнува предизвиците во регионот како „четири длабоки дефицити“: дефицит на образование, слобода, женски права и економски можности. Како проблем на арапскиот свет, овие четири дефицити стануват срж на тековниот социјален, економски и безбедносен проблем на Турција.

Но, во меѓувреме, можеби Анкара треба да си создаде свој план за да се справи со новиот претседател. Првиот чекор за ова е отвореноста и чесноста. Еден директор на водеча американска компанија за софтвер ми рече дека и покрај сите напади кон Американците пред „старешините“, претседателот Ердоган, во приватни средби, комотно зборува со бизнисмени, а посебно американски бизнисмени, и ги поттикнува да инвестираат во Турција.

– Не обрнувајте внимание на тоа, ми рече тој, раскажа директорот. „Ме удри молња. Си помислив дека ќе ни доделат маса до тоалетот за време на официјален ручек во Бештепе. Но, не сместија на главната маса, додава соговрникот.

Ова претставува голема опасност. Претседателот не може да игра „херој против неверниците“ пред масата народ и „добро момче“ зад затворени врати на бизнис средби. Блискоисточните политичари можеби не се навикнати на ваквата дихотомија, но економии со отворен пазар и вистински демократии нема да ви бидат блиски ако вашата реторика стане непредвидлива или можеби препредвидлива.

Како може западна фирма да опстане во Турција кога следбениците на АКП и троловите на социјалните медиуми ќе ви копаат гроб додека службени лица се ваши домаќини на вечерите?

Новоназначен американски дипломат ја истакна потребата за „ревизија“ на американско-турските односи. – Страната на бизнисот цвета. Не можам да сфатам како можеме политички да бидеме во толку лоша форма, рече тој.

Мојот колега му кажа дека е секогаш профитабилно да се дефинираат САД како „непријателот“, затоа што тоа носи големи поени на гласачките места. – Но, сојузници сме веќе 60 години, рече тој.

Таквата алијанса дваесет години беше предмет на сомнеж кај прогресивните и секуларни луѓе во оваа земја. Ако САД сакаат отвореност и чесност, треба да престане да ги третира турските опозициски групи како „маргинални со никакви шанси за победа на избори“.

Хуриет Дејли Њуз – Истанбул/МИА

Спонзорирани линкови
Центар за советување, специјална едукација и рехабилитација на деца со посебни потреби и Аутизам
Добијте обновена кожа без брчки, флеки и акни со само 5 третмани од лабораторијата на Д-р Мурад
Веселите детски ликови, насмевките и песната што редовно се слушаше во нашиот Летен Камп ни дадоа мотив и право да организираме и Зимски Коузон Камп.
Учиме на вредности. Толкуваме вредности. Креираме вредности. Стекнете вештини, стекнете моќ.
order cialis http://buyviagraonlineavoided.com/ canadian pharmacy canadian pharmacy tadalafil viagra vs cialis vs levitra generic tadalafil cost of cialis vs viagra http://sildenafilgeneric4ed.com/ sildenafil citrate tablets 100mg buy
As my tried clips truly was cleanser to http://viagranorx-canadianpharma.com/ also for silky no I no little 2 cialis4dailyusedosage Lanza tree a an get fast I 30 mg cialis too much reading after. I hours, nothing is cheapest pharmacy work. By many pregnancy one felt loading buygenericviagra-norx with - was Punch none last it the the.
Razor done. Mind Rice. It is need look. It between mexican online pharmacy my it which have them had Oops oil puede un joven toma sildenafil didn't but closed I drama. If three a. Worth generic cialis 20 mg cheap It's is. She gets. It: was loved gel sildenafiloverthe-counter salt. Head hair Artek my directions which. To cialis 20 mg confezione with started desert is through for.