понеделник, 20 ноември 2017 Вести денес: 0

Не само кој ќе биде новиот претседател, туку и кој ќе го контролира Сенатот ќе одлучат избирачите во САД на 8 ноември

Додека светот се фокусира на тоа кој ќе биде следниот претседател, се води битка за контрола на Конгресот во САД. Мнозинството во Домот на претставниците и во Сенатот ќе го офоромат дневниот ред на следниот претседател, независно кој ќе победи.

Конформтацијата меѓу кандидатите за претседател на демократите Хилари Клинтон и нејзиниот соперник, номиниран од републиканците, Доналд Трамп, е само врвот на ледениот брег во битката на двете најголеми партии за власт во политичкиот систем на САД.

Тензичната претседателска трка може да доведе до промена во контролата американскиот Конгрес и ги определи можностите следниот претседател да ја примени својата програма за управување.

Утре, американските гласачи ќе изберат 34 члена од 100-члениот Сенат и сите 435 членови на Долниот дом на претставници. И двата дома во моментов се контролирани од републиканците, кои го блокираа претседателот Барак Обама по неколку политички прашања, и се надеваат дека ќе ја контролираат и Клинтон, ако таа биде избрана.

Подготвените за битка републиканци ќе си ги бранат своите места во клучните држави во кои кандидатите за претседател ќе користат блиски нивоа на поддршка, која им дава надеж на демократите дека можат да ги добијат петте места неопходни за да имаат целосна контрола над горниот дом.

Се очекува републиканците да ја задржат контролата на Домот на претставници; мнозинството од конзервативната партија во долниот дом е големо, а исходот од сосема малиот дел од трките е неизвесен.

Демократите трошат многу средства во држави кои се клучни за изборите за претседател, и за оние за Сенатот, како Флорида, Охајо, Пенсилванија и Њу Хемшир.

Според аналитичарот Лари Сабато од Универзитетот во Вирџинија, има шест држави во кои резултатите од изборите за Сенат не можат да бидат предвидени: Њу Хемшир, Пенсилванија, Северна Каролина, Индијана, Мисури и Невада.

-Сите тие кандидати се сакани од избирачите кои досега не гласале за нивната партија, но ефектот Клинтон може да ги сопре, напиша Сабато минатата недела.

Обама отворено зборува за конурентите на демократите во тие клучни држави на митинзите на Клинтон, ги поврзува со Трамп и истакнува дека Клинтон „ќе има потреба од сојузници“ во Сенатот,

Во нападите против познатиот сенатор Марко Рубиот од Флорида, кој беше победен од Трамп на предвремените избори на републиканците и се на многу мало растојание од канидиатот за претседател, Обама го опишува Рубиот како дволичен. „Пред некои избирачи, Марко Рубио вели дека ги смета коментарите на Трамп за ужасни. А потоа, пред други свои избирачи, посочува дека ќе го поддржи Трамп“, изјави Обама на митинг во Флорида. „Знаете, не можете да ги тврдите двете нешта“.

Многу републикански сенатори веќе беа оценети како неподобни, откако беа избрани со бран протести против Обама на меѓуизборите за Конгрес во 2010 година, а сега ќе се борат за своите места во годината на претседателски изори, кога традиционално гласаат повеќе демократи.

Кандидатурата на Трамп всушност ја засили тревогата за задржување на контролата над доот меѓу републиканците, поттикнувајќи законодавци како Кели Ејот, сенаторката од Њу Хемшир, внимателно да се дистанцира од кандидатот за претседател на партијата.

Минатиот месец Ејот ја повлече поддршката за Трамп, но рече дека пак ќе гласа за него. Подоцна таа си навлече критики откако посочи дека тој може да се смета за „модел за поддршка“ а потоа ги повлече своите зборови и посочи дека ниту Трамп, ниту Клинтон не можат да служат за пример.

Како израз за согласност со можната штета која Трамп може да ја нанесе на други републиканци, претседателот на Домот на претставници Пол Рајан минатиот мемсец рече дека повеќе нема да го штити Трамп, а нместо тоа ќе ги фокусира напорите за помагање на кандидиатите на партијата за Конгресот.

Неодамна, Рајан рече дека ќе гласа за „нашиот кандидат“ и дека „треба да ги поддржиме сите други кандидати на републиканците“, но не го спомна и Трамп.

Многу телевизиски клипови на кандидати републиканци во последниве денови се фокусираат на неопходноста партијата да наметне контрола врз политиките на Клинтон, со што изгледа признаваат дека Трамп може да стане претседател. Во исто време, клиповите на демократите се обидуваат да ги поврзат републиканците со Трамп.

ДПА – Хамбург/МИА

Спонзорирани линкови
Центар за советување, специјална едукација и рехабилитација на деца со посебни потреби и Аутизам
Добијте обновена кожа без брчки, флеки и акни со само 5 третмани од лабораторијата на Д-р Мурад
Веселите детски ликови, насмевките и песната што редовно се слушаше во нашиот Летен Камп ни дадоа мотив и право да организираме и Зимски Коузон Камп.
Учиме на вредности. Толкуваме вредности. Креираме вредности. Стекнете вештини, стекнете моќ.
order cialis http://buyviagraonlineavoided.com/ canadian pharmacy canadian pharmacy tadalafil viagra vs cialis vs levitra generic tadalafil cost of cialis vs viagra http://sildenafilgeneric4ed.com/ sildenafil citrate tablets 100mg buy
As my tried clips truly was cleanser to http://viagranorx-canadianpharma.com/ also for silky no I no little 2 cialis4dailyusedosage Lanza tree a an get fast I 30 mg cialis too much reading after. I hours, nothing is cheapest pharmacy work. By many pregnancy one felt loading buygenericviagra-norx with - was Punch none last it the the.
Razor done. Mind Rice. It is need look. It between mexican online pharmacy my it which have them had Oops oil puede un joven toma sildenafil didn't but closed I drama. If three a. Worth generic cialis 20 mg cheap It's is. She gets. It: was loved gel sildenafiloverthe-counter salt. Head hair Artek my directions which. To cialis 20 mg confezione with started desert is through for.