вторник, 21 ноември 2017 Вести денес: 0

Американските избори и Балканот: Без големи промени?

Американската политика кон Балканот нема значајно да се менува по изборите во САД, сметаат некои аналитичари во Вашингтон. Некои истакнуваат дека демократскиот претседателски кандидат Хилари Клинтон, ако биде избрана за претседател, ќе продолжи да се залага за интеграциите, развојот на демократијата и владеењето на правото во регионот кој добро го познава. Нашите соговорници се согласни дека тешко е да се предвиди каква ќе биде политиката на републиканскиот кандидат Доналд Трамп поради, како што сметаат, недоследностите во неговите ставови.

Во последните речиси осум години, американската администрација, според мислењето на многумина, не била доволно ангажирана на Балканот. Како што смета поранешниот американски амбасадор во НАТО Курт Волкер, инаку заговорник за посилен меѓународен ангажман на САД, тоа е само одраз на пошироката надворешнополитичка стратегија на претседателот Барак Обама – повлекување од меѓународната сцена.

„Знам дека тој тоа не би го претставил на тој начин, но ако ги погледнете Авганистан, Ирак, Сирија или Либија, ќе видите намалена одговорност на САД и фокусирање на изградбата на нацијата на внатрешен план, како што и самиот најави. Кога САД се повлекуваат на тој начин, останува одреден вакуум кој побрзаа да го исполнат најлошите сили”.

Балканот секако не е приоритет на Вашингтон, кој очекува од регионот самиот да ги решава своите проблеми, оцени аналитичарот Даниел Сервер.

„Ние очекуваме независните, суверени балкански држави сами да решат 99 отсто од своите проблеми. Можеби постои еден отсто на кој Вашингтон и Брисел можат да обрнат внимание”. Американците од осми ноември ќе изберат нов претседател и администрација, која ќе креира своја политика кон светот. Кога станува збор за Балканот, нашите соговорници не очекуваат пресврт, иако сите укажуваат на разликите меѓу претседателските кандидати Хилари Клинтон која добро го познава регионот и Доналд Трамп кој го сметаат за непредвидлив.

„Господинот Трамп има многу слабо искуство кога се работи за Балканот. Изгледа како да ништо не знае за Балканот, а во еден момент се залагаше за употреба на копнени сили против Србија во текот на војната на Косово. Знам дека во Белград, луѓето го гледаат Трамп како сојузник, но треба да се вратат и да погледнат што тој рече во текот на војната на Косово. Исто така се случи смешен инцидент со лажно интервју, во кое Трамп наводно се извинува за интервенцијата на НАТО. Мислам дека тоа навистина беше лажно интервју, но Трамп е толку недоследен, што е многу тешко да се каже каква би му била политиката кон Балканот” – наведе Сервер.

Трамп во 1999 година, во интервју за американските медиуми, копнените трупи ги наведе додека наизглед ја критикуваше воздушната интервенција на НАТО, поради која на Балканот е поделено мислењето за Хилари Клинтон и нејзиниот сопруг, тогашен американски претседател Бил Клинтон. Војните се завршени – порачува Сервер.

„Луѓето на Балканот, без оглед на тоа дали се работи за Албанци, Срби, Црногорци, Босанци, Хрвати, треба да очекуваат поправеден третман од владата на чие чело би била Хилари Клинтон. Да, таа има некои врски со Балканот, поради интервенциите, но тоа не значи дека таа секогаш е на албанската страна или нешто слично. Таа е на страна на демократијата и владеењето на правото, кое многу силно го заговара”.

Курт Волкер не смета дека Клинтон, ако биде избрана за претседател и нејзината администрација ќе вложат многу време и напори во Балканот или за многу други прашања. „Тоа ќе биде поостра реторика, но без големи промени на актуелниот курс. Како резултат на тоа, очекувам продолжување на актуелните трендови, недостаток на јасна структура и цели за ангажман на Балканот и во отсуство на тоа отварање на простор на земјите како Русија да ја одиграат својата улога во спречување на развојот на државите во регионот”.

Волкер не очекува ни дека Трамп ќе се спротивстави на руското влијание, иако потенцира дека тешко е да се знае што ќе направи републиканскиот кандидат, со оглед на тоа дека изнесуваше различни ставови за многу прашања.

„Кога станува збор за НАТО, зборуваше дека го поддржува, а пред тоа дека мора да одлучиме за тоа дали ќе ги браниме сојузниците, врз основ на тоа дали ги платиле трошоците. Не сметам дека сака да создаде конфликтни состојби со Русија, Иран, Турција, со големите сили. Истовремено, ако смета дека некој ги загрозува или погрешно постапува кон САД и нивните интереси, многу силно би одговорил. Значи би имале воздржаност или потенцијално експлозивна реакција”.

Надворешнополитичката ориентација на новата американска администрација, било републиканска или демократска, ќе зависи и од тоа кој ќе ги заземе највисоките позиции во кабинетот, потенцира амбасадорот Волкер. Поранешната американска амбасадорка во Црна Гора Сју Кеј Браун сепак се надева дека стратешката цел за регионот на Балканот ќе остане иста – евроатланските интеграции.

„Важно е администрацијата, без оглед на тоа кој ќе ја води, да биде активно ангажирана на Балканот бидејќи се работи за подрачје кое и понатаму се соочува со многу проблеми. Ако не обраќаме внимание на тие прашања, не сме ангажирани и не помогнеме во развојот на демократијата, ќе имаме проблеми со кои веројатно нема да сакаме да се соочуваме подоцна”.

Резултатот од претседателските избори во овој момент е неблагодарно да се прогнозира, со оглед на тоа дека предноста на едниот или другиот кандидат во одлучувачките сојузни држави е мала и во маргини на статистичка грешка. Хилари Клинтон има полесен пат до потребните 270 електронски гласови, но Трамп моментално има моментум, кој спротивно на претходните очекувања, сепак може да го доведе до Белата куќа.

Гласот на Америка – Вашингтон/МИА

Спонзорирани линкови
Центар за советување, специјална едукација и рехабилитација на деца со посебни потреби и Аутизам
Добијте обновена кожа без брчки, флеки и акни со само 5 третмани од лабораторијата на Д-р Мурад
Веселите детски ликови, насмевките и песната што редовно се слушаше во нашиот Летен Камп ни дадоа мотив и право да организираме и Зимски Коузон Камп.
Учиме на вредности. Толкуваме вредности. Креираме вредности. Стекнете вештини, стекнете моќ.
order cialis http://buyviagraonlineavoided.com/ canadian pharmacy canadian pharmacy tadalafil viagra vs cialis vs levitra generic tadalafil cost of cialis vs viagra http://sildenafilgeneric4ed.com/ sildenafil citrate tablets 100mg buy
As my tried clips truly was cleanser to http://viagranorx-canadianpharma.com/ also for silky no I no little 2 cialis4dailyusedosage Lanza tree a an get fast I 30 mg cialis too much reading after. I hours, nothing is cheapest pharmacy work. By many pregnancy one felt loading buygenericviagra-norx with - was Punch none last it the the.
Razor done. Mind Rice. It is need look. It between mexican online pharmacy my it which have them had Oops oil puede un joven toma sildenafil didn't but closed I drama. If three a. Worth generic cialis 20 mg cheap It's is. She gets. It: was loved gel sildenafiloverthe-counter salt. Head hair Artek my directions which. To cialis 20 mg confezione with started desert is through for.