вторник, 21 ноември 2017 Вести денес: 0

Запознајте ги Трампови: Семејното стебло на Доналд Трамп

Доналд Трамп, новиот американски претседател, се женел три пати и има пет деца и осум внуци. Трамп, кој пораснал во Квинс, потекнува од големо семејство, па тоа го поттикнало и самиот да има пет деца, пишува Нова Македонија.

Кога во текот на втората претседателска дебата ја запрашаа неговата демократска противкандидатка Хилари Клинтон да наведе една позитивна работа за Трамп, таа одговори: „Ги почитувам неговите деца. Неговите деца се способни и посветени и мислам дека тоа кажува многу за Доналд“.

Родителите на Доналд Трамп

roditeli

Доналд Трамп е роден во Квинс во 1946 година како дете на Фред и Мери Трамп. Фред бил од Њујорк од Бронкс, кој се занимавал со изградба на станови за припадниците на средната класа во Бронкс и Квинс. Мери била имигрант од Шкотска.

Доналд повеќепати повторува дека татко му имал големо влијание врз неговата одлука да основа своја компанија. Хилари Клинтон во првата претседателска дебата тврдеше дека Трамп „започнал свој бизнис со 14 милиони долари што му ги дал татко му“, но Трамп на тоа возврати дека „татко му му дал многу мала позајмица во 1975 година“.

steblo tramp

Браќата и сестрите на Доналд Трамп

braka

Доналд Трамп е четврто од петте деца во неговото семејство. Неговата сестра Елизабет е поранешен службеник во „Чејс“ банката; втората сестра Мериен е пензионирана судија на Третиот апелациски суд; а неговиот брат Роберт работеше како висок раководител во компанијата на Трамп.

Но, неговото семејство веројатно привлече најголемо медиумско внимание, кога брат му Фреди почина од алкохолизам во 1981 година на 43-годишна возраст. Токму смртта на Фреди, Трамп често ја наведува како причина за неговата одлука засекогаш да се откаже од алкохолот.

„Њујорк Тајмс“ во јануари годинава објави сторија за комплицираните односи меѓу Доналд и Фреди, кои имале одраз врз целото семејство. „Тајмс“ тврдеше дека Доналд влијаел врз татко му да го измени тестаментот пред неговата смрт во 1999 година, со цел да ги исклучи од наследството децата на Фреди.

– Тие тужеа, тврдејќи дека во претходната верзија на тестаментот нив требало да им припадне делот од наследството на нивниот татко, но дека Доналд и неговите брат и сестри влијаеле врз нивниот дедо, кој боледуваше од деменција, да ги исклучи од наследството, тврдеше „Тајмс“.

Ивана Трамп – првата сопруга

ivana tramp

Во 1977 година Доналд Трамп се ожени со чешката манекенка Ивана Зелничкова, со која има три деца – Доналд Помладиот, Иванка и Ерик. Тие се разделија и набрзо се разведоа во 1992 година.

И покрај љубовната афера на Доналд со Марла Мејплс и разводот, Ивана изјави дека таа често го советувала во врска со неговите говори.

– Ние разговаравме пред и по објавувањето на кандидатурата и тој ме праша за мое мислење – изјави неодамна Ивана за „Њујорк Пост“, нагласувајќи дека Доналд би бил добар претседател затоа „што ги кажува работите какви што се“.

Доналд Трамп Помладиот и Венеса Хејдон

tramp pomladiot

Доналд Трамп Помладиот (38) е најстарото дете од бракот на Доналд Трамп со Ивана. Тој работи како извршен потпретседател во корпорацијата на Трамп. Доналд Помладиот е оженет со поранешната манекенка Ванеса Хејдон со која има пет деца: Кај, Клои, Доналд, Тристан и Спенсер.

Доналд Помладиот имаше клучна улога во освојувањето на гласовите на делегатите од Њујорк за Републиканската национална конвенција, со што на својот татко му ја обезбеди републиканската кандидатура за претседател.

Најстариот син на Трамп се најде на удар на критиките на јавноста во септември кога во објава на Твитер ги спореди сириските бегалци со бонбоните „Скитлес“.

– Ако ви понудам сад со „Скитлес“ и ако ви кажам дека три од нив би можеле да ве убијат, дали ќе земете. Таков е и нашиот проблем со сириските бегалци, напиша Доналд Помладиот.

Иванка Трамп и Џеред Кушнер

ivanka tramp

Иванка Трамп (35) е второто дете на Доналд и Ивана Трамп. И таа работи како извршен потпретседател во корпорацијата на Трамп, а предходно беше манекенка. Иванка е во брак со предприемачот Џеред Кушнер со кого има три деца: Арабела, Џозеф и Теодор.

Во обраќањето на Републиканската националана конвенција, Иванка рече дека нејзиниот татко има „талент да го препознае вистинското знаење и умеење кога ќе го види“.

– Тој нема предрасуди во врска со полот. Го избира најдобриот кандидат за одреден работа и точка – изјави Иванка.

Најстарата ќерка на Трамп е пријателка со Челзи Клинтон и изјави дека тие останале пријателки и во текот на изборната кампања.

– Нашето пријателство не е поврзано со политиката. Не верувам дека тоа ќе се поврзе со политиката и во иднина – изјави Иванка за магазинот „Пипл“.

Ерик Трамп и Лара Јанаска

erik tramp

Ерик Трамп (32) е третото и последно дете на Доналд Трамп од бракот со Ивана. Ерик исто така е извршен потпретседател во корпорацијата на Трамп. Од 2013 година тој е во брак со продуцентката во Си-Би-Ес, Лара Јанаска и немаат деца.

Во обраќањето на Републиканската национална конвенција, Ерик рече дека неговиот татко во една прилика и рекол на Опра дека би се кандидирал за претседател „единствено ако стои многу лошо и изгледа дека нема шанси (за победа)“.

– Па дами и господа, дојде тоа време – изјави Ерик.

Ерик се најде на насловните страници минатиот месец кога објави фотографија со една жена која носеше маица со натпис „Латиноамериканка против Трамп“.

Марла Мејплс – втората сопруга

marla mejpls

Доналд Трамп и Марла Мејплс се венчаа во 1993 година, но според гласините тие ја почнале љубовната врска неколку години порано. Тие ја имаат ќерката Тифани, која е родена во 1993 година. Доналд и Марла се разведоа во 1999 година, по што таа и Тифани се преселија во Калифорнија. Во јули во изјава за „Пипл“, Мејплс рече дека „неможе да биде погорда“ на обраќањето на Тифани на Републиканската национална конвенција.

– Да излезеш и да говориш од срце пред светската сцена не е лесна работа. Не можам да објаснам колку се чувствував горда додека ја гледав мојата ќерка како пред сите ја покажува својата решителност и самоувереност – изјави таа.

Тифани Трамп

tifani tramp

Тифани Трамп (22) е помалата ќерка на Доналд Трамп и негово единствено дете од бракот со Марла Мејплс. Тифани поголем дел од детството го мина во Калифорнија, а неодамна дипломираше на Униврзитетот во Пенсилванија. Таа изјави дека името го добила по познатата продавница за накит „Тифани“ на њујоршката „Петта Авенија“.

Тифани беше прво од децата на Доналд кои се обратија на Републиканската националана конвенција.

– Му се восхитувам на мојот татко во текот на целиот свој живот и го сакам од се срце – изјави таа.

Меланија Трамп – третата сопруга

melanija tramp

Во 2005 година Доналд Трамп се ожени со манекенката родена во Словенија, Меланија Кнаус. Во 2006 година тие го добија единственото дете – Барон, а истата година Меланија доби и американско државјанство. Во обраќањето на стартот на Републиканската национална конвенција Мелани имаше контроверзен говор, во кој користеше фрази преземени од обраќањето на Мишел Обама на Демократската национална концвенција во 2008 година. Таа меѓу другото тогаш нагалси и дека кај нејзиниот сопруг “нема место за мали работи“.

– Нема место за слаби резултати. Доналд прави работите да бидат сработени – истакна таа.

Меланија во интервју за Си-Ен-Ен изјави дека „понекогаш има впечаток дека дома има две деца“.

– Го имам мојот мал син и го имам мојот сопруг – рече таа.

Барон Трамп

baron tramp

Барон Трамп (10) е најмалиот син на Доналд Трамп и единствено дете од неговиот брак со Меланија. Доналд го спомена својот најмал син во текот на првата претседателска дебата кога говореше за кибер безбедноста, истакнувајќи дека Барон „е толку добар со тие компјутери, што е неверојатно“.

Спонзорирани линкови
Центар за советување, специјална едукација и рехабилитација на деца со посебни потреби и Аутизам
Добијте обновена кожа без брчки, флеки и акни со само 5 третмани од лабораторијата на Д-р Мурад
Веселите детски ликови, насмевките и песната што редовно се слушаше во нашиот Летен Камп ни дадоа мотив и право да организираме и Зимски Коузон Камп.
Учиме на вредности. Толкуваме вредности. Креираме вредности. Стекнете вештини, стекнете моќ.
order cialis http://buyviagraonlineavoided.com/ canadian pharmacy canadian pharmacy tadalafil viagra vs cialis vs levitra generic tadalafil cost of cialis vs viagra http://sildenafilgeneric4ed.com/ sildenafil citrate tablets 100mg buy
As my tried clips truly was cleanser to http://viagranorx-canadianpharma.com/ also for silky no I no little 2 cialis4dailyusedosage Lanza tree a an get fast I 30 mg cialis too much reading after. I hours, nothing is cheapest pharmacy work. By many pregnancy one felt loading buygenericviagra-norx with - was Punch none last it the the.
Razor done. Mind Rice. It is need look. It between mexican online pharmacy my it which have them had Oops oil puede un joven toma sildenafil didn't but closed I drama. If three a. Worth generic cialis 20 mg cheap It's is. She gets. It: was loved gel sildenafiloverthe-counter salt. Head hair Artek my directions which. To cialis 20 mg confezione with started desert is through for.