сабота, 18 ноември 2017 Вести денес: 0

Партиите ги доставија листите за изборите на 11-ти декември

Истече рокот за доставување кандидатски листи за пратеници за претстојните предвремени парламентарни избори до Државната изборна комисија.

До полноќ, кога заврши рокот, листи за изборите на 11 следниот месец, поднесоа коалицијата „За подобра Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, опозициската коалиција предводена од СДСМ,  Коалицијата за промени и правда, Коалицијата ВМРО за Македонија, партииите  ДУИ, ДПА, ПДП, ЛП, Левица,СДПМ и Беса и НДМ.

Носител во првата изборна единица на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ е Никола Поповски, во втората Никола Тодоров, а во третата Илија Димовски.

Листата на коалицијата во четвртата изборна единица ја предводи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, Антонио Милошоски е прв во петтата, Влатко Ѓорчев во изборната единица шест, а во седмата изборна единица Рамазан Ифтаровски.

Коалицијата на СДСМ во првата ИЕ ја предводи Стево Пендаровски, а Оливер Спасовски во втората ИЕ. Во третата ИЕ носител е Љупчо Николовски, во четвртата претседателот на СДСМ Зоран Заев, петтата Радмила Шеќеринска, а во шестата Петре Шилегов.

Носител на листата на ДУИ во првата ИЕ е Артан Груби, во втората Ејуп Халими, во третата ИЕ Нафи Дурмиши, а во четвртата Артин Спахиу. Во петтата ИЕ прв на листата е Агим Шаќири, во шестата лидерот на партијата Али Ахемти, а во седмата Џевдет Спахиу.

Кај ДПА прв на листата во ИЕ 1 е Идриз Орана, во ИЕ 2 Орхан Ибраими, а Сами Рушити ИЕ 3. Во петата Изборна единица носител е Адриан Хусеини, а претседателот на ДПА Мендух Тачи е прв на листата во шестата изборната единица.

Листата на Коалицијата за промени и правда во првата ИЕ ја предводи претседателот на ДС, Павле Трајанов, а во втората, претседателот на ФРОДЕМ Јове Кекеновски. Во третата ИЕ прва на листата е Весна Стоименовска од ДС, четвртата Слободан Богоевски, петтата Александар Делов од ФРОДЕМ, а шестата Бранко Мајсторовски од Моро – РП.

Носител на листата на Коалицијата ВМРО за Македонија во првата изборна едница е Ден Дончев, во втората Љупчо Балковски, а во третата претседателот на „Достоинство“ Стојанче Ангелов. Листата во четвртата ИЕ ја предводи лидерот на ВМРО Народна партија Љубчо Георгиевски, во петтата  претседателот на Обединети за Макеоднија, Љубе Бошковски, во шестата Зоран Велковски, а во седмата Стојадин Наумовски.

Од „Левица“ во првата изборна единица носител е Димитар Аспатиев, во втората Трајче Стојанов, а во третата Марија Џонс. Четврата изборна единица ја предводи Митко Николов, а петата Здравко Савевски.

Кандидатските листи треба да бидат разгледани и потврдени од членовите на ДИК во рок од 48 часа од моментот на доставувањето односно до недела на полноќ. Доколку се констатираат неправилности учесниците во изборите треба да ги отстранат во рок од 48 часа. Жребувањето за редоследот на листите треба да се одржи на 20 ноември.

На полноќ истече и рокот за пријавување државјани на Република Македонија кои живеат во странство за гласање на изборите, како и за лицата со спорни записи и увидот во избирачкиот список.

Според последните информации од ДИК, досега се пристигнати 20.293 пријави од  државјани на Република Македонија кои живеат во странство за гласање на изборите, од кои се прифатени 18.706.

Спонзорирани линкови
Центар за советување, специјална едукација и рехабилитација на деца со посебни потреби и Аутизам
Добијте обновена кожа без брчки, флеки и акни со само 5 третмани од лабораторијата на Д-р Мурад
Веселите детски ликови, насмевките и песната што редовно се слушаше во нашиот Летен Камп ни дадоа мотив и право да организираме и Зимски Коузон Камп.
Учиме на вредности. Толкуваме вредности. Креираме вредности. Стекнете вештини, стекнете моќ.
order cialis http://buyviagraonlineavoided.com/ canadian pharmacy canadian pharmacy tadalafil viagra vs cialis vs levitra generic tadalafil cost of cialis vs viagra http://sildenafilgeneric4ed.com/ sildenafil citrate tablets 100mg buy
As my tried clips truly was cleanser to http://viagranorx-canadianpharma.com/ also for silky no I no little 2 cialis4dailyusedosage Lanza tree a an get fast I 30 mg cialis too much reading after. I hours, nothing is cheapest pharmacy work. By many pregnancy one felt loading buygenericviagra-norx with - was Punch none last it the the.
Razor done. Mind Rice. It is need look. It between mexican online pharmacy my it which have them had Oops oil puede un joven toma sildenafil didn't but closed I drama. If three a. Worth generic cialis 20 mg cheap It's is. She gets. It: was loved gel sildenafiloverthe-counter salt. Head hair Artek my directions which. To cialis 20 mg confezione with started desert is through for.