сабота, 18 ноември 2017 Вести денес: 0

Догодина прва научна монографија за македонските фосили

Фосилите од праисториски животни пронајдени кај делчевски Стамер и Ѕвегор заедно со колекцијата фосили од праисториски животни од Македонија, го најдоа своето место во првата научна монографија за фосилите од Македонија работена од светски и македонски познати палеонтолози врз собраното научно богатство од стариот палеонтолог проф.д-р Ристо Гаревски, која треба да изелзе од печат наредната година во меѓународното списание Палеонтографика во Германија.

Познатиот палеонтолог и директор на бугарскиот Природонаучен музеј, проф. д-р Николај Спасов, потенцираше дека оваа монорафија е еден голем труд и прв ваков труд кој обединува светски познати палеонтолози, како Ристо Гаревски, Денис Жирард, Латинка Христова, Георги Марков, Билјана Гаревска и Николај Спасов.

– Тоа е еден голем придонес за исцртување на природното постоење пред 7-8 милиони години на Балканот. Стамер е исто така, вклучен во оваа монографија, јас сметам дека Стамер допрва ќе изненадува со своето природно наследство, но не само Стамер ние сега ќе се обидеме да направиме македонско-бугарски палеонтолошки истражувања во Долни Дисан, каде исто така, има интересни ископани фауни, но пред сѐ, ќе направиме обид да влеземе во трага на најраните хоминиди на Балканот и за почетокот на прачовечката историја, рече Спаспов.

Професорот Спасов информира дека во околината на Чирпан во Бугарија има откриено заб од првиот прачовек, хоминид, стар 7 милиони години. Според него, тоа е основата за да се бара првиот прачовек на Балканот и во Македонија, теза која првично беше поставена при сензационалните откритија во Стамер и Ѕвегор.

– Не сме се откажале од Стамер, фосилите во Стамер имаат малку подоцнежна возраст и човек не може да прави сѐ во исто време и сега одиме со намерата да се концентрираме таму, каде што има најголема шанса да го откриеме тоа што го бараме. Стамер е исклучително интересен, фауната на Стамер допрва треба да се истражува и да ги покаже своите чуда. И во оваа прилика сакам да потенцирам дека ако зборуваме за современиот вид, хомосапиенсот, тој доаѓа од Северна Африка, но нашите факти зборуваат дека Балканот е исклучително важно место, каде што се развила најраната историја на човечките суштетства од кои се развил подоцна човекот, рече Спасов.

Директорот на Природонаучниот музеј во Скопје, м-р Ивица Заркадов, за МИА изјави дека оваа соработка со научната институција во Софија е многу значајна за понатамошни заеднички истражувања на теренот.

– Ние во таа насока потпишавме два меморандуми за соработка со природонаучниот музеј во Софија, но и со Белград, така што овие меморандуми за соработка понатаму многу ќе ни ја олеснат работата и сорабоктата за проекти, рече Заркадов.

Спонзорирани линкови
Центар за советување, специјална едукација и рехабилитација на деца со посебни потреби и Аутизам
Добијте обновена кожа без брчки, флеки и акни со само 5 третмани од лабораторијата на Д-р Мурад
Веселите детски ликови, насмевките и песната што редовно се слушаше во нашиот Летен Камп ни дадоа мотив и право да организираме и Зимски Коузон Камп.
Учиме на вредности. Толкуваме вредности. Креираме вредности. Стекнете вештини, стекнете моќ.
order cialis http://buyviagraonlineavoided.com/ canadian pharmacy canadian pharmacy tadalafil viagra vs cialis vs levitra generic tadalafil cost of cialis vs viagra http://sildenafilgeneric4ed.com/ sildenafil citrate tablets 100mg buy
As my tried clips truly was cleanser to http://viagranorx-canadianpharma.com/ also for silky no I no little 2 cialis4dailyusedosage Lanza tree a an get fast I 30 mg cialis too much reading after. I hours, nothing is cheapest pharmacy work. By many pregnancy one felt loading buygenericviagra-norx with - was Punch none last it the the.
Razor done. Mind Rice. It is need look. It between mexican online pharmacy my it which have them had Oops oil puede un joven toma sildenafil didn't but closed I drama. If three a. Worth generic cialis 20 mg cheap It's is. She gets. It: was loved gel sildenafiloverthe-counter salt. Head hair Artek my directions which. To cialis 20 mg confezione with started desert is through for.