вторник, 21 ноември 2017 Вести денес: 0

Зошто Руди Џулијани не треба да биде државен секретар

Првото може да биде избегнато ако Трамп избере искусен и совесен лидер како негов прв дипломат. Тоа значи да биде назначен кој било друг освен Руди Џулијани, поранешниот градоначелник на Њујорк, за кој се зборува дека има најголеми шанси за ова место.

Пред да наведеме зошто тој би бил погрешно и потенцијално опасен избор, треба да се осврнеме на огромните предизвици на надворешната политика со која ќе се соочи следната администрација. Администрацијата на Трамп ќе треба на направи нова политика за Сирија, за која е потребно длабоко разбирање на намерите и капацитетите на Русија на Блискиот Исток и внимателен менаџмент на комплексната коалиција на сојузници кои се борат против Исламска држава.

Белата куќа на Трамп најверојатно ќе биде тестирана од злобниот и нуклеарно вооружен севернокорејски лидер. Европските лидери ќе следат дали администрацијата на Трамп ќе дозволи западната воена и дипломатска алијанса да еродира, што ќе биде полн погодок за Русија.

Дома, новата Бела куќа треба да се соочи со ризикот да ја претвори неодговорната реторика во кампања на Трамп со обвинувања кон Мексико, што опасно ќе ја подрие националната безбедност со сопирањето на соработката меѓу двете влади во врска со миграцијата од Централна Америка, прашањата од спроведувањето на законот и контранаркотичните програми.

Успешен државен секретар мора да биде добро поткован за историјата и геополитиката и да има силни вештини за преговарање и јасен став за капацитетите на Америка, за принципите и за ограниченоста на моќта на Вашингтон.

Досегот на меѓународното искуство на Џулијани е воглавно ограничено на говори и консултантска работа. Нему му недостига содржајно дипломатско искуство и досега во својата кариера покажал слаби капацитети за проценки. Всушност, откако тој стана најбомбастичната најава на Трамп, Џулијани досега не излезе да се изјасни.

За погрешните авантури на Џулијани во надворешната политика, да се потсетиме на неговата посета на Хаити во 1982 година, како помошник главен обвинител. Тој надмено објави дека на островот „не постои политичка репресија“, каде тогаш владееше претседателот Жан-Клод Дувалие, докажан тиран. Како градоначелник, тој влета во димпломатијата во 1995 година истерувајќи го палестинскиот лидер Јасер Арафат од концерт на Њујоршката филхармонија, во чест на Обединетите нации.

Џулијани беше прогласен за „градоначелник на Америка“ по 11 септември, етикета која тој со години ја промовираше и која му озвоможи да се исчисти од случувањата во Градското собраиие. Под негова директива, градот Њујорк реши да го смести командниот центар за итни случаи во Светскиот трговски центар, главната цел каде беше поставена бобма во 1993 година.

Во 2000, тој ги разгневи црните њујорчани со неговиот шокантно несмасен одговор на смртоносното полициско убиство на Патрик Дорисмонд, невооружен црн човек, кого Џулијани го опиша како помалаку од „црковен помошник“.

Откако замина од оваа позиција, Џулијани заработи милиони работејќи за странски влади и бизниси, што може да се протолкува како серија на потенцијални конфликти на интереси. На пример, му беше плаќано да одржува говори во 2011 и 2012 во одбрана на култната иранска дисидентска група која беше на листата на терористички организации на Стејт департментот.

Во долгата листа на глупави нешта кои Џулијани ги искажал, се неговите забелешки за претседателот Обама во февруари 2015, кога претседателската кампања се забревтуваше и кои беа посебно бесрамни. – Не верувам дека претседателот ја сака Америка, рече Џулијани на вечера на Менхетен. – Тој не ве сака. И не ме сака ни мене. Тој не пораснал како што сте пораснале вие, а јас сум пораснат со љубов кон оваа земја, рече тој

Трамп, кој нема искуство во меѓународните прашања, ќе покаже мудрост ако чека совети од поранешни републикански државни секретари за тоа што се бара од ова работно место. Секој кој ќе понуди добар совет ќе го убеди да ги смени плановите да му го додели на управување Стејт департментот на Џулијани.

Њујорк Тајмс – Њујорк/МИА

Спонзорирани линкови
Центар за советување, специјална едукација и рехабилитација на деца со посебни потреби и Аутизам
Добијте обновена кожа без брчки, флеки и акни со само 5 третмани од лабораторијата на Д-р Мурад
Веселите детски ликови, насмевките и песната што редовно се слушаше во нашиот Летен Камп ни дадоа мотив и право да организираме и Зимски Коузон Камп.
Учиме на вредности. Толкуваме вредности. Креираме вредности. Стекнете вештини, стекнете моќ.
order cialis http://buyviagraonlineavoided.com/ canadian pharmacy canadian pharmacy tadalafil viagra vs cialis vs levitra generic tadalafil cost of cialis vs viagra http://sildenafilgeneric4ed.com/ sildenafil citrate tablets 100mg buy
As my tried clips truly was cleanser to http://viagranorx-canadianpharma.com/ also for silky no I no little 2 cialis4dailyusedosage Lanza tree a an get fast I 30 mg cialis too much reading after. I hours, nothing is cheapest pharmacy work. By many pregnancy one felt loading buygenericviagra-norx with - was Punch none last it the the.
Razor done. Mind Rice. It is need look. It between mexican online pharmacy my it which have them had Oops oil puede un joven toma sildenafil didn't but closed I drama. If three a. Worth generic cialis 20 mg cheap It's is. She gets. It: was loved gel sildenafiloverthe-counter salt. Head hair Artek my directions which. To cialis 20 mg confezione with started desert is through for.