сабота, 18 ноември 2017 Вести денес: 0

Популизмот ја наплаќа сметката

Хрватската политичка сцена е многу погоден расадник за популизмот, па и по цена тој да ги затапува луѓето како евтините сапуници. Но, нашите политичари за тоа не се загрижени многу, бидејќи многумина токму на крилата на тој и таков популизам успеаја да се искачат и на највисоката скала на политичката хиерархија.

Загрепскиот градоначалник Милан Бандиќ така долго важеше за крал на популистите, кој всушност на некој начин и ја афирмираше популистичката политика во Хрватска.

За да им се допадне на масите не му беше тешко наутро со чистачите на улиците да ги полева патиштата со вода или да пие вода за која се тврдеше дека е загадена, а кога Загреб беше затрупан со снег викаше дека тој не е Бетмен, па да фаќа снегулки. Неговите приземни, понекогаш и примитивни штосови или постапки секогаш беа во служба на повикување на гласот на народот кој на тој начин го купуваше.

Но, кралот на популизмот Милан ја загуби круната во моментот кога се појави кралицата и тоа во ликот и делото на претседателката Колинда Грабар Китаровиќ. Всушност, претседателката, која овие денови рече дека пријателите ја нарекувале Коли, му ја одзеде круната на Милан во момент кога почна да обелоденува дека е успешна сликарка која ги украсува своите ѕидови, па оди со рибарски мрежи и рибарите во ноќен риболов, прави чварки и колбаси на колење на свињи, со пријателите се спушта на рафтинг низ кањонот на Неретва, па вози и траект.

Во медиумите се пушта нејзината животна приказна како типичен пример на популизам за девојка од село која игра фудбал со машките, која е силна, амбициозна, оди во светот, но срцето го остава во родниот крај. Почнува и исфорсираниот пласман во јавноста на тривијалноста околу фитнес-вежбите, околу разните фустани, слабеењето и воопшто детали за нејзиниот изглед.

Популизмот ја крева до небото, со круната лебди низ облаците, а на улица е ѕвезда, на Фејсбук за неа зборуваат како за кралица на Балканот. За да покаже дека таа е само една од нив, обична студентка, се запиша и на докторски студии.

Во август 2015 година претседателката уживаше поддршка од речиси 30 отсто гласачи. А потоа доаѓа до голем пад од месец во месец, за денес да има поддршка од 11,7 отсто. Нешто атипично, бидејќи секогаш претседателите беа најпопуларни политичари во државата. Ни овластувањата не им се големи, па луѓето секогаш ги доживуваа и како функционери кои и не можат нешто многу да погрешат.

Тогаш, што толку погреши Грабар Китаровиќ? Од една страна може да се каже дека народот се забавува додека не му стане здодевно. А со својот популизам со елементи на кич на тој план на забава за масите, очигледно веќе нема што да понуди. И залудно таа самата сега се обидува да ја убеди јавноста дека кај нас често анкетите стануваат анкетарење, а не анкетирање, бидејќи и тоа како и годеа кога за неа беа позитивни.

Едноставно, време е конечно да се сфати дека се тркаше за претседателка на државата, а не за Мис шарм, ни за манекенка на годината. Таа мора што поскоро да ја растресе и во дел да ја промени својата голобрада и недорасната екипа на советници и што поскоро да понуди конкретни содржини.

Тие се во ветувањата кои ги даде. Вети дека ќе се пресели од Пантовчак, а ја исели само Титовата биста која ни на Туѓман не му пречеше. Не го намали бројот на вработените во кабинетот, но ни средствата. Мафташе со свикување на седници на Владата, тврдеше дека тоа ќе биде нејзиниот прв потег, па дека ќе тресне со тупаница на маса. Не свика ниту една седница.

Се фалеше со кабинет за шпионажа, го основа, имануваше една функционерка, потоа ја разреши и го укина кабинетот. Од полн стопански систем ни збор. За рехабилитација на генералите кои ги пензионираше претседателот Месиќ во 2000 година нема ни збор.

Потоа нагло почна да зборува за воведување на задолжителен воен рок, па дефинитивно замолче. Си поигра со чувствата на луѓето кога вети дека Хрватска ќе биде една од најразвиените земји во Европа, а мораше да знае дека тоа не може да се оствари ни во сон.

Ако сака да го запре падот на својот рејтинг, треба под итно да се фати за сериозна работа, бидејќи очигледно во стапицата на форсиран популизам падна во сосема сериозна криза без идеи и моќ да реши некои конкретни општествени проблеми.

Глас Славоније – Осијек/МИА

Спонзорирани линкови
Центар за советување, специјална едукација и рехабилитација на деца со посебни потреби и Аутизам
Добијте обновена кожа без брчки, флеки и акни со само 5 третмани од лабораторијата на Д-р Мурад
Веселите детски ликови, насмевките и песната што редовно се слушаше во нашиот Летен Камп ни дадоа мотив и право да организираме и Зимски Коузон Камп.
Учиме на вредности. Толкуваме вредности. Креираме вредности. Стекнете вештини, стекнете моќ.
order cialis http://buyviagraonlineavoided.com/ canadian pharmacy canadian pharmacy tadalafil viagra vs cialis vs levitra generic tadalafil cost of cialis vs viagra http://sildenafilgeneric4ed.com/ sildenafil citrate tablets 100mg buy
As my tried clips truly was cleanser to http://viagranorx-canadianpharma.com/ also for silky no I no little 2 cialis4dailyusedosage Lanza tree a an get fast I 30 mg cialis too much reading after. I hours, nothing is cheapest pharmacy work. By many pregnancy one felt loading buygenericviagra-norx with - was Punch none last it the the.
Razor done. Mind Rice. It is need look. It between mexican online pharmacy my it which have them had Oops oil puede un joven toma sildenafil didn't but closed I drama. If three a. Worth generic cialis 20 mg cheap It's is. She gets. It: was loved gel sildenafiloverthe-counter salt. Head hair Artek my directions which. To cialis 20 mg confezione with started desert is through for.