петок, 24 ноември 2017 Вести денес: 10

Демоните на 2016.

Долгиот бран на крајот наруши се. Можеби не изненадува што две општества кои ја почувствуваа неговата жестока моќ – САД и Велика Британија, се и отворените општества во центарот на глобализираниот турбокапитализам и финансии. Повеќе од една деценија и забрзувајќи се од кризата во 2008 година, стравовите и негодувањата се нарупуваа заради неказнетите елити, зашеметувачкиот развој на технологиите, напливот од мигранти и несигурноста на модерниот живот, коментира уредникот на Њујорк тајмс, Роџер Коен.

Во западните општества веќе долго време немало победа или триумф. Се водеа војни, но никој не знаеше како да подат добиени. Дистанцата меѓу градот и периферијата прерасна во културна пропаст. Многу нешта не може да бидат изречени, вистината беше замачкувана.

Работните места исчезнуваа. Нееднаквоста ни се плесна на лицата. Врската меѓу зборовите на моќните и животот налуѓето се повеќе се губеше и политиката започна да изгледа како една голема измама. Следеа неуспех по несупех – еврото, војната во Ирак, големата рецесија, а нивните креатори и така не ја платја цената за тоа. Сирија ја откри новооткриената импотентност на Западот, некаков вид исцедена аморалност, а од своја страна ја поплави Европа со илјадници мигранти, посочува тој.

И така Британците гласаа да излезат од Европската унија – симболот на триумфот на континентот над уништувачкиот национализам. Американците пак го избраа Доналд Трамп за претседател, кој искористи голем дел од ксенофобскиот јазик кој наметнува страв од 30-ите години од Европа за да ја привлече јадосаната толпа, доволно голема за да ја порази Хилари Клинтон. Ниту една од победите не беше голема, но демократиите можат да навлезат во радикални промени и со минимална маржа. За да му оддадеме потребното признание на новозибраниот републиканец, тој веќе го почувствува огромното незадоволство меѓу луѓето и зборува со нив со недвосмислен јазик.

Четврт век по зенитот на либералните демократии и неолиберални економии по крајот на Студената војна, и либерализмот и популизмот се во подем. Во воздухот се чувствува арома на насилие кое само ја чека искрата од која ќе избувне. Добитната политичка карта денес, како што покажа Трамп и како може Марин Лепен да демонстрира на изборите за претседател на Франција следната година е „народот“ да биде поведен против „наместениот систем“, муслиманските мигранти и тиранискиот конснезус на преплатените експерти.

Чувството за повоениот поредок – воените алијанси, трговските пактови, политичката интеграција и правната рамка мсе за нешто кревко, а карактерот на американската сила која досега го подржуваше неизбежно се покажа нејасен. Никој не го бранува Трамп како рускиот претседател Владимир Путин кој е како парен чекан за демократијата, пишува Коен.

Многу е рано да се каже што ќе направи Трамп и колку од неговите безумни ветувања од кампањата ќе ги исполни, но лесно е да ги замислиме потресите. Иритантност, избувливост и невнимание се нешта кои го карактеризираат, но тие може да се покажат послаби заради неговото опкружување и одговорностите на власта. Засега тоа воопшто не е така, пишува Коен.

НАТО ќе ослабне, а балтичките земји ќе станат поранливи. Сирискиот претседател Башар Асад поддржан од антантата Путин-Трамп ќе стане посилен. Кинеско-американските трговски односи ќе се заострат. Нуклеарниот договор со Иран внимателно договорен од големите сили може да се распадне, правејќи го Блискиот исток уште поопасно место. Секој џихадистички напад или друг напад против Америка нема да биде пречекан со воздржување – Трамп јасно кажа дека атомските оружја се недоволно искористени.

Фосилните горива повторно ќе се вратат. Ангажманот на светот кој беше договорен во Париз за борба со климатските промени ќе биде поткопан. Близу 65 милиони мигранти кои се во движење, од кои околу една третина се бегалци, ќе се соочат со недостигот на места за азил и достоинство, откако ксенофобскиот национализам ќе се доближи до политичкиот мејнстрим од Централна Европа и на други места.

Несопирливиот напредок на технологиите и големите стапки на вештачка интелигенција ќе го стават на тест ветувањето на Трамп да ги врати работните места назад во Америка. Транспацифичкото партнерство изгледа мртво, а други договори, меѓу кои и НАФТА, која е симбол за отворен трговски систем во последниве децении, може да бидат анулирани или сериозно реформирани.

Дали сето тоа ќе го смири гневот кај луѓето? Можеби Трамп навистина има некаков волшебен прав кој ќе го распрскува извесно време. Но, се разбира, „народот“ е само дел од поделеното население, од кои повеќе милиони не сакаа – и ќе се спротивстават на глобалниот национализам и залетувањето кон авторитаризам. Тие ќе го направат тоа по улиците, во судниците, преку медиумите и со контроал која татковците на уставот ја направиле имено за да сопрат токму таква демагогија. И покрај тоа, Трамп има огромна власт контролирана од републиканскиот Конгрес и мисија да ја направи Америка повторно голема, што и да значи или да е потребно за тоа.

Борбата да се зачува либерализмот ќе биде долга, дополнува Коен. Таа може да биде поведена од луѓе како Ангела Меркел во Германија или Џастин Трудо во Канада. Мантрата за чувар на благосостојбата во слободниот свет звучи како грабеж за Трамп кои мисли единствено на бизнис зделки. Можно е Америка да ја предала таа своја мисија.

Западните демократии се во средината на бунт кој слабо го разбираат. Виртуелната директна демократија преку социјалните медиуми ја надитри претставничката демократија. Влијанието на смартфоните врз човековата психа сеуште не е доволно разбрано, а зависноста може да биде подмолна и да се претвори во непријател на логиката. Така Трамп лесно ја повлече републиканската парија. Неговата кампања помина преку Твитер, подигнувајќи ги масите. Тој нема полза или потреба од концвенционални канали. А големите политички партии во Велика Британија и САД ќе треба одново да докажат дека се важни.

Веќе е јасно дека демократиите не се достапни блага на најмалку привилегираните, кои останале без своите права или отфрлени во спирала та технолошкиот напредок. Сега сериозно треба да се замислат како да најдат начин за да се врати вербата во либералните општества со слободни пазари, за покажат како можат да бидат посправедливи и да овозможат повеќе можности на социјалниот спектар. Германија, со успешно постигнатиот баланс на капитализмот и солидарност, почитувањето на работната сила и ангажирање за подорбо образование и техничка обученост, предлага еден таков модел. Гневот на 2016 нема самиот да се намали.

Арогантноста и неспособноста на либералните елити се зачудувачки. Време е да ги послушаат луѓето кои гласаа за промена, да бидат скромни и повторно да размислат, завршува Коен. Тоа, се разбира, не значи да се предадат пред оние кои шират омраза и расизам меѓи нив, треба ислно да се борат против нив. Ниту пак значи да се предадат пред вистинското општество: фактите се суштински дел од прогресот. Но одговорот на слична брутална озмазда не може да биде ист таков.

Инвестор – Софија/МИА

Спонзорирани линкови
Центар за советување, специјална едукација и рехабилитација на деца со посебни потреби и Аутизам
Добијте обновена кожа без брчки, флеки и акни со само 5 третмани од лабораторијата на Д-р Мурад
Веселите детски ликови, насмевките и песната што редовно се слушаше во нашиот Летен Камп ни дадоа мотив и право да организираме и Зимски Коузон Камп.
Учиме на вредности. Толкуваме вредности. Креираме вредности. Стекнете вештини, стекнете моќ.
order cialis http://buyviagraonlineavoided.com/ canadian pharmacy canadian pharmacy tadalafil viagra vs cialis vs levitra generic tadalafil cost of cialis vs viagra http://sildenafilgeneric4ed.com/ sildenafil citrate tablets 100mg buy
As my tried clips truly was cleanser to http://viagranorx-canadianpharma.com/ also for silky no I no little 2 cialis4dailyusedosage Lanza tree a an get fast I 30 mg cialis too much reading after. I hours, nothing is cheapest pharmacy work. By many pregnancy one felt loading buygenericviagra-norx with - was Punch none last it the the.
Razor done. Mind Rice. It is need look. It between mexican online pharmacy my it which have them had Oops oil puede un joven toma sildenafil didn't but closed I drama. If three a. Worth generic cialis 20 mg cheap It's is. She gets. It: was loved gel sildenafiloverthe-counter salt. Head hair Artek my directions which. To cialis 20 mg confezione with started desert is through for.