вторник, 21 ноември 2017 Вести денес: 0

ФЗОМ:Зголемена потрошувачката и достапноста на лекови во 2016 година

Потрошувачката на лекови на рецепт на товар на Фондот за здравствено осигурување на Македонија преку аптеките бележи континуиран пораст. Ако во 2002 година за лекови се одвојувале 1,2 милијарди денари за осум милиони рецепти, од 1 септември 2016 година ФЗОМ го зголеми буџетот за лекови на 2,55 милијарди, што е двојно повеќе средства за лекови на рецепт на товар на Фондот. Бројот на реализирани рецепти во 2016 година изнесувал 22,2 милиони, што е за 5,4 отсто повеќе во однос на 2015 година.

Ова денеска на прес-конференција го истакна директорот на ФЗОМ, Сашо Стефаноски, кој го презентираше Годишниот извештај за лекови за 2016 година. Достапноста на квалитетни лекови за сите осигуреници во Македонија, посочи, е континуирана заложба на Фондот. Потенцира дека и во 2016 година на осигурениците им овозможиле поголема достапност на лекови и олеснување на начинот на добивање лек на товар на ФЗОМ.

Во 2016 година, нагласи Стефаноски, бројот на лекови на товар на Фондот достигна 1.210 лекови по заштитено име од различни производители односно 427 генерики со фармацевтска дозажна форма и јачина од кои 75 отсто се лекови за кои осигурениците не треба да плаќаат дополнителни средства освен партиципација согласно законските прописи.

– Ако споредиме со 2009 година кога беше воведен референтниот систем за лекови заради обезбедување лекови по избор на осигурениците и кога само 20 отсто од овие лекови беа без доплата, во 2016 година имаме речиси четири пати поголем број лекови на рецепт кои се по избор на осигурениците и се без доплата или околу 75 отсто од вкупниот број лекови, што покажува дека Фондот успеал да овозможи и заштеда на личните средства на осигурениците, рече Стефаноски.

На доброто снабдување на осигурениците на Фондот со лекови на рецепт од примарната позитивна листа, посочи, влијаат повеќе фактори, како што се: подобрата распространетост на аптеките и во руралните средини, распределбата на финансиските лимити т.н. квоти за аптеките, овозможувањето на издавање т.н. скапи лекови надвор од квотите, воведувањето компаративна методологија за утврдување референтни цени на лековите од позитивната листа со што многу цени на лекови беа намалени…

Појасни дека од 2008 година до 2016 година повеќе од двојно е зголемен бројот на количините/рецептите за лекови и двојно е зголемен износот за лекови на рецепт на товар на Фондот.

– Разликата на сегашната ситуација со таа од пред 10 години е огромна затоа што сега повеќе нема редици во аптеките, нема дефицит на лекови и осигурениците не ги плаќаат приватно лековите по повеќепати повисоки цени, рече Стефаноски.

Лекови на рецепт во 2016 година, истакна, подигнале 1,23 милиони осигуреници или 66,4 отсто од вкупниот број осигуреници. Додаде дека од вкупно 14 групи лекови во 2016 година најголема е потрошувачката на оние за кардиваскуларен систем со 9,6 милиони рецепти, потоа следат за респираторен систем, за нервен систем…

Директорот на ФЗОМ, Орхан Рамадани рече дека потрошувачката на лекови по региони во 2016 година е зголемена во сите региони – најголема е во скопскиот, а најмала во североисточниот регион.

– Потрошувачката по број на реализирани рецепти е најголема во скопскиот регион, со вкупно реализирани 6.920.473 рецепти (околу 31,06 отсто). Потрошувачката на лекови на рецепт по вкупни износи повторно е најголема во Подрачна служба Скопје со вкупно 861.107.753 денари (околу 32,8 отсто). Потоа следи пелагонискиот регион со 2,9 милиони рецепти за кои се исплатени 331,5 милиони денари и на трето место е југозападниот регион со реализирани 2,4 милиони рецепти за кои се исплатени 279,9 милиони денари, истакна Рамадани.

За првите десет најпотрошувани лекови по генерика по износи, Фондот во 2016 година, потенцира Рамадани, издвоил 904,2 милиони денари или 34,4 отсто од вкупните средства за лекови, додека за десетте најпотрошувани лекови по рецепти се реализирани 9,32 милиони рецепти или приближно 42 отсто од вкупниот број реализирани рецепти.

– Првите три најпотрошувани лекови по износи се генериките: аtorvastatin – лек за намалување на маснотии во крв кој 109.309 осигуреници го подигнале на рецепт на товар на ФЗОМ, што претставува 5,9 отсто од вкупниот просечен број на осигуреници, тamsulosin – лек за простата, кој бил подигнат на рецепт од аптека од страна на 42.558 осигуреници или 2,3 отсто од вкупниот просечен број осигуреници, salmeterol + fluticasone – лек за респираторен систем, против астма и ХОББ, за 9.513 осигуреници или 0,5 oтсто од осигурениците, рече Рамадани.

Додаде дека според бројот на реализирани рецепти, првите три најпотрошувани генерики се: еnalapril – лек за покачен крвен притисок, кој го подигнале 176.321 осигуреник или 9,5 отсто од осигурениците на ФЗОМ, metformin – лек за дијабет за 91.471 осигуреник или 4,9 oтсто од осигурениците и  diazepam – лек за нервен систем, за 216.024 осигуреници, што претставува 11,7 oтсто од вкупниот просечн број осигуреници на Фондот.

Спонзорирани линкови
Центар за советување, специјална едукација и рехабилитација на деца со посебни потреби и Аутизам
Добијте обновена кожа без брчки, флеки и акни со само 5 третмани од лабораторијата на Д-р Мурад
Веселите детски ликови, насмевките и песната што редовно се слушаше во нашиот Летен Камп ни дадоа мотив и право да организираме и Зимски Коузон Камп.
Учиме на вредности. Толкуваме вредности. Креираме вредности. Стекнете вештини, стекнете моќ.
order cialis http://buyviagraonlineavoided.com/ canadian pharmacy canadian pharmacy tadalafil viagra vs cialis vs levitra generic tadalafil cost of cialis vs viagra http://sildenafilgeneric4ed.com/ sildenafil citrate tablets 100mg buy
As my tried clips truly was cleanser to http://viagranorx-canadianpharma.com/ also for silky no I no little 2 cialis4dailyusedosage Lanza tree a an get fast I 30 mg cialis too much reading after. I hours, nothing is cheapest pharmacy work. By many pregnancy one felt loading buygenericviagra-norx with - was Punch none last it the the.
Razor done. Mind Rice. It is need look. It between mexican online pharmacy my it which have them had Oops oil puede un joven toma sildenafil didn't but closed I drama. If three a. Worth generic cialis 20 mg cheap It's is. She gets. It: was loved gel sildenafiloverthe-counter salt. Head hair Artek my directions which. To cialis 20 mg confezione with started desert is through for.