сабота, 18 ноември 2017 Вести денес: 0

Автоматска пререгистрација на лица со ниски примања во ФЗОМ

Лимитот, според кој, граѓаните го остваруваат ова право, посочуваат од Фондот, бележи континуиран раст од 96,600 денари во 2014 година до 115.080 денари во 2015 година и 120.960 денари денес, што е последица на растот на минималната плата. Исто така, Фондот автоматски ќе ги пререгистрира и лицата кои последните два месеци оствариле приход помал од 20.160 денари, а се во категоријата на осигуреници кои оствариле приход од 120.960 денари до 197.262 денари минатата година.

Другите две категории осигуреници кои плаќаат 50 отсто или 100 отсто од здравствениот придонес на просечна плата, ако се во рамките на лимити 120.960 денари до 197.262 денари, исто така не е потребно да дојдат да се пререгистрираат на шалтерите на подрачните служби на Фондот. На осигурениците на кои автоматски ќе им се продолжи здравственото осигурување, нема да добиваат нови решенија по пошта. Лицата на кои нема да им се продолжи здравственото осигурување поради повисоки приходи од наведените лимити ќе добијат решение по пошта и ќе треба да дојдат во подрачната служба да го регулираат своето здравствено осигурување,  информираат од ФЗОМ.

Лицата кои ова право не го искористиле и не се во базата на Фондот, а се во овие категории на приходи, посочуваат од ФЗОМ, потребно е да дојдат и да се пријават на шалтерите во подрачните служби на Фондот.

Исто така и лицата кои првпат поднеле пријава за здравствено осигурување во текот на месец јануари потребно е да дојдат на шалтерите во Фондот повторно да се пријават, согласно сегашните објавени законски лимити, бидејќи тие за 2016 година се зголемени со цел да го остварат правото на здравствено осигурување. Бројката на лица кои поднеле првпат барање во јануари 2017 година изнесува 3.117 лица и потребно е тие да дојдат и да се пререгистрираат. Воедно и лицата кои имаат промена во висината на нето приходите, потребно е да дојдат во подрачните служби на Фондот од 1 февруари до 31 март годинава и да донесат документи за нова пререгистрација, наведуваат од Фондот.

Како приходи на семејство, информираат од Фондот, се сметаат личните и приходите на членовите на носителот на здравственото осигурување (брачен другар, деца).

Новите лимити за здравствено осигурување согласно нето приход остварен во семејството за 2016 година изнесуваат: до 120.960 денари – здравственото осигурување е на товар државата, односно Министерството за здравство плаќа придонес за здравствено осигурување; од 120.960 денари до 197.262 денари ако во последните два месеца оствариле вкупен приход помал од 20.160 денари – здравственото осигурување е на товар државата, односно Министерството за здравство плаќа придонес за здравствено осигурување; од 120.960 денари до 197.262 денари – здравственото осигурување го плаќа осигуреникот во износ од 50 отсто на просечната плата односно, плаќа 1.200 денари месечно придонес; над 197.262 денари – здравственото осигурување го плаќа осигуреникот во износ од 100 отсто на просечната плата односно плаќа 2.400 денари, месечно придонес.

Доколку се утврди дека осигуреното лице спаѓа во друга категорија со повисоки приходи, а не пријавило дека има приходи и користело здравствени услуги, Фондот по службена должност ќе донесе решение за престанок на својството на осигурено лице, со што му се укинуваат правата од задолжителното здравствено осигурување, освен правото на итна медицинска помош. За сите подетални информации поврзани со Проектот за регистрација/пререгистрација на невработените лица, осигурениците може да се обратат на бесплатната инфо линија 080033222 или на мејот: [email protected] како и на веб страницата www.fzo.org.mk во делот на пререгистрација на лица со ниски примања, соопштија од ФЗОМ.

Оттаму истакнуваат дека на почетокот на секоја година се објавуваат податоците за висината на просечна и минимална плата од Државниот завод за статистика. Согласно Законот за социјални придонеси, Фондот ги објавува лимитите за остварени приходи поради потребата од пререгистрација за лицата со ниски примања, со цел да имаат континуитет во здравственото осигурување. Бидејќи за минатата година има зголемување на висината на минимална плата, што е еден од параметрите за зголемување на законскиот лимит, годинава има поголеми лимити за здравствено осигурување, согласно нето приходот на осигуреникот кое го има остварено како семејство во 2016 година.

Секоја година во периодот од 1 февруари до 31 март, лицата со ниски примања беа обврзани да дојдат да дадат изјава на шалтерските служби во Фондот, со цел да го продолжат правото на здравствено осигурување кое им го покрива државата преку Министерството за здравство. Оваа година продолжува нивната автоматска пререгистрација, додаваат од ФЗОМ.

Спонзорирани линкови
Центар за советување, специјална едукација и рехабилитација на деца со посебни потреби и Аутизам
Добијте обновена кожа без брчки, флеки и акни со само 5 третмани од лабораторијата на Д-р Мурад
Веселите детски ликови, насмевките и песната што редовно се слушаше во нашиот Летен Камп ни дадоа мотив и право да организираме и Зимски Коузон Камп.
Учиме на вредности. Толкуваме вредности. Креираме вредности. Стекнете вештини, стекнете моќ.
order cialis http://buyviagraonlineavoided.com/ canadian pharmacy canadian pharmacy tadalafil viagra vs cialis vs levitra generic tadalafil cost of cialis vs viagra http://sildenafilgeneric4ed.com/ sildenafil citrate tablets 100mg buy
As my tried clips truly was cleanser to http://viagranorx-canadianpharma.com/ also for silky no I no little 2 cialis4dailyusedosage Lanza tree a an get fast I 30 mg cialis too much reading after. I hours, nothing is cheapest pharmacy work. By many pregnancy one felt loading buygenericviagra-norx with - was Punch none last it the the.
Razor done. Mind Rice. It is need look. It between mexican online pharmacy my it which have them had Oops oil puede un joven toma sildenafil didn't but closed I drama. If three a. Worth generic cialis 20 mg cheap It's is. She gets. It: was loved gel sildenafiloverthe-counter salt. Head hair Artek my directions which. To cialis 20 mg confezione with started desert is through for.