четврток, 23 ноември 2017 Вести денес: 0

Нова спин оф компанија на ФЕИТ

Автономната навигација на дрон за креирање тридимензионални мапи е новиот предизвик на спин-оф компанијата Вижн дајнамикс, која од вчера почна да работи на Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Компанијата е формирана од професори и студенти на Факултетот, врз база на магистерска работа која предвидува ЗД мапирањето со употреба на СЛАМ алгоритам да се развие во комерцијален производ. Крајниот продукт би бил комплетно хардверско и софтверско решение кое најголема примена би имало во геодезијата, катастарот, градежништвото, но и во имплементација на системи за автоматска навигација и управување.

– Отсекогаш ме интересираше авијацијата и затоа ја избрав оваа област како најблиска до мојата пасија. Продуктот што го развиваме претставува систем за 3Д мапирање на простор во реално време. Ваков продукт моментално не е присутен на пазарот во светот, објаснува магистер Душко Муртовски, косопственик и проект-менаџер во компанијата.

Идејата, како што вели тој, е со користење на најсовремени алгоритми за симултано локализирање и мапирање, да направиме систем кој во реално време ќе креира тродимензионална мапа на околината со употреба на повеќе сензори и компјутер на самото летало.

Со магистерската теза се покажало дека е можно да се развие целосен систем за реалновременско 3Д мапирање реализиран на беспилотно летало. На развојот на овој производ покрај сопствениците на компанијата ќе работат и тројца студенти кои се очекува да дипломираат во наредните месеци.

–  Доколку на факултетите се отворат што поголем број на вакви компании и тие ангажираат млади инженери бројот на младите кои одат во странство исклучително ќе се намали, вели Миле Станковски, професор на ФЕИТ.

Компанијата Вижн дајнамикс доби целосна поддршка од Фондот за иновации и технолошки развој.

– Фондот е државна институција која обезбедува финансиска поддршка на македонските претпријатија со цел да спроведат активности за истражување, развој на иновативни решенија и нивно пласирање на пазарот. Досега, Фондот поддржа 37 претпријатија со вкупен износ од 1.5 милиони евра. На последниот повик беше избран за финансирање и проектот на Вижн Дајнамикс, кое работи на развивање и продажба на нова посовремена и попрецизна технологија и давање значително подобрена услуга во областа на градежништвото и геодетскиот сектор. Особено значајно е тоа што компанијата е едно од ретките спин оф претпријатија кои произлегуваат од универзитетите, односно чие иновативно решение потекнува од научно-истражувачка работа на магистранти и професори на ФЕИТ, објаснува Јасмина Поповска од Фондот за иновации и технолошки развој.

Ваквите претпријатија се особено значајни бидејќи го пренесуваат знаењето од високо-образовните и научно-истражувачки институции во Македонија во приватниот сектор и овозможуваат негова комерцијализација.

Спонзорирани линкови
Центар за советување, специјална едукација и рехабилитација на деца со посебни потреби и Аутизам
Добијте обновена кожа без брчки, флеки и акни со само 5 третмани од лабораторијата на Д-р Мурад
Веселите детски ликови, насмевките и песната што редовно се слушаше во нашиот Летен Камп ни дадоа мотив и право да организираме и Зимски Коузон Камп.
Учиме на вредности. Толкуваме вредности. Креираме вредности. Стекнете вештини, стекнете моќ.
order cialis http://buyviagraonlineavoided.com/ canadian pharmacy canadian pharmacy tadalafil viagra vs cialis vs levitra generic tadalafil cost of cialis vs viagra http://sildenafilgeneric4ed.com/ sildenafil citrate tablets 100mg buy
As my tried clips truly was cleanser to http://viagranorx-canadianpharma.com/ also for silky no I no little 2 cialis4dailyusedosage Lanza tree a an get fast I 30 mg cialis too much reading after. I hours, nothing is cheapest pharmacy work. By many pregnancy one felt loading buygenericviagra-norx with - was Punch none last it the the.
Razor done. Mind Rice. It is need look. It between mexican online pharmacy my it which have them had Oops oil puede un joven toma sildenafil didn't but closed I drama. If three a. Worth generic cialis 20 mg cheap It's is. She gets. It: was loved gel sildenafiloverthe-counter salt. Head hair Artek my directions which. To cialis 20 mg confezione with started desert is through for.