понеделник, 20 ноември 2017 Вести денес: 0

ФЗОМ ги едуцира пензионерите за нивните права од здравствено осигурување

Проектот  „Фондот поблиску до пензионерите“ предвидува одржување на 30 едукативни работилници низ Република Македонија на кои стручни лица ќе имаат можност пред претставници на сојузите на пензионери во секој од тие 30 града, каде Фондот има подрачни служби, да ги претстават и да ги едуцираат пензионерите за нивните права од здравствено осигурување и да одговорат на нивните дилеми.

Ова денеска го изјави директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Стефаноски, кој заедно со директорот на ФЗОМ, Орхан Рамадани се сретнаа со претседателот на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, Драги Аргировски и претставници на Сојузот.

– Ова е исклучетелно важен проект затоа што пензионерите се една од најголемите категории по број на осигуреници во Република Македонија. Повеќе од 300.000 пензионери се корисници на здравствено осигурување и од тие причини се посветуваме максимално и се фокусираме со работата кон оваа таргет група за пензионерите да остварат што повеќе права од здравствено осигурување, рече Стефаноски.

Посочи дека годинава предвидуваат во определените подрачни служби околу пет илјади пензионери да дојдат на работилниците и да се распрашаат за нивните права. За пензионерите, нагласи, имаме и други проекти кои се во програмата за работа на Фондот и на Владата, како што е олеснувањето за добивање терапија во аптеките.

– Се што работиме и се што е цел на нашата работа е да го олесниме движењето на пензионерите во здравствениот систем и нивно полесно добивање здравствена услуга. Согласно податоците на соодветните институции и последните статистики, просечниот животниот век е зголемен и изнесува 76 години, што се рефлектира на здравствените политики и планирањето на финанските средства за обезедување на сите потребни лекови и медицински средства, додаде Стефаноски.

Аргировски рече дека проектот „Фондот поблиску до пензионерите“ има одлични резултати и има масовно присуство на работилниците во градовите каде се одржуваат.

– Добро што и оваа година ќе продолжиме со оваа акција во интерес на сите пензионери во Република Македонија, истакна Аргировски и наброја неколку теми кои ги интересира пензионерите, како што се Законот за здравствено осигурување, партиципација на лекови, рецепти…Додаде дека веќе две години сите пензионери кои имаат пензија до 12.400 денари имаат право на бесплатно болничко лекување, а тоа за нив значи препород.

Одговарајќи на новинарско прашање Аргировски рече дека настојуваат да се изградат нови домови за пензионери. Владата, потенцира Аргировски, веќе донесе одлука и се прави проект во Гази Баба да се изградат нов пензионерски и старски дом за лица со пониски пензии и за лица без пензии.

– Треба во три фази по 170 легла да има, а 510 легла да бидат нов дом. Настојуваме и во Кочани, Кичево, Охрид да се градат нови домови за пензионери, а за домовите за старци државата веќе има акција голема, дава попуст, ги стимулира да има повеќе такви домови и во приватна режија за да дојде до намалување на цените за сместување на пензионерите или старите лица во тие домови. Дваесет такви домови за старци се изградени и веднаш цената за сместување се намалува, додаде Аргировски.

Одговарајќи на новинарско прашање директорот на ФЗОМ, Стефаноски рече дека ликвидноста на Фондот е на одлично ниво и се радуваат на секое вработување во Република Македонија.

Посочи дека изминатите две години здравствената каса е побогата за околу три милијарди денари што значи во континуитет расте буџетот на ФЗОМ, што, според него, се рефлектира и кон зголемување на буџетите на јавните здравствени установи во Република Македонија, а тоа значи поголем број и поквалитетни услуги за нашите осигуреници и воведување нови методи во здравствените установи.

– Од оваа година обезбедивме и финансиските средства за воведување нова терапија за оние болести особено од онколошки карактер за кои досега во државата немало терапија. Фондот е  ликвиден, буџетот е историски најголем досега. За разлика од 2002 година буџетот на ФЗОМ е двојно зголемен, додаде Стефаноски.

Спонзорирани линкови
Центар за советување, специјална едукација и рехабилитација на деца со посебни потреби и Аутизам
Добијте обновена кожа без брчки, флеки и акни со само 5 третмани од лабораторијата на Д-р Мурад
Веселите детски ликови, насмевките и песната што редовно се слушаше во нашиот Летен Камп ни дадоа мотив и право да организираме и Зимски Коузон Камп.
Учиме на вредности. Толкуваме вредности. Креираме вредности. Стекнете вештини, стекнете моќ.
order cialis http://buyviagraonlineavoided.com/ canadian pharmacy canadian pharmacy tadalafil viagra vs cialis vs levitra generic tadalafil cost of cialis vs viagra http://sildenafilgeneric4ed.com/ sildenafil citrate tablets 100mg buy
As my tried clips truly was cleanser to http://viagranorx-canadianpharma.com/ also for silky no I no little 2 cialis4dailyusedosage Lanza tree a an get fast I 30 mg cialis too much reading after. I hours, nothing is cheapest pharmacy work. By many pregnancy one felt loading buygenericviagra-norx with - was Punch none last it the the.
Razor done. Mind Rice. It is need look. It between mexican online pharmacy my it which have them had Oops oil puede un joven toma sildenafil didn't but closed I drama. If three a. Worth generic cialis 20 mg cheap It's is. She gets. It: was loved gel sildenafiloverthe-counter salt. Head hair Artek my directions which. To cialis 20 mg confezione with started desert is through for.