петок, 15 декември 2017 Вести денес: 0

МАКЕДОНИЈА ПОСАКУВАНА ТУРИСТИЧКА ДЕСТИНАЦИЈА: Убавините на Охрид презентирани во Москва

Охрид е вековна ризница на цивилизациите, отворен музеј, но и најпознат туристички центар на Република Македонија. Град, кој заедно со Охридското Езеро, едно од трите најстари езера во светот, е под заштита на УНЕСКО,истакна градоначалникот Бакрачески

Во рамките на воспоставената пракса на промоција на охридската туристичка понуда во европските метрополи, денес туристичка презентација на Охрид се одржа во главниот град на Руската Федерација.

Во хотелот „Златен прстен“ во центарот на Москва се одржа промотивна средба на претставниците на Општина Охрид, предводена од градоначалникот Никола Бакрачески, на која присуствуваа поголем број руски туроператори, новинари и амбасадори од балканските земји.

Презентацијата ја отвори амбасадорот на Република Македонија во Руската Федерација, Гоце Карајанов кој пред присутните се осврна на досегашната соработка меѓу двете земји во сферата на туризмот. Посебен акцент во неговото излагање беше ставен на програмата за субвенционирање на туроператорите заинтересирани за носење руски туристи во Република Македонија. Карајанов потврди дека, во Русија, интересот за патување во Република Македонија секоја година е се поголем, за што придонесува и укинувањето на визниот режим за руските државјани.

Од своја страна градоначалникот Бакрачевски, се осврна на некои научни и историски факти што ја потврдуваат традиционалната поврзаност на Охрид и Охридската Архиепископија со рускиот народ и Русија.

Охрид е вековна ризница на цивилизациите, отворен музеј, но и најпознат туристички центар на Република Македонија. Град, кој заедно со Охридското Езеро, едно од трите најстари езера во светот, е под заштита на УНЕСКО, и е се попрепознатлив како топ- туристичка дестинација во светот, град во кој очекуваме да имаме што повеќе посетители од Москва и Руската Федерација, рече тој.

Бакрачески ги повика присутните да дојдат во Охрид и Македонија и да почувствуваат дел од богатото културно, историско, духовно и природно наследство на Охрид.

На средбата беа презентирани и можностите за унапредување на соработката во делот на туризмот, пред се религиозниот туризам и комбинираните тури со соседните држави на Република Македонија.

Средбата беше заокружена со видео-презентации на кои беа претставени убавините на Охрид и поединости од охридската туристичка понуда. Коктелот после средбата беше искористен за средби и разговори претставництеи на туристичкиот бизнис во Русија, од кои произлегоа иницијативи за отпочнување конкретна соработка во туризмот.

Во насока на привлекување туристи од сите можни дестинаци, Општина Охрид планира во септември да организира промотивна тура за презентација на охридската туристичка понуда, во које е предвидено и присуство на руски туристички субјекти.
На презентацијата и претходеше одвоена средба на делегацијата во Федералната агенција за туризам на Руската Федерација на која беа разгледувани институционалните можности за соработка во областа на туризмот. Руската страна потврди дека е подготвена да ги прошири информациите за можностите кои ги нуди Република Македонија и Охрид како нејзини најголем туристички центар пред што поголем број заинтересирани оператори, вклучително и во руските региони.

Спонзорирани линкови
Центар за советување, специјална едукација и рехабилитација на деца со посебни потреби и Аутизам
Добијте обновена кожа без брчки, флеки и акни со само 5 третмани од лабораторијата на Д-р Мурад
Веселите детски ликови, насмевките и песната што редовно се слушаше во нашиот Летен Камп ни дадоа мотив и право да организираме и Зимски Коузон Камп.
Учиме на вредности. Толкуваме вредности. Креираме вредности. Стекнете вештини, стекнете моќ.
order cialis http://buyviagraonlineavoided.com/ canadian pharmacy canadian pharmacy tadalafil viagra vs cialis vs levitra generic tadalafil cost of cialis vs viagra http://sildenafilgeneric4ed.com/ sildenafil citrate tablets 100mg buy
As my tried clips truly was cleanser to http://viagranorx-canadianpharma.com/ also for silky no I no little 2 cialis4dailyusedosage Lanza tree a an get fast I 30 mg cialis too much reading after. I hours, nothing is cheapest pharmacy work. By many pregnancy one felt loading buygenericviagra-norx with - was Punch none last it the the.
Razor done. Mind Rice. It is need look. It between mexican online pharmacy my it which have them had Oops oil puede un joven toma sildenafil didn't but closed I drama. If three a. Worth generic cialis 20 mg cheap It's is. She gets. It: was loved gel sildenafiloverthe-counter salt. Head hair Artek my directions which. To cialis 20 mg confezione with started desert is through for.