понеделник, 20 ноември 2017 Вести денес: 0

Филмот „Ах, љубов моја“ премиерно на Скопскиот филмски фестивал

Филмот „Ах, љубов моја“ во режија и сценарио на Коле Ангеловски премиерно ќе биде прикажан утревечер во рамки на Скопскиот филмски фестивал, со почеток во 20.30 часот во киното „Милениум“.

Проектот е поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија во 2015 година со 14,3 милиони денари, а завршен само за две години. Вкупниот буџет на филмот е околу 20 милиони денари.

Директорката на Агенцијата за филм Мими Ѓоргоска-Илиевска на денешната прес-конференција истакна дека Коле Ангеловски одбележува 55 години на филмското платно. Во 1962 година тој првпат се појави како дебитант во играното остварување „Саша“.

Ѓоргоска-Илиевска нагласи дека „Ах, љубов моја“ е љубовна комедија и додаде оти жанрот комедија е ретко присутна во македонската кинематографија. Изрази надеж дека и ова филмско остварување ќе предизвика голем интерес кај публиката и ќе покаже разноликост во македонската кинематографија.

Таа се осврна на претходните филмски остварувања на Коле Ангеловски како режисер и како добитник на значајни меѓународни награди. Потсети на неговиот првенец „Татко“ или „Колнати сме Ирина“ (1973 година) и на втората македонска комедија „Викенд на мртовци“.

Режисерот и сценарист Ангеловски потенцира дека направил сценарио или приказна за љубовта, но гледано од хумористичен аспект.

– Направивме филм кој е за публика. Публиката ќе сака да го гледа, ќе ужива и ќе биде среќна и задоволна по проекцијата. Во филмот главно играат млади актери, повеќето дебитанти и мислам дека одлично се снаоѓаат пред филмсаката камера, рече Ангеловски. Информира дека снимале на повеќе локации низ Македонија, во Скопје и во Маврово.

Филмот е снимен во продукција на Авард Филм и Видео и копродуцентите – Квазар Филм и КТ Филм и Медиа. Продуценти се Горан Стојилковиќ, Димитар Николов и Владимир Стојчевски, а сценограф Илина Ангеловска. Костимографи се Лира Грабул и Раде Василев, музиката е на Венко Серафимов.

Актерската екипја ја сочинуваат Нина Деан, Атанас Атанасовски, Александар Микиќ, Соња Стамболџиева, Роберт Ристов, Жарко Димоски, Крсте Јовановски, Марија Кондовска, Ердоан Максут, Кристина Ласовска, Валентин Костадиновски, Ева Скендеровска, Едмонд Сотир и Андон Јовановски.

Актерката Марија Кондовска потенцира дека е бескрајно среќна што работи со Коле Ангеловски.  Од 27 април филмот ќе биде на редовен репертоар во кината „Cineplexx“ и „Милениум“ и низ кината во Македонија.

Годинава се очекуваат премиери на уште пет македонски филмови: „Годината на мајмунот“ во режија на Владимир Блажевски, „Жртва“ на Марија Џиџева, „Тајната состојка“ на Ѓорче Ставревски, „Незаборавна пролет во заборавено село“ на Куштрим Бектеши и „Чекај ме/Сведок“ на Митко Панов. Пред неколку дена почна снимањето на играниот филм „Дедо и внук“ на Илија Пиперковски и продуцентската куќа „Дрим фактори“, а ќе почнаат со снимање филмовите „Здивот на ангелот“ на Јани Бојаџи, „Исчезнатиот“ на Арбен Тачи, „Ако утре го нема сонцето“ на Александар Русјаков, „Господ постои се вика Петрунија“ на Теона Митевска и „Цар Самуил“ на Антонио Митриќески.

Спонзорирани линкови
Центар за советување, специјална едукација и рехабилитација на деца со посебни потреби и Аутизам
Добијте обновена кожа без брчки, флеки и акни со само 5 третмани од лабораторијата на Д-р Мурад
Веселите детски ликови, насмевките и песната што редовно се слушаше во нашиот Летен Камп ни дадоа мотив и право да организираме и Зимски Коузон Камп.
Учиме на вредности. Толкуваме вредности. Креираме вредности. Стекнете вештини, стекнете моќ.
order cialis http://buyviagraonlineavoided.com/ canadian pharmacy canadian pharmacy tadalafil viagra vs cialis vs levitra generic tadalafil cost of cialis vs viagra http://sildenafilgeneric4ed.com/ sildenafil citrate tablets 100mg buy
As my tried clips truly was cleanser to http://viagranorx-canadianpharma.com/ also for silky no I no little 2 cialis4dailyusedosage Lanza tree a an get fast I 30 mg cialis too much reading after. I hours, nothing is cheapest pharmacy work. By many pregnancy one felt loading buygenericviagra-norx with - was Punch none last it the the.
Razor done. Mind Rice. It is need look. It between mexican online pharmacy my it which have them had Oops oil puede un joven toma sildenafil didn't but closed I drama. If three a. Worth generic cialis 20 mg cheap It's is. She gets. It: was loved gel sildenafiloverthe-counter salt. Head hair Artek my directions which. To cialis 20 mg confezione with started desert is through for.