сабота, 18 ноември 2017 Вести денес: 0

Рама и Баша не постигнаа договор за надминување на политичката криза

Лидерот на владејачките социјалисти и актуелен албански премиер Еди Рама и првиот човек на најголемата опозициска сила во Албанија, Демократската партија (ПД), Љуљзим Баша по синоќешната двочасовна средба во претседателската резиденција во Тирана, не постигнаа договор за надминување на политичката криза во земјата.

Како што јави дописникот на МИА, по средбата Рама изјави дека на Баша му го дал истиот предлог, кој, како што рече, бил идентичен со понудата од претходниот ден.

– Се наоѓаме во истата позиција како и пред еден ден. Предлогот што јас и го дадов на ПД е познатат: да се формира механизам за мониторирање на изборите, каде демократите ќе ги имаат двете очи во процесот со еден вицепремиер и тројца заменци министри во министрствата за внатрешни работи, правда и образование, изјави Рама.

Тој нагласи дека според предлогот овие кандидати треба да бидат предложени од ПД, но да не се нејзини членови.

– Исто така, заедно со тројцата претставаници на САД, ОБСЕ и ЕУ да раководат група која ќе контролира дека државата и државните пари нема да се злопотребуваат за изборна кампања, додаде Рама.

Баша, од своја страна, изјави дека не е постигнат договор, затоа што предлозите на Рама за излез од кризата се технички а не политички, што е барање на опозицијата.

– Понудените предлози не нудат политичко решение. Она што денеска го предложи (Рама) е еден технички мониторинг, а не политичко решение, како што бараме. Земјата има потреба од политичко решение. Понуденото не е политичко решение, оцени Баша.

Лидерот на демократите додаде дека предлогот на опозицијата опфаќа две клучни работи.

– Нашиот предлог е јасен и е од две работи. Прво, техника влада со мандат да го реши и елиминира криминалот со дрога и второ во рок од шест месеци да се организира електронско гласање и пребројување, посочи Баша.

Како што објави електронското издание на веснкот „Панорама“, по средбата, Рама во за него веќе препознатлив стил, излегувајќи од претседателската резиденција и минувајќи крај шаторот во кој од 18 февруари протестира опозицијата, подигнал да прста и ги поздравил присутните.

– Чувствувајќи се испровоцирани, присутните демонстранти почнаа да извикуваат „оди си арамијо“, како и дрги погрдни зборови, по што Рама со забрзани чекори влезе во објектот на Владата, наведува „Панорама“.

Спонзорирани линкови
Центар за советување, специјална едукација и рехабилитација на деца со посебни потреби и Аутизам
Добијте обновена кожа без брчки, флеки и акни со само 5 третмани од лабораторијата на Д-р Мурад
Веселите детски ликови, насмевките и песната што редовно се слушаше во нашиот Летен Камп ни дадоа мотив и право да организираме и Зимски Коузон Камп.
Учиме на вредности. Толкуваме вредности. Креираме вредности. Стекнете вештини, стекнете моќ.
order cialis http://buyviagraonlineavoided.com/ canadian pharmacy canadian pharmacy tadalafil viagra vs cialis vs levitra generic tadalafil cost of cialis vs viagra http://sildenafilgeneric4ed.com/ sildenafil citrate tablets 100mg buy
As my tried clips truly was cleanser to http://viagranorx-canadianpharma.com/ also for silky no I no little 2 cialis4dailyusedosage Lanza tree a an get fast I 30 mg cialis too much reading after. I hours, nothing is cheapest pharmacy work. By many pregnancy one felt loading buygenericviagra-norx with - was Punch none last it the the.
Razor done. Mind Rice. It is need look. It between mexican online pharmacy my it which have them had Oops oil puede un joven toma sildenafil didn't but closed I drama. If three a. Worth generic cialis 20 mg cheap It's is. She gets. It: was loved gel sildenafiloverthe-counter salt. Head hair Artek my directions which. To cialis 20 mg confezione with started desert is through for.