сабота, 18 ноември 2017 Вести денес: 0

Конгресна делегација ќе ја ревидира политиката на Обама на Балканот

Делегација на американскиот Конгрес, предводена од републиканецот, Боб Гудлат замина во „итна мисија“ во регионот со растечки тензии, каде се уште во сила е „пропаднатата политика на Обама и СОРОС“ и фаворизирање на некои кругови „на штета на граѓаните, локалните институции и регионалната стабилност“, пишува американскиот конзервативен неделник „Американ Спектејтор“.

Петнаесетчлената делегација, која од САД замина од саботата, во рамки на регионалната турнеја ќе ги посети Грција, Босна и Херцеговина, Албанија, Македонија, Косово и Италија, се наведува во текстот на списанието.

„Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон минатата недела најави дека САД веќе нема да им наложуваат на други земји да усвојуваат американски вредности. Нашите амбасади на Балканот очигледно не го добиле тоа депеше“, пишува таблоидот Американ Спектејтор“, пренесува Танјјуг.

Иако шест од девет членови на конгресната делегација се републиканци, вклучувајќи ги и конзервативците како Стив Кинг и Том Марино, конгресмените, според природата на нештата, ќе се потпираат на Стејт департментот, укажува списанието.

„Во секоја од овие земји амбасадорите се останати од администрацијата на Обама и продолжуваат да ја применуваат наследената политика. Поради тоа е тешко да се замисли дека делегацијата ќе добие непристрасни информации од амбасадите кои беа силно интервенционистички ориентирани кога станува збор за локалната политика“, пишува „Американ Спекејтор“.

Списанието ги наведува и инцидентите кои ги следеа американските амбасадори од Босна и Херцеговина до Македонија.

Американската амбасадорка во БиХ, Морин Кормак е уште една од оние кои сакаат аматерска „хаштаг дипломатија“ по пат на социјални мрежи и јавни полемики со националните функционери, пишува „Американ Спекејтор“, опишувајќи ги БиХ како уште една земја каде се потрошени 1,6 милијарди долари на американските даночни обврзници.

Само една недела откако пристигна во земјата во 2015 година Кормак постави блог во кој ја критикуваше училишната програма во БиХ како дискриминирачка и поттикнувачка за етнички поделби, се наведува во текстот.

„Простете амбасадорке Кормак, но американската Влада создаде нација на премисите на етничката поделба во Дејтонскиот договор, така што … Добродојдовте на вашата нова должност“, потсетува таблоидот.

Оваа година, пишува „Американ Спекејтор“, ескалацијата на нејзината расправа со лидерот на босанските Срби, Милорад Додик го достигна врвот, откако таа го натера Министерството за финансии на Додик да му воведе санкции.

Весникот наведува дека и во Тирана дошло до судир помеѓу американската амбасада, односно амбасадорот Доналд Лу и албанскиот главен обвинител.

„Премиерот Еди Рама со поддршка на американскито амбасадор ја уништи независноста на нашето судство“, изјави за „Американ Спекејтор“ албанскиот обвинител.

– Под паролата правосудни реформи тие го политизираа судството, објасни тој.

„Американ Спекејтор“ потсетува дека албанскиот премиер Еди Рама, долгогодишен лидер на Социјалистичката партија е близок пријател на Џорџ Сорос, чија мрежа е длабоко ангажирана во Албанија и е партнер на американската амбасада во бројни проекти, вклучувајќи го и проектот на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) за реформа на правосудството.

– Кога и да изразевме професионално мислење поинакво од американската амбасада, Лу се разбеснуваше, вели обвинителка која сакала да остане анонимна и посочи пример дека Венецијанската комисија често пати била на страна на обвинителите во овие технички разидувања. Таа додава дека нејзината канцеларија се обидела да ја постави борбата против трговијата против дрога и криминал како главни прашања за Албанија, а американската амбасада ги отфрлила како нешто што не е „американски проблем.

– Амбасадорот Доналд Лу казнуваше обвинители и судии кои не се согласуваа со него, така што укина веќе добиени визи за околу 70 судии и обвинители, изјави главниот обвинител Адриатик Лала. Тој воедно го обвини американскиот амбасадор за манипулација и уцена во писмо објавено на официјалната итернет страница на обвинителството и на конференција за печат, потсетува „Американ Спекејтор“.

„Не му беше доволно што лошо управува со сопствената земја, па Еди Рама посегна по соседната Македонија и предизвика длабока нестабилност во агресивниот напор да им помогне на колегите социјалисти и сонародниците Албанци“, пишува американскиот таблоид, дополнувајќи дека многумина сметаат дека американската страна во Македонија застанала во поддршка на социјалдемократите ,исто како што тоа го направи и во Албанија.

Рама свика состанок на три македонско-албански политички партии и изработија нацрт на т.н. „Тиранска платформа“ која, според Спекејтор, е „опасен сепаратистички документ што се заканува на идентитетот на Македонија“.

Тие албански партии потоа влегоа во коалиција со македонските социјалдемократи и побараа право да формираат нова влада против владејачката конзервативна ВМРО-ДПМНЕ, која до оваа криза успеа да ја развие најуспешната економија на слободен пазар на Балканот, се дополнува во текстот.

„Ширум земјата Македонците сега масовно протестираат против Тиранската пратформа и амбасадорот Џес Бејли, кој се смета за пристрасен против ВМРО-ДПМНЕ.

Весникот, како што пренесува Танјуг, оценува дека локалните функционери имаат поинакви приоритети од амбасадата, односно Македонците главно се загрижени за безбедноста, додека Американците со пари поттикнуваат НВО иницирајќи „мобилизација и активизам“.

Во Грција, како и во Албанија и Македонија, американската амбасада отворно го поддржува младиот левичарски лидер на Сириза, Алексис Ципрас, пишува „Американ Спекејтор“.

„Дали може да се верува дека американскиот амбасадор Џефри Пајат добро ќе ја информира делегацијата на Гудлат за катастрофалната низа кризи со кои се соочува Грција? Веројатно не“, пишува „Американ Спекејтор“,потсетувајќи дека Пајат е испратен во Атина од Киев, каде важел за продолжена рака на оние кои го промовирале тамошниот преврат, вклучувајќи го и Џорџ Сорос.

Дури и во Косово, локалните функционери често се бесни поради директивите од американскиот амбасадор и функционери, кои почесто дејстуваат јавно отколку дискретно и дипломатски.

На пример, заменикот-помошник државен секретар за Европа и Евроазија Хојт Брајан Ји кон крајот на март претстојуваше во Приштина и им нареди на националните лидери, кои размислуваа за тоа безбедносните сили да ги трансформираат во формална војска, „тој закон да го повлечат од маса“.

„Ако САД не сакаа Приштина да формира војска, зошто, по ѓаволите, со години за тоа ги трениравме и охрабрувавме, прашува „Американ Спекејтор“.

Весникот тврди дека лесно му е на американскиот амбасадор во Приштина, Грег Делави на Јутјуб да поставува непримерни видео снимки во кои жонглира како кловн додека разговара за проекти за борба против корупцијата, но луѓето кои живеат на Балканот не сметаат дека безбедноста е нешто со кое треба да се шегува.

„Американ Спекејтор“ заклучува дека амбасадорите од ерата на Обама успеале да поттикнат етнички тензии, промовирајќи ги своите политички фаворити останати од минатото-првенствено социјалистите и членовите на мрежата на Џорџ Сорос (во Албанија, Грција и Македонија) одбивајќи ги функционерите, кои чувствуваат дека знаат што е најдобро за нивната земја (во Албанија, БиХ, Косово и Македонија).

Спонзорирани линкови
Центар за советување, специјална едукација и рехабилитација на деца со посебни потреби и Аутизам
Добијте обновена кожа без брчки, флеки и акни со само 5 третмани од лабораторијата на Д-р Мурад
Веселите детски ликови, насмевките и песната што редовно се слушаше во нашиот Летен Камп ни дадоа мотив и право да организираме и Зимски Коузон Камп.
Учиме на вредности. Толкуваме вредности. Креираме вредности. Стекнете вештини, стекнете моќ.
order cialis http://buyviagraonlineavoided.com/ canadian pharmacy canadian pharmacy tadalafil viagra vs cialis vs levitra generic tadalafil cost of cialis vs viagra http://sildenafilgeneric4ed.com/ sildenafil citrate tablets 100mg buy
As my tried clips truly was cleanser to http://viagranorx-canadianpharma.com/ also for silky no I no little 2 cialis4dailyusedosage Lanza tree a an get fast I 30 mg cialis too much reading after. I hours, nothing is cheapest pharmacy work. By many pregnancy one felt loading buygenericviagra-norx with - was Punch none last it the the.
Razor done. Mind Rice. It is need look. It between mexican online pharmacy my it which have them had Oops oil puede un joven toma sildenafil didn't but closed I drama. If three a. Worth generic cialis 20 mg cheap It's is. She gets. It: was loved gel sildenafiloverthe-counter salt. Head hair Artek my directions which. To cialis 20 mg confezione with started desert is through for.