сабота, 18 ноември 2017 Вести денес: 0

Хојт Ји ја повика албанската опозиција да учествува на изборите

Американскиот заменик помошник државен секретар Хојт Брајан Ји ја повика албанската опозиција да го прекине бојкотот и да учествува на парламентарните избори закажани за следниот месец.

Ји беше во посета на Тирана, каде се сретна со албанскиот премиер Еди Рама, со новоизбраниот шеф на државата и актуелен претседател на Парламентот, Илир Мета и со лидерот на опозицијата Љуљзим Баша, повикувајќи ги да постигнат компромис пред парламентарните избори на 18 јуни.

Опозицијата го бојкотира Парламентот од февруари и одбива да учествува на изборите во јуни. Демократите тврдат дека Владата на социјалистот Еди Рама ќе врши изборни измами.

– Доколку некои партии се исклучат или бидат исклучени од изборите, тоа е на штета не само за земјата и нејзините институции, туку и за нејзиниот имиџ во странство, пред се во Европа, нагласи Ји.

– Бојкотите не функционираат, тоа не е ефиканска тактика и не може да биде стратегија, рече Ји, кој има големо искуство со балканските земји.

Тој на албанската опозиција  и ги пренесе зборовите на некогашниот американски претседател Теодор Рузвелт. – Храбри лидери се оние, кои остануваат на арената, а не оние, кои стојат настрана, како набљудувачи или критичари, порача Ји.

Посетата на Ји, која е дел од неговата турнеја низ регионот е последниот напор на меѓународната заедница, откако обидите на ЕУ и американските претставници да го поттикнат дијалогот во Албанија не успеаја.

Баша повтори вчера пред приврзаниците дека нема да има избори без опозицијата.

Ји посочи дека еврокомесарот за проширување Јоханес Хан изјави дека ако не може да биде постигната спогодба, меѓународната заедница ќе ги признае резултатите од изборите на 18 јуни, дури и доколку опозицијата одлучи да не учествува. Ји додаде дека САД имаат ист став.

На прашањето за руското влијание врз Западен Балкан тој рече дека е важно „сите да сме будни“.

– Мошне внимателно следиме што прави Русија и преземаме чекори за да се заштитиме, рече Ји.

Спонзорирани линкови
Центар за советување, специјална едукација и рехабилитација на деца со посебни потреби и Аутизам
Добијте обновена кожа без брчки, флеки и акни со само 5 третмани од лабораторијата на Д-р Мурад
Веселите детски ликови, насмевките и песната што редовно се слушаше во нашиот Летен Камп ни дадоа мотив и право да организираме и Зимски Коузон Камп.
Учиме на вредности. Толкуваме вредности. Креираме вредности. Стекнете вештини, стекнете моќ.
order cialis http://buyviagraonlineavoided.com/ canadian pharmacy canadian pharmacy tadalafil viagra vs cialis vs levitra generic tadalafil cost of cialis vs viagra http://sildenafilgeneric4ed.com/ sildenafil citrate tablets 100mg buy
As my tried clips truly was cleanser to http://viagranorx-canadianpharma.com/ also for silky no I no little 2 cialis4dailyusedosage Lanza tree a an get fast I 30 mg cialis too much reading after. I hours, nothing is cheapest pharmacy work. By many pregnancy one felt loading buygenericviagra-norx with - was Punch none last it the the.
Razor done. Mind Rice. It is need look. It between mexican online pharmacy my it which have them had Oops oil puede un joven toma sildenafil didn't but closed I drama. If three a. Worth generic cialis 20 mg cheap It's is. She gets. It: was loved gel sildenafiloverthe-counter salt. Head hair Artek my directions which. To cialis 20 mg confezione with started desert is through for.