понеделник, 20 ноември 2017 Вести денес: 0

Стејт департмент за Балканот: Русија го продлабочува влијанието

Високиот официјален претставник на американскиот Стејт департмент, Хојт Брајан Ји предупреди дека Русија ги продлабочува напорите за да изврши „малигно влијание“ на Балканот, користејќи финансиски и политички средства во обидот да го спречи поврзувањето на тој регион со Западот.

Ји, кој говореше пред Поткомитетот за надворешни работи, вчера порача дека целта на САД е да промовираат мир и стабилност во регионот и додаде дека развиле повеќе начини за да го спречат „малигното“ влијание на Русија, нагласувајќи дека ангажирањето на САД на Балканот обезбедува сигурност во ЕУ и САД, јави Радио Слободна Европа.

– Етничките тензии на Балканот уште еднаш почнаа да растат. Неодамнешното насилство во Македонија ја потенцира сериозноста на нивните политички проблеми. Со оглед на тоа дека напредокот во дијалогот меѓу Србија и Косово е во застој, стабилноста на Балканот ќе остане ранлива, а без неопходните структурни реформи, нагласи Ји, кој е заменик помошник на државниот секретар на САД за Европа и Евроазија.

Тој предупредува дека руските напори вклучуваат и охрабрување и на помалиот ентитет на Босна и Херцеговина, Република Српска, на сецесија, при што БиХ се соочува со ризик да стане пропадната држава. Тој нагласи дека во поширокиот регион е забележан пораст на национализмот, а реториката на домашните политичари создава исклучителни поделби.

– Од солзавецот во косовскиот Парламент до предизвиците за РС со властите во Уставниот суд на БиХ, политичарите националисти отворно ги тестираат демократските норми и институции, нагласи Ји.

Тој повеќе пати предупреди „на малигното влијание“ на Русија, а на прашањето кои според него се всушност целите на Кремљ во регионот, истакнува дека „тоа е многу тешко да се предвиди или да му се читаат мислите на рускиот претседател, Владимир Путин“.

– Но, можам да кажам дека врз основа на обидите изминатите месеци во регонот имаат тенденција за зголемување на влијанието, се обидоа да ги одвратат од вртење кон западните институции, ЕУ и НАТО и што е можно повеќе да создадат зависност на тие држави од Русија, тврди Ји.

Тој смета дека тука не станува збор за голема стратегија, туку пред се, за опортунистички пристап „како да се ослабнат одредени влади кои тежнеат кон западот со цел државата да стане што е можно повеќе зависна и пријателска со Русија, а тука е и комерцијалниот интерес, на пример во енергетската област, за да се зголеми зависноста во Европа и на Балканот од руските извори“.

Ји предупреди дека хуманитарниот центар на Русија во Ниш најверојатно како крајна цел го има влијанието на формирањето на јавното мислење, нагласувајќи дека во однос на тој центар и руските барања за посебен статус на таа установа е мошне важно да се биде внимателен бидејќи САД не веруваат дека „намерите тука се чисти“.

– Затоа ја советувавме Србија да поставува тешки прашања, зошто им е потребно таа установа, зошто бараат специјален статус за неа и што ќе прават таму што веќе не се прави во Белград во постоечките слични установи, рече тој.

На прашањето дали е оптимист во врска со помирувањето меѓу Белград и Приштина, Ји одговори потврдно, иако оцени дека напредокот е бавен и моментално болен, и оти не може да се каже дека ќе биде лесно да се применат спогодбите.  Како клучен елемент во овој процес тој ја нагласи посветеноста на ЕУ и САД.

Тој изјави и дека САД го поддржуваат формирањето на војската на Косово, но кога за тоа ќе се исполнат сите услови, бидејќи, како што појасни, таа стратегија вклучува со неа да се согласат сите страни во Владата, вклучувајќи го и српското малцинство.

– За Косово би било подобро, од аспект на стабилноста, да ја има поддршката на сите луѓе во земјата за тој чекор пред нешто да биде преземено. Она што го бараме е Косово да ја следи стратегијата која е договорена, рече Ји.

Тој порача дека целта е САД да промовираат мир и стабилност во регионот со фокус на борбата против корупцијата и владеењето на правото и законите, како и реформи, кои се камен темелник на американската стратегија. Ји додаде дека зголемувањето на транспарентноста и одговорноста на владите помага во одвраќање на руските напори да ја искористат корупциската пракса и да ги направат државите поранливи на нивниот притисок.

За влијанието на Русија на Балканот говореа и други панелисти во Сенатот, при што Грегори Микс, потпретседател и демократски сенатор ги критикуваше најавените буџетски кратења во Стејт департментот бидејќи, како што наведе, стравува што во тој случај ќе биде со американското место во светот и што тоа ќе значи за Балканот.

– Администрацијата не им дава на нашите дипломати средства и човечки ресурси за да дејствуваат на дипломатски план на Балканот на дневна база. Ако со тоа не се позанимаваме, вакuумот ќе се зголемува, а во тој простор ќе дојде Кремљ, кој ќе ги искористи проблемите на теренот, рече Микс.

Конгресменот Крис Смит, републиканец, се согласи со Микс дека САД не смеат да го напуштат Балканот, предупредувајќи на „опасноста од оставање простор на другите со помалку јасни цели“.

Меѓутоа, сите прашања на другите сенатори и одговорите на Ји во врска со Русија претседателот на Поткомитетот за надворешни работи на Сенатот, републиканскиот сенатор Дејн Рорабахер ги нарече „русофобија“, појаснувајќи дека Русија е голема сила и дека го има правото да се обидува да го прошири своето влијание, влијаејќи на луѓе и пoединечни делови на земји, како што тоа го прават и САД.

– Ние сме насекаде, нашата војска е насекаде во светот. И Русија го има секое право да се обидува да стане влијателна сила, особено во земјите кои се граничат со неа, рече Рорабахер, кој остро ја критикуваше и ЕУ заклучувајќи дека таа се движи „надолу“ и се распаѓа.

Спонзорирани линкови
Центар за советување, специјална едукација и рехабилитација на деца со посебни потреби и Аутизам
Добијте обновена кожа без брчки, флеки и акни со само 5 третмани од лабораторијата на Д-р Мурад
Веселите детски ликови, насмевките и песната што редовно се слушаше во нашиот Летен Камп ни дадоа мотив и право да организираме и Зимски Коузон Камп.
Учиме на вредности. Толкуваме вредности. Креираме вредности. Стекнете вештини, стекнете моќ.
order cialis http://buyviagraonlineavoided.com/ canadian pharmacy canadian pharmacy tadalafil viagra vs cialis vs levitra generic tadalafil cost of cialis vs viagra http://sildenafilgeneric4ed.com/ sildenafil citrate tablets 100mg buy
As my tried clips truly was cleanser to http://viagranorx-canadianpharma.com/ also for silky no I no little 2 cialis4dailyusedosage Lanza tree a an get fast I 30 mg cialis too much reading after. I hours, nothing is cheapest pharmacy work. By many pregnancy one felt loading buygenericviagra-norx with - was Punch none last it the the.
Razor done. Mind Rice. It is need look. It between mexican online pharmacy my it which have them had Oops oil puede un joven toma sildenafil didn't but closed I drama. If three a. Worth generic cialis 20 mg cheap It's is. She gets. It: was loved gel sildenafiloverthe-counter salt. Head hair Artek my directions which. To cialis 20 mg confezione with started desert is through for.