недела, 19 ноември 2017 Вести денес: 0

Иванов-Свинг: ИОМ високо го цени ангажманот на Македонија во мигрантската криза

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, во рамки на работната посета на Јордан и учеството на Светскиот економски форум за Блискиот Исток и Северна Африка, во Аман оствари средба со Вилијам Лејси Свинг, генерален директор на Меѓународната организација за миграција (ИОМ).

Двајцата соговорници, соопштуваат од Кабинетот на претседателот,  размениле мислења за соработката меѓу Република Македонија и ИОМ, како и за активностите на организацијата на регионално и на глобално ниво.

Претседателот Иванов изразил благодарност за досегашната соработката што Република Македонија ја остварува со ИОМ, особено за поддршката во справувањето со мигрантската криза.

Генералниот директор изрази задоволство од односот и третманот на Република Македонија кон бегалците и мигрантите, согласно сите меѓународни стандарди и ги поздрави начините на кои земјата се справува со мигрантската криза.

На средбата претседателот Иванов изразил подготвеност за вклученост на Република Македонија во идните активности на ИОМ и продолжување на соработката согласно потребите на државата. На покана на Република Македонија, генерален директор на Меѓународната организација за миграција ќе ја посети Република Македонија.

Претседателот Иванов денеска учествува на Светскиот економски форум за Блискиот Исток и Северна Африка во Аман, каде ќе оствари повеќе билатерални средби.

Продолжување и продлабочување на соработката меѓу Јапонската меѓународна агенција за соработка и Македонијa

Во рамки на учеството на Светскиот економски форум за Блискиот Исток и Северна Африка, претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов се сретна со заменик претседателот на Јапонската меѓународна агенција за соработка (JICA), Кеничи Томијоши. На средбата, како што информираат од Кабинетот на претседателот, беа разменети мислења за можностите за соработка меѓу Република Македонија и JICA во сферите од заеднички интерес.‎

Иванов односите со Јапонија ги оцени како одлични, посочувајќи дека со отворањњето на амбасадите на Македонија во Јапонија и на Јапонија во Македонија, очекува интензивирање на политичкиот дијалог и збогатување на севкупната соработка. Јапонија е еден од најголемите билатерални донатори на Република Македонија и  JICA има посебно место и улога на овој план, за што Македонија искажа благодарност.

На средбата се разгледани можностите за продолжување на поддршката за Република Македонија во областите на животната средина и кризен менаџмент со природни катастрофи, како и за можноста за отворање регионална канцеларија на  JICA во Република Македонија.

На Светскиот економски форум за Блискиот Исток и Северна Африка  учествуваат над 1000 политички лидери, претставници од бизнис секторот и цивилното општество, од повеќе од педесетина држави, меѓу кои кралот на Шпанија Фелипе VI, ирачкиот претседател Фуад Масум, египетскиот претседател Ал Сиси, високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и заменик-претседател на Европската комисија Федерика Могерини, комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на ЕУ Јоханес Хан, холандскиот министер за надворешни работи Берт Коендерс, норвешкиот министер за надворешни работи Борге Бренде, словачкиот министер за надворешни работи Мирослав Лајчак и други.

Учесниците на форумот во Аман дискутираат на повеќе теми, меѓу кои улогата на Кралството Јордан во регионот, економските перспективи на земјите од овој регион, промените во геополитиката и хуманитарните предизвици во однос на состојбите во Сирија, Ирак и Либија, како и актуелната мигрантската криза.

Иванов – Бокова: Македонија ги поддржува програмите на УНЕСКО за заштита на културно – историското наследство

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска во Аман оствари средба со генералнот директор на УНЕСКО Ирина Бокова, на која е разговарано за тековните и идните активности и проекти на Република Македонија во соработка со светската организација за образование, наука и култура.

Двајцата соговорници, соопштија од Кабинетот на претседателот, ја потврдија одличната соработка меѓу Република Македонија и УНЕСКО и изразија подготвеност за нејзино проширување во насока на натамошна реализација на проекти од областите на културата, образованието, науката, комуникациите, информациите, и во однос на програмите за млади и граѓанското општество.

Иванов истакнал дека Република Македонија придава големо значење на соработката со УНЕСКО и активно ги промовира и учествува во нејзините активности и иницијативи.

– Република Македонија ги поддржува програмите на УНЕСКО и ние сме исклучително посветени во напорите за заштита на изобилното природно и културно-историско наследство кое го имаме, посочи македонскиот претседател и изрази благодарност за поддршката која УНЕСКО континуирано и ја дава на Република Македонија преку проекти реализирани во рамките на мултилатералната и директната соработка.

На средбата се разменети мислења околу актуелните случувања во Република Македонија на политички план, информации за улогата на УНЕСКО во однос на бегалската криза,  како и за актуелностите и реформските процеси во светската организација. Во таа насока, Бокова го информирала претседателот Иванов за предизвиците со кои се соочува УНЕСКО.

Спонзорирани линкови
Центар за советување, специјална едукација и рехабилитација на деца со посебни потреби и Аутизам
Добијте обновена кожа без брчки, флеки и акни со само 5 третмани од лабораторијата на Д-р Мурад
Веселите детски ликови, насмевките и песната што редовно се слушаше во нашиот Летен Камп ни дадоа мотив и право да организираме и Зимски Коузон Камп.
Учиме на вредности. Толкуваме вредности. Креираме вредности. Стекнете вештини, стекнете моќ.
order cialis http://buyviagraonlineavoided.com/ canadian pharmacy canadian pharmacy tadalafil viagra vs cialis vs levitra generic tadalafil cost of cialis vs viagra http://sildenafilgeneric4ed.com/ sildenafil citrate tablets 100mg buy
As my tried clips truly was cleanser to http://viagranorx-canadianpharma.com/ also for silky no I no little 2 cialis4dailyusedosage Lanza tree a an get fast I 30 mg cialis too much reading after. I hours, nothing is cheapest pharmacy work. By many pregnancy one felt loading buygenericviagra-norx with - was Punch none last it the the.
Razor done. Mind Rice. It is need look. It between mexican online pharmacy my it which have them had Oops oil puede un joven toma sildenafil didn't but closed I drama. If three a. Worth generic cialis 20 mg cheap It's is. She gets. It: was loved gel sildenafiloverthe-counter salt. Head hair Artek my directions which. To cialis 20 mg confezione with started desert is through for.