сабота, 18 ноември 2017 Вести денес: 0

Милиони евра во нова инфраструктура

Милиони евра во нова инфраструктура. Политичките превирања продолжуваат, но не престануваат вложувањата во автопати, експресни, регионални и локални патни правци, во проекти кои значат подобар живот на граѓаните. Пресметките покажуваат дека оваа и идната година ќе се реализираат проекти за изградба или санација на патишта во вредност од над милијарда евра.

Годинава две нови автопатски делници

Годинава, според планираното, треба да бидат завршени две нови автопатски делници. Првата е Демир Капија – Смоквица, клучна за комплетирање на Коридорот 10 на ниво на автопат. Автопатот е во должина од 28,2 километра, а инвестицијата е вредна 217,7 милиони евра.

Се работи за капитален проект за економски развој на земјава, бидејќи Македонија ќе обезбеди целосно автопатско решение на Коридорот 10, односно од Табановце до Гевгелија, како дел од паневропскиот коридор што ги поврзува земјите од Австрија до Грција во должина од над 1.450 километри. Се бројат денови до свеченото отворање на овој автопат.

Втората делница е автопатот Скопје – Штип. Од Министерството за транспорт велат дека делницата долга 47 километри треба целосно да биде готова за шест месеци, нешто пред првично предвидениот рок. Се работи за инвестиција од 206 милиони евра. Трасата е целосно пробиена, асфалтирани се 50 проценти.

„Автопатот ќе биде готов предвреме од првично планираниот датум, мај 2018 година, а тоа се должи на интензивирање на работата на терен“ – изјави министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски.

Ако се има предвид дека патувањето од Скопје до Штип со новиот автопат ќе се сведе на само 40 минути, тогаш не треба да изненадува оптимизмот на градочалниците од овој дел на Македонија за поинтензивен економски развој.

„Изградбата на автопатот ја очекуваат сите граѓани. Тоа се првите километри автопат за Источна Македонија. Мислам дека беше храбра одлуката да се гради оваа делница и верувам дека граѓаните тоа ќе знаат да го паметат. Чекавме долги години за да добиеме беспрекорна сообраќајница која е многу значајна и од безбедносен аспект, затоа што делот Кадрифаково-Велес беше црна точка на нашите патишта. Многу брзо ќе се стигнува до Скопје, но многу е значајно што ќе се патува и евтино, а сите оние општини кои се наоѓаат на должината на овој автопат ќе добијат и економски развој“ – вели градоначалникот на Штип Илчо Захариев.

Интензивно се гради автопатот кон Охрид

Годинава се градат над 200 километри автопатска мрежа. Освен Демир Капија – Смоквица и Кичево – Охрид, интензивно се работи и на делницата кон Охрид во должина од 57 километри. Инвестицијата е вредна 374 милиони евра. Новиот автопат треба да биде готов во 2018 година.

„Капиталните инвестиции се тие кои обезбедуваат стабилност и се потенцијал кој ја движи економијата напред. Инвестициите во изградба на нови патишта не запираат “ – вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Капиталните вложувања во патната инфраструктура на краток рок значат раздвижување на градежништвото и на стопанските гранки поврзани со него, а долгорочно обезбедуваат подобра поврзаност на земјава и зголемена конкурентност на македонската економија.

„Капиталните проекти се повеќегодишни и за нив е веќе обезбедена финансиска конструкција, што влева сигурност“ – вели првиот човек на Градежната комора при Сојузот на стопански комори, Роберт Хот.

Во завршна фаза е реконструкцијата на автопатот Смоквица – Гевгелија, се работи на потегот Неготино – Демир Капија и Куманово – Миладиновце, наскоро треба да се почне да се обновува и во обратен правец, односно Миладиновце – Куманово, а ќе се работи и на потегот Велес – Градско.

Се проектираат нови автопати

Во Македонија се проектираат нови автопати. Се работи за делниците од Гостивар до Кичево и од Скопје до Блаце, а вкупно се предвидени три нови автопати.

Гостивар – Кичево е во должина од 42 километри. Проценетата вредност на проектот изнесува 350 милиони евра. Во план е делницата да биде готова до 2020 година.

Вториот автопат е од Скопје до Блаце во должина од 13 километри. Овој автопат е со проценета вредност од 70 милиони евра, а рокот е повторно 2020 година.

Третиот автопат е од Требеништа до Струга во должина од 8,5 километри. Неговата проценета вредност е 45 милиони евра и треба да се финансира со пари од ЕБОР.

Експресни патишта од витално значење

Во Македонија се градат нови експресни патишта. За еден месец почнува изградбата на две многу важни делници:  Штип – Радовиш и Ранковце – Крива Паланка.

„Не се гради само до Штип, туку и од Штип до Кочани и од Штип кон Радовиш. Од Радовиш до Струмица веќе има убав пат кој го направивме во првите години од доаѓањето во Владата, а целосно се реконструира и патот од Кочани до Делчево кој треба да заврши годинава. Така што, Источна Македонија добива сериозна инфраструктура“ – вели Груевски.

Вкупно ќе се реализираат шест експресни патишта во должина од 130 километри, инвестиција вредна 200 милиони евра.

Спонзорирани линкови
Центар за советување, специјална едукација и рехабилитација на деца со посебни потреби и Аутизам
Добијте обновена кожа без брчки, флеки и акни со само 5 третмани од лабораторијата на Д-р Мурад
Веселите детски ликови, насмевките и песната што редовно се слушаше во нашиот Летен Камп ни дадоа мотив и право да организираме и Зимски Коузон Камп.
Учиме на вредности. Толкуваме вредности. Креираме вредности. Стекнете вештини, стекнете моќ.
order cialis http://buyviagraonlineavoided.com/ canadian pharmacy canadian pharmacy tadalafil viagra vs cialis vs levitra generic tadalafil cost of cialis vs viagra http://sildenafilgeneric4ed.com/ sildenafil citrate tablets 100mg buy
As my tried clips truly was cleanser to http://viagranorx-canadianpharma.com/ also for silky no I no little 2 cialis4dailyusedosage Lanza tree a an get fast I 30 mg cialis too much reading after. I hours, nothing is cheapest pharmacy work. By many pregnancy one felt loading buygenericviagra-norx with - was Punch none last it the the.
Razor done. Mind Rice. It is need look. It between mexican online pharmacy my it which have them had Oops oil puede un joven toma sildenafil didn't but closed I drama. If three a. Worth generic cialis 20 mg cheap It's is. She gets. It: was loved gel sildenafiloverthe-counter salt. Head hair Artek my directions which. To cialis 20 mg confezione with started desert is through for.