петок, 24 ноември 2017 Вести денес: 0

Интензивно напредуваат градежните работи на Албанскиот и на Турскиот театар

Успешно реализирани првите фази од реконструкцијата на Албанскиот театар и од изградбата на Турскиот театар во Скопје.

Увид во градежните активности на двата театри денеска извршија министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Директорот на Албански театар Адем Карага информираше дека се завршени околу 50 проценти од работата на објектот кој е со површина од 4.300 метри квадратни и ќе поседува две театарски сали со капацитет од 260 и 105 седишта, опремени со високи сценски технологии и современа аудиовизуелна опрема.

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска рече дека за целосната реконструкција на театарот од буџетот на Министерството за култура се издвоени 8 милиони евра и дека се очекува работите да завршат до крајот на годината.

Груевски посочи дека реконструкцијата е темелна и чини исто како изградба на нов театар.

– Драго ми е што нашите сограѓани Албанци ќе добијат еден целосно реконструиран и модерен театар со сите потребни услови. Нешто што беше потребно таму, беше доста дотраен по 40 години употреба. Проектот го започнавме кога бев претседател на Владата заедно со министерката за култура и успешно се привршува, изјави Груевски.

Новиот објект на Турскиот театар ќе има корисна површина од 10.000 метри квадратни и две сали со 340 и 120 седишта. Изградбата на карабина на објектот е завршена и чини 4,5 милиони евра, средства обезбедени од буџетот на Министерството за култура, додека во следната фаза на градба треба да се вклучи Република Турција.

Директорот на Турскиот театар Наџи Шабан нагласи дека за три години Турскиот театар слави 70 години и очекува до тогаш да влезат со претстава во новиот театар.

Груевски истакна дека Скопје со изградбата на Турскиот театар ќе добие уште еден убав објект и место за култура, а турската заедница место каде ќе се собираат често и ќе уживаат.

– Првпат во Република Македонија се гради посебен објект за Турскиот театар. Се работи за модерен објект што ќе биде културно сврталиште за турската заедница во Македонија. Простор што турската заедница го заслужува и и е потребен и ние како влада со задоволство го започнавме, изјави Груевски.

Албанскиот и Турскиот театар привремено се преселени во Театар комедија.

Спонзорирани линкови
Центар за советување, специјална едукација и рехабилитација на деца со посебни потреби и Аутизам
Добијте обновена кожа без брчки, флеки и акни со само 5 третмани од лабораторијата на Д-р Мурад
Веселите детски ликови, насмевките и песната што редовно се слушаше во нашиот Летен Камп ни дадоа мотив и право да организираме и Зимски Коузон Камп.
Учиме на вредности. Толкуваме вредности. Креираме вредности. Стекнете вештини, стекнете моќ.
order cialis http://buyviagraonlineavoided.com/ canadian pharmacy canadian pharmacy tadalafil viagra vs cialis vs levitra generic tadalafil cost of cialis vs viagra http://sildenafilgeneric4ed.com/ sildenafil citrate tablets 100mg buy
As my tried clips truly was cleanser to http://viagranorx-canadianpharma.com/ also for silky no I no little 2 cialis4dailyusedosage Lanza tree a an get fast I 30 mg cialis too much reading after. I hours, nothing is cheapest pharmacy work. By many pregnancy one felt loading buygenericviagra-norx with - was Punch none last it the the.
Razor done. Mind Rice. It is need look. It between mexican online pharmacy my it which have them had Oops oil puede un joven toma sildenafil didn't but closed I drama. If three a. Worth generic cialis 20 mg cheap It's is. She gets. It: was loved gel sildenafiloverthe-counter salt. Head hair Artek my directions which. To cialis 20 mg confezione with started desert is through for.