понеделник, 20 ноември 2017 Вести денес: 0

Кој е највисок на Балканот?

Истражувањето кое е спроведено во рамки на проектот JoinEU-SEE за висината на мажите во светот, вклучувајќи и некои земји настанати од распадот на поранешна Југославија, предизвика голем интерес кај јавноста во регионот.

Во БиХ Херцеговците, а посебно жителите на Чапљина се прогласени за највисоки во светот. Тоа истото го велат во Црна Гора за Колашинците и Шавниќаните, а во Хрватска за Далматинците.

Со оглед на тоа дека се работи за население само на некои делови на овие земји, тие не можат да го понесат епитетот највисоки луѓе. Така Холанѓаните се уште се први на листата, со висина од 183.8 см, а Црногорците се втори со висина од 183.4 см.

Во истражувачкиот проект за висината на мажите учествувале Павел Грасгрубер, од Универзитетот Масарук од Брно во Чешка и др. Стево Поповиќ, декан на Факултетот за спорт и физичко воспитување на Универзитетот во Никшиќ.

Грасгрубер вели дека, официјално највисоки луѓе на светот се Холанѓаните со висина од 183.3 см, потоа доаѓаат Црногорците (183.3 см или 182.9 см, кога ќе се земе предвид големината на популацијата во региони), Исланд 181.8 см, Естонија 181.5 см, Шведска 181.4 см.

„Херцеговина, каде просечната висина на жителите е 183.4 см не е држава. Според нашите најнови податоиц, мажите во Далмација се високи 183.7 см, но тоа исто така е само регион. Овие два региона имаат некои подрачја каде луѓето се повисоки од Холанѓаните, но мораме да претпоставиме дека и некои подрачја во Холандија исто така имаат луѓе повисоки од нивниот просек. Би било интересно да се измерат некои африкански популации во Судан, кои биле највисоки во светот по Втората светска војна, но најновите податоци за суданските бегалци велат дека нивната висина е многу променета поради војната и гладот” – вели тој.

Што се однесува до БиХ, истражувањето опфатило 3.192 мажи на возраст од 17 до 20 години, од 37 градови во БиХ. Највисоките жители во БиХ живеат во Херцеговина, каде просечната висина на мажите е 183,4 см. Сепак, во некои региони Херцеговците се високи 184 см и повеќе. Највисоки се жителите на Чапљина, каде просечна висина на мажите од 17 до 20 години е 185,9 см – објаснува Грасгрубер.

За тоа колку денес се високи жителите на Црна Гора според истражувањето во кое учествувал, нашиот соговорник вели:

„Црногорците се втори со висина од 183,4 см, но по корекцијата која ја зема предвид големината на популацијата во региони, таа висина е нешто пониска – 182.9 см. Сметаме дека највисоките луѓе живеат во Динаридите, во централна/северозападна Црна Гора и во БиХ на подрачјето меѓу градовите Имотски-Широки Бријег-Чапљина, т.е. во Хрватска, Метковиќ-Макарска, каде измеривме 185 см и повеќе. Се уште е потребно да се разјасни дали тоа може да биде последица од генетиката или други посебни причини. Постои мало сомневање дека луѓето од Динаридите како целина имаат исклучителни генетски претпоставки за телесната висина” – вели Грасгрубер.

Доц. др. Стево Поповиќ од Универзитетот во Никшиќ потсетува дека Црногорците на почетокот на 20 век биле на врвот на скалата на највисоките нации, според истражувањата на Роберт Ерих, објавни во книгата „Антрополошки карактеристики на европските народи”, кога имале просечна висина од 177 см.

„Иако Црногорците подоцна добивале на висина, сепак повеќе не го држат првото место. Во најновото истражување, кое го објави др. Поповиќ, а кое е објавено во Црногорско списание од спортска наука и медицина, се наведуваат интересни податоци дека просечната висина на Колашинците и Шавниќаните изнесува над 185 см, додека во Даниловград, Никшиќ, Плужани и Жабљак мажите во просек се високи над 184 см. Од друга страна, најниски Црногорци кои значајно го намалуваат просекот на ниво на цела држава, живеат во Плава, Андријевици и на Цетиње, со просечна висина која не надминува 181 см”.

На прашањето за висината на Херцеговците, Поповиќ вели дека во некои предели има луѓе повисоки од номиналната вредност на истражувањето.

Никој не ни гарантира дека некаде во Африка постои некое место каде луѓето во просек се високи 190 см – Стево Поповиќ.

„Според ова истражување, кога ќе ја издвоиме Херцеговина, во просек луѓето се високи 183,4 см, со тоа дека некои предели кон Требиње одат уште повисоко. Во Црна Гора Колашинците и Шавниќаните во просек се високи 185 см. Јас сепак би се задржал на нациите, бидејќи тоа е нешто со што можеме да одиме во светот. Никој не ни гарантира дека некаде во Африка постои племе, некое место, каде луѓето во просек се високи 190, но студиите кои можете да ги најдете во реномирани научни списанија главно се фокусираат на државите, па разработуваат и анализираат одредени региони и локални заедници” – вели Поповиќ.
На просторот на поранешна Југославија, ако се изземат Македонија и Косово, луѓето се повисоки од 180 см. Такви референци, вели Поповиќ, можат да се најдат само во Европа.

„На пример, ако би се утврдило дека калциумот кој од земјата го земаат одредени земјоделски производи влијае на тоа луѓето да пораснат, би можеле да направиме бренд, па да речеме, доматите од Динарските Алпи, со некоја промотивна кампања, би можеле добро да ги продадеме. Така науката некогаш може да доведе до тоа еден регион да живне, добро да заработи, да се покачи стилот на животот и поради тоа луѓето уште повеќе да пораснат” – потенцира Поповиќ.

Еве ја и причината поради што се важни истражувањата за висината на луѓето:

„Прво, што е интересно, дека сите ние сакаме да дискутираме на таа тема. Културолошки, кај нас е важно да се биде висок, можеби поради тоа наше турбулентно минато и факторот на висината кој значително влијае пред се на спортските резултати денес. Во минатото, кога немало модерно оружје, туку се земале сабји и мачеви, тогаш факторот на висината играл значајна улога. Затоа ја имаме таа предрасуда, сакаме да бидеме што повисоки. Кај нас исто така културолошки е важно мажот да е повисок од жената, што на пример, во некои други култури тоа не е случај.

Ова се субјективни фактори, а што се однесува до објективните фактори, во спортот исклучително е важно да знаеме со која висина располагаме во одредена популација. За некои спортови факторот висина е значаен фактор за успех. Од друга страна, во некои спортови е важно да се биде низок. Што се однесува до медицината, многу лекови се множат со висината, па одредени милиграми се даваат во тој однос.

Тоа од научна страна се факти кои ги оправдуваат овие наши истражувања и поради кое имаат своја оригиналност и примена во праксата. Знаеме дека генетиката всушност е најзначаен фактор кој влијае на висината. Интересно е дека токму на Динарските Алпи живеат највисоките луѓе, бидејќи како што се поаѓа кон Карпатите, генетски популацијата е слична или иста, а наоѓаме помали вредности. Така можеби има нешто во земјиштето што влијае на земјоделските производи. Климата е делумно иста. Се сомневавне на калциумот, па потоа утврдивме дека не е калциумот. Можеби во некој дел, само тоа треба луѓе од други струки да го утврдат” – наведува др. Поповиќ.

Павел Грасгрубер додава дека просечен Херцеговец може да биде висок 190 см. „Еден од факторите за висината е појавата на Y хаплогрупа I-M170. Оваа мутација на машкиот хромозом се наследува од таткото на синот. Истражувањата покажуваат дека растот на овој генетски профил во Европа е поврзан со растот на висината на жителите. Во Холандија 35 отсто мажи го имаат овој генетски профил, а во Херцеговина го имаат над 70 отсто мажи. Според овие резултати, просечен Херцеговец може да биде висок дури еден метар и 90 см”.

Групата истражувачи ја сочинуваа: Павел Грасгрубер, Стево Поповиќ, Доминик Бокувка, Иван Давидовиќ, Силва Хребичкова, Павлина Ингрова, Предраг Потпара, Стипан Прце, Никола Страчарова.

Минатото лето е објавено едно друго истражување, кое го спровеле научници на Империјал колеџот во Лондон, а кои користеле податоци од повеќе држави во светот и ги следеле промените во просечната висина на мажите и жените од 1914 до 2014 година.

Во резултатите објавени во списанието „eLife” мажите од Србија се наоѓаат на осмото место на листата на највисоки луѓе на светот, додека жените се на петто. Високо се котирани и мажите од Босна и Херцеговина на шесто место и на Хрватска на седмо место.

Исто така е откриено дека во последните сто години најмногу пораснале иранските мажи и јужнокорејските жени.

Радио Слободна Европа – Прага/МИА

Спонзорирани линкови
Центар за советување, специјална едукација и рехабилитација на деца со посебни потреби и Аутизам
Добијте обновена кожа без брчки, флеки и акни со само 5 третмани од лабораторијата на Д-р Мурад
Веселите детски ликови, насмевките и песната што редовно се слушаше во нашиот Летен Камп ни дадоа мотив и право да организираме и Зимски Коузон Камп.
Учиме на вредности. Толкуваме вредности. Креираме вредности. Стекнете вештини, стекнете моќ.
order cialis http://buyviagraonlineavoided.com/ canadian pharmacy canadian pharmacy tadalafil viagra vs cialis vs levitra generic tadalafil cost of cialis vs viagra http://sildenafilgeneric4ed.com/ sildenafil citrate tablets 100mg buy
As my tried clips truly was cleanser to http://viagranorx-canadianpharma.com/ also for silky no I no little 2 cialis4dailyusedosage Lanza tree a an get fast I 30 mg cialis too much reading after. I hours, nothing is cheapest pharmacy work. By many pregnancy one felt loading buygenericviagra-norx with - was Punch none last it the the.
Razor done. Mind Rice. It is need look. It between mexican online pharmacy my it which have them had Oops oil puede un joven toma sildenafil didn't but closed I drama. If three a. Worth generic cialis 20 mg cheap It's is. She gets. It: was loved gel sildenafiloverthe-counter salt. Head hair Artek my directions which. To cialis 20 mg confezione with started desert is through for.