вторник, 21 ноември 2017 Вести денес: 0

Во светот на бизнисот: И по 8 години не спласнува интересот за Биткоинот

Загреб – Принудниот управник на Агрокор Анте Рамљак изјави дека на претставниците на Сбербанка е понудено да учествуваат во кредитирањето на компанијата. Рамљак по состанокот со вториот човек на руската Сбербанка Максим Полетаев рече дека сега очекува одговор од руската банка на барањето на Агрокор за кредитирање. „Овие денови ќе го видиме нивниот конечен став, секој нивен одговор ќе го почитуваме, но за конкретни износи не сме разговарале” – додаде владниот претставник за Агрокор.

Загреб – Виадуктот во првиот квартал оствари загуба од 50,8 милиони куни, околу 10 милиони помалку во однос на истиот лански период. Приходите паднаа дури 50,8 отсто, на 57,2 милиони куни, додека приходите од основната дејност се намалени 54,4 отсто, на 50,3 милиони куни. Останатите приходи бележат намалување од 20 о тсто додека финансиските приходи бележат скок од 67,8 отсто, на 4,1 милион куни. Вкупните расходи се намалени за 39,4 отсто, на 107,8 милиони куни. Материјалните трошоци се намалени за 48,1 отсто, додека трошоците за вработените се намалени 22,9 отсто.

Мадрид – Шпанија веројатно ќе биде меѓу стопанствата на еврозоната со најсилен раст, иако се очекува нејзиниот раст да успори во второто тромесечје, оцени економистот во консултантската фирма Capital Economics Stephen Brown. Во првото тромесечје во 2017 година шпанското стопанство пораснало за 0,8 отсто во однос на претходното тромесечје, покажа неодамна објавениот детален извештај од шпанскиот статистички завод INE. На годишно ниво шпанскиот БДП според тој извештај пораснал за 3 отсто.

Лондон – Британската фунта забележа најголем раст во однос на главната валута во понеделникот, зајакнувајќи по истражувањата спроведени за викендот. Станува збор за истражувања според кои премиерката Тереза Меј ќе победи на изборите идниот викенд, дури и ако е под знак прашање со колкав процент ќе однесе победа.

Лондон – Лондонската фирма за недвижнини „Енстар Капитал” за вработените воведе „час на среќа” во текот на работното време. Вработените со притискање на копче можат да порачаат виски и храна од ресторанот кој се наоѓа во истата зграда. Управата на Енстар Капитал се надева дека така ќе привлече други фирми да се населат во нејзините згради.

Њујорк – Легендарниот инвеститор Ворен Бафет купи 3 отсто удел во германската хемиска компанија Ланксес. Вредноста на уделот на Бафет е нешто над 180 милиони евра. Лансес порано беше дел од Бајер, а компанијата објави одлични резултати за првиот квартал кои се резултат од силната продажба на инжинерска пластика и синтетички гуми.

Лондон – Многумина предвидуваа дека светот по осум години еуфорија наскоро ќе изгуби интерес за криптовалутата, посебно за биткоинот, но тоа очигледно не се случува. Имено, според најновата информација, една од најголемите американски инвеститорски фирми Fidelity Investments многу сериозно ја сфаќа Биткоин технологијата која настана како средство за плаќање на т.н. „darkweb” за купување на пиратски содржини, дрога, оружје и друга илегална стока.

Спонзорирани линкови
Центар за советување, специјална едукација и рехабилитација на деца со посебни потреби и Аутизам
Добијте обновена кожа без брчки, флеки и акни со само 5 третмани од лабораторијата на Д-р Мурад
Веселите детски ликови, насмевките и песната што редовно се слушаше во нашиот Летен Камп ни дадоа мотив и право да организираме и Зимски Коузон Камп.
Учиме на вредности. Толкуваме вредности. Креираме вредности. Стекнете вештини, стекнете моќ.
order cialis http://buyviagraonlineavoided.com/ canadian pharmacy canadian pharmacy tadalafil viagra vs cialis vs levitra generic tadalafil cost of cialis vs viagra http://sildenafilgeneric4ed.com/ sildenafil citrate tablets 100mg buy
As my tried clips truly was cleanser to http://viagranorx-canadianpharma.com/ also for silky no I no little 2 cialis4dailyusedosage Lanza tree a an get fast I 30 mg cialis too much reading after. I hours, nothing is cheapest pharmacy work. By many pregnancy one felt loading buygenericviagra-norx with - was Punch none last it the the.
Razor done. Mind Rice. It is need look. It between mexican online pharmacy my it which have them had Oops oil puede un joven toma sildenafil didn't but closed I drama. If three a. Worth generic cialis 20 mg cheap It's is. She gets. It: was loved gel sildenafiloverthe-counter salt. Head hair Artek my directions which. To cialis 20 mg confezione with started desert is through for.