петок, 24 ноември 2017 Вести денес: 0

Како Саудиска Арабија го изигра Доналд Трамп

Самоубиствениот бомбашки напад во Манчестер од минатата недела беше уште едно ужасно потсетување дека заканата од радикалниот исламски тероризам останува.

Во исто врене, обиколката на претседателот Трамп на Блискиот Исток повторно илустрира како земјата која е главен расадник на тој тероризам – Саудиска Арабија, на секој начин се обидува да избегне секаква одговорност за тоа. Фактички Доналд Трамп и даде на Саудиска Арабија бесплатен билет и слобода за дејствување во регионот.

Тие факти се се поверодостојни. Веќе пет децении, Саудиска Арабија ја шири својата теснограда, пуританска и нетолерантна верзија на Исламот, која во пракса не се спроведува никаде на друго место во муслиманскиот свет. Осама бин Ладен беше Саудиец, како што беа и 15 од 19-мината терористи од 11 септември.

Исто знаеме (од објавената електронска пошта на државниот секретар Хилари Клинтон) дека во последните години саудиската Влада и Катар давале „тајна финансиска и логистичка поддршка за Исламската држава, и за други радикални сунитски групации во регионот“.

Саудијците се втори по бројност меѓу странските борци во Исламската држава (ИД) и според некои претпоставки се најбројни во терористичките операции на организацијата во Ирак. Кралството е во молчалив сојуз со Ал Каеда во Јемен.

ИД ги црпи своите верувања од вахабитската верзија на Исламот, кој е доминантен цо Саудиска Арабија. Поранешниот имам на Големата џамија во Кралството минатата година рече дека „ИД ги користи нашите сопствени принципи кои можат да бидат најдени во нашите книги… Ние ги следиме истите верувања, но ги применуваме на попрефинет начин“.

Додека ИД не биде во состојба да напише свои учебници за своите училишта, таа го прифатила саудискиот дневен ред за свој.

Сега саудиските пари го трансформираат европскиот Ислам. Протечени информации на германското разузнавање покажуваат дека тие подароци кои се „тесно поврзани со владини служби“ на Сауидиска Арабија, Катар и Кувахт, финансираат џамии, училишта и имами за да ја шират низ Германија фундаменталистичката и нетолерантна верзија на исламот.

Карлота Гал од весникот „Њујорк Тајмс“ опишува процеси на Косово заради кои 500-годишната традиција на умерениот Ислам е разрушена. – Имами обучувани во Саудиска Арабија ги пропагандираат од своите бази догмите на вехабизмот: владеењето на шеријатот, но исто и идеите за насилниот џихад и такфиризмот, кој повикува да бидат убивани како еретици муслиманите кои не ја следат таа интерпретација на исламот… Хуманитарната поддршка често е проследена со услови: на семејства им се раздаваат стипендии под услов да одат на проповедите во џамиите, а жените и девојчињата се забулени, пиѓува Гал.

Владата на Саудиска Арабија започна да успорува голем дел од своите најскандалозни практики. Сега таа, де факто, се раководи од вториот престолонаследник, принцот Мохамед бин Салман, кој изгледа изненадувачки прагматичен и личи на визионерскиот лидер на Дубаи, шеикот Мохамед бин Рашид Ал Мактум. Но, засега реформите во Саудиска Арабија се изразуваат првенствено во подобрување на економската политика на Кралството, а не во намачување на моќта на религиозната врхушка.

Говорот на Трамп за Исламот беше нијансиран и содржеше сочувство кон муслиманските жртви на џихадистичкиот тероризам (кои според едно истражување изнесува 95 проценти од вкупниот број на жртвите). Тој така ја фокусираше суштината на проблемот кога рече: „Ниту една дискусија за искоренување на таа закана не би била завршена ако не ја споменеме Владата која им овозможува засолниште на терористите, финансиска помош и социјален статус, неопходни за врбување“.

Но, Трамп всушност не зборуваше за својот домаќин Саудиска Арабија, туку за Иран. Сега е јасно дека Иран е таа дестабилизирачка сила на Блискиот Исток и поддржува некои многу лоши играчи. Апсолутно неточно е тој да биде определен како извор на џихадистичкиот терор.

Според податоци на „Глобалната база податоци за тероризмот“ на Леиф Венар од Кингс колеџот во Лондон, над 94 проценти од смртните случаи како резултат на исламскиот тероризам од 2001 до денес, биле извршени од ИД, Ал Каеда и други сунисткли џихадисти.

Иран се бори против тие групации, а не ги поддржува. Речиси секој терористички напад на Западот има некаква врска со Саудиска Арабија. Фактички, ниту еден не бил поврзан со Иран.

Трамп ја прифаќа саудиската позиција за тероризмот кој негора секаква вина од Кралството и ја насочува кон Иран. Саудијците ги прифатија неискусните говоранции на Трамп со голема почит, со зделки за купување оружја, и големи финансиски средства за Светската банка, иницирани од Иванка Трамп.

Во 2016 година, кандидатот за претседател Трамп на фејсбук напиша: „Саудиска Арабија и многу од земјите кои дале големи суми пари на Фондацијата Клинтон, ги држат жените како робинки и ги убиваат хомосексуалците. Хилари треба да ги врати сите пари од тие земји!“

Накратко кажано, Саудијците го изиграа Трамп.

Сега САД се приклучија кон надворешната политика на Саудиска Арабија – незапирливите битки против шиитите и нивните сојузници по целиот Блиски исток. Тоа ќе го вовлече Вашингтон во бескрајкните религиозни борби, ќе ја засили регионалната нестабилност, и ќе ги усложни врските со држави како Ирак, кои имаат добри односи со двете страни.

Но, најважното е дека нема да стори ништо за справување со директната и тековна закана за Американците – џихадистичкиот тероризам. Јас си мислев дека надворешната политика на Трамп има за цел да ја стави на прво место Америка, а не Саудиска Арабија.

Вашингтон Пост – Вашингтон/МИА

Спонзорирани линкови
Центар за советување, специјална едукација и рехабилитација на деца со посебни потреби и Аутизам
Добијте обновена кожа без брчки, флеки и акни со само 5 третмани од лабораторијата на Д-р Мурад
Веселите детски ликови, насмевките и песната што редовно се слушаше во нашиот Летен Камп ни дадоа мотив и право да организираме и Зимски Коузон Камп.
Учиме на вредности. Толкуваме вредности. Креираме вредности. Стекнете вештини, стекнете моќ.
order cialis http://buyviagraonlineavoided.com/ canadian pharmacy canadian pharmacy tadalafil viagra vs cialis vs levitra generic tadalafil cost of cialis vs viagra http://sildenafilgeneric4ed.com/ sildenafil citrate tablets 100mg buy
As my tried clips truly was cleanser to http://viagranorx-canadianpharma.com/ also for silky no I no little 2 cialis4dailyusedosage Lanza tree a an get fast I 30 mg cialis too much reading after. I hours, nothing is cheapest pharmacy work. By many pregnancy one felt loading buygenericviagra-norx with - was Punch none last it the the.
Razor done. Mind Rice. It is need look. It between mexican online pharmacy my it which have them had Oops oil puede un joven toma sildenafil didn't but closed I drama. If three a. Worth generic cialis 20 mg cheap It's is. She gets. It: was loved gel sildenafiloverthe-counter salt. Head hair Artek my directions which. To cialis 20 mg confezione with started desert is through for.